Јас бев во Калитеа од 09-19 септември и преубаво си поминав. Аранжманот чинеше 90 евра, пат и смештај за 10 ноќевања. Прв пат бев во Грција, и ептен ми седопадна, и морето, и местото, се. Бев на еден ден и до Пефкохори, и до Афитос. Меѓутоа, овојк период најмногу народ имаше токму во КАлитеа, и тоа не беа само пензионери. Најмногу Срби, Руси и по некој Македонец се слушаше на плажа. Мене не ми беше воопшто скапо, гирото чинеше 2ипол евра, лежалките 3ипол евра со кафе, голема пица од која прејадов 10 евра. Сувенирите исто така беа со нормални цени, по евро-две. Зборувам за тие ситниците како магнети, чаши за ракија и сл. Морето беше топло, а и времето ептен ни се погоди, секој ден одевме на плажа. Беше околу 30тиот степен. Во водата немаше медузи. Се на се, презадоволна се вратив, и го препорачувам местово на сите за догодина здравје.
Луге мала помош. Одмор во Ксамил (албанија) или Калитеа. За двете места читам преубави работу па тешко ни е да се одлучиме. Има некој искуство од двете? Што предлагате?
И јас летово Калитеа. Готово уплатено е. 100е за 10 ноќи со превоз. Мислам дека и да одев приватно, немаше толку ефтино да ме фати. Како и да е, читав доста убави работи. Мирно море, улици низ кои нема да ти здосади да шеташ, солидни цени... па доста ми е. Ме интересира, дали има од оние градските бус-чиња за да прошетам низ околните места, и ако има- колку чини одприлика? Пример во Несебар имаше бус за до Сончев Брег, на таков превоз мислам.
Има комбиња ќе се распрашате низ градчето. Обавезно посетете го Афитос преубаво местенце со преубава плажа, водата таму е баш тиркизна, а преку ден може да отидете и до Сани Бич секогаш има журчиња на плажата.
Да, од Калитеа нешто помалку од пола саат со кола, не ме фаќај за збор се ми е испомешано затоа што лани секој ден на различно место одевме низ цел крак, ама од прилика толку е далеку.
Автобусите се многу ефтини по 2-3 евра. До Афитос мислам 1.5 беше. Обавезно да го посетите, најубаво место на целиот крак е. Има прекрасна песочна плажа, тиркизна и чиста вода, има многу добри кафичи на плажата. Се сеќавам лани кога бевме таму, плативме по 5 евра од човек за лежалка, нес кафе, кроасан, мал сладолед и наполитанка. Се прошетавме и по калдрмата, преубаво е. Мене и Калитеа ми се допадна, таму престојувавме. Исто плативме и ние 90 евра за 10 дена во септември.
Sakame i nie da ideme kalitea vo septemvri 7,8 kako e toj period,nie sme so malo dete,pa me interesira dali moze da we najde smestuvanje tamu i kolku e za toj period zasto site agencii imaat po 7 dena a nie sakame bar 10,
Vidov ama daleku e mislam ako vidiv ubavo vilata :-/ i sakame tamu da najdeme ama ne znam dali ke najdeme so normalni ceni
Со која агенција и кој период? И јас размислувам за Калитеа, мислев да му предложам на дечко ми за таму. Вака што читам евтино е, добро е за двајца местово? Ние ниту сме ептен по одмор, ниту по журки, некаде на средина сме
Атлантик турс, ама прашај си што поскоро зошто послените места се пополнуваа, зошто понудата е ставена уште во јануари и скоро се е резервирано Инаку добро е, има 2-3 дискотеки колку што слушав, за оние што сакаат журки, се останато е нормално.. Нема да се покаете како и да е, нема кој не му се допаднала Калитеа
SAFARI е пофтина за KLITEA аранжман проверете,мене ми треба совет од некој што бил досега во Kлитеа и Tасос за мирен одмор од типот соба,плажа,ручек/вечера мирна ноќна прошетка,убава чиста песочна плажа и вода каде е пососдветно?
Јас резервирав преку Групер, преку Балкан нет агенцијата, 7н со превоз 69 еур, вила Клеоатра. Дали некој има паувано преку оваа агенција, дали некој бил во вилат Клеопатра? Дали има лидл во Калитеа?
Лидл мислам дека има на пола саат од Калитеа (пешки), пред Афитос Ништо страшно, навечер кога ќе си шеташ ќе си купиш од таму.
Преубаво е во Калитеа.Водата чиста,дури и проѕирна, па може да се види и песокот. Една лежалка,шешир,книга,сок... Убавини
Мене ме интересира за ноќниот живот како е, плажите знам дека се супер. Се двоумиме дали овде дали Лефкада, ај некој шо бил нека кажи шо како
Девојки ајде помагајте Ме интересира Калитеа. Сакаме да одиме во август, па сега ме интересира дали навистина е толку напорен патот од центарот до плажите? Дали треба многу одење? Дали е многу високо или постепено се спушташ? Местото премногу ни се допадна, најдовме супер понуда за во шпиц сезона, сега ни останува да одлучиме. Ако е многу високо и ако е далеку од центарот, ништо И ако некоја девојка знае, нека пише нешто повеќе како е со цените таму..