Тука сум во Калитеа.. Морето е супер, денес стигнавме, смештајот е така-така, ама морето е прекраснотии..
Ај некој ако бил во Амос Апартментс нека пише како вилата, дали е мн далеку од плажа и сл. и колку се плаќа за лежалки на убавата плажа??/
Знаете колку отприлика се движат цените на сместувањето во 3-4 ред и во оние уличките кои се наоѓаат напоредно од главната сега на почеток на август и сместување дали ќе можеме да најдеме? Ако се наоѓа сместување многу тешко приватно ич и да не си ја пробуваме среќата таму. И лидл на која страна од градот се наоѓа?
Ај некој што бил во Калитеа летово да пише како е и дали лесно се наоѓа сместување и како се движат цените?
Цените се различни , зависи во сезона, во една иста вила различен период можеш да најдеш соба и за 25-30 а и за 50. Сега овој период, после 20-ти цените паѓааат , па можеш да најдеш сместување за двајца и за 25-30 евра. Се разбира не во први ред на плажа , тука над главната улица. http://www.feelgreece.com/en/dimitra-studios Веројатно е оваа вила, но повеќе не можам да ти помогнам.
Ladies, била некоја во септември во Калитеа, конкретно првата половина на месецот? Дали има исто толку гужва како во сезона, и дали е бучно? Ние размислуваме за ова место како една од можните дестинации за краток одмор, па би била благодарна ако споделите инфо. Благодарам однапред!
Јас се вратив пред 2 дена од Калитеа , мини одмор беше, 3 дена само бевме и тоа баш во гужвата, ептен шпицот, ама само тогаш имавме можност да идеме негде на одмор, други денови не можеме и така баравме смештај едно 3 часа, многу имаше народ, преполно беше, никаде немаше слободна соба и на крај не можев веќе на жештината да издржам и одлучивме за Blue bay hotel со 4 звезди и цената беше ама ок, супер си поминавме, се одморивме ептен, хотелот е екстра, за парите хехе богами е супер, прошетавме, има многу бутици, преубави работи има, скапички се бааѓи, е сега и цените за јадење се поскапи во споредба со Паралија на пример, ама тоа е Халкидики
Јас сум во калитеа ... скапо е , а сето тоа шо е под 10 евра не чини( мислам на гардероба) . Кафичи , сендвичари бутици се огин и пламен не се влегува ..
Дали знае некој вон сезона за колку може да се најде еден апартман во Калитеа на пр крај септември почеток на октомври месец и дали некој бил тоа време да ми каже какво е таму времето, дали е погодно за летовање?
Фала многу но заборавив да напоменам дека ќе одиме на сопствен режим па муабетот ми беше дали ќе се најде воопшто апартман за 15 евра бидејќи е октомври месец.