Дали во калитеа може таму да се најде смештај во средината на јули, без да се резервира преку агенција??
Да, секако дека може, до сега секое лето сум одела така на одмор, и не само Калитеа, туку насекаде на Халкидики. И повеќе ти се исплаќа, агенциите зимаат бајаги провизија. П.С. ценкајте се!
летово ќе одам на првиот крак и тоа во сезона, ме интересира дали и тогаш е чиста водата во калитеа ханиоти како и сега и ме интересира нешто повеќе за сани бич холидеј рисортот?
Нема дилема тука. Калитеа е број еден место на првиот крак, никоја плажа не е на ниво на таа во Калитеа.
Дали некој бил во вила THEANO Во Калитеа, искуство нешто...? Уплатив таму кој знае дали ке се заебам или убо ке си минам ( општо во калитеа и вилата)
Јас бев пред една недела во Калитеа и не ме воодушеви искрено.Бајаги има одење до плажа, од многу стрмно се спушташ надолу, има и преку еден хотел по скали ама тое е потешка варијанта зашто се околу,100 скали.Местото е многу мало, врие од наши и Срби е све беа млади парови со мали деца.На плажа врискање и пискање од деца и од бесни родители колку сакаш. Имаше 3-4 ресторанчиња покрај плажа изгор скапи. За млади мислам дека не е баш. не видов ни диско ни некој ноќен клуб, имаше 3-4 кафиќи кои имаа народ до кај 12.00 после 12 штама.Зависи каков одмор очекуваш, убава е Калитеа не дека не е , ама не е до толку како што ја фалат и форсираат агенциите, посебно оваа година, сите агенции ја нудат како една од најдобри.Пак ти си знаеш.Поздрав
Јас се вратив денес, бев 7 ноќи и не ми се исполнија очекувањата. Убаво е местото, морето, но за брачен пар со деца или со дечко. Малце е мачно за до плажа ама сепак не е далеку и не е толку голема угорницата или скалите како што пишувале од тие 7 дена јас 5 бев во диско и ако сте отишле таму да најдете некој дечко не очекувајте дека ќе ви се ставаат, не се такви или ако се ви се стави некој секако е некој психо. Скоро сите беа грци во дискотеката чат пат некој македонец. Влез ви е 10е со пијачка, освен во Aqua не се плаќа влез али пијачка 10е исто ви се фаќа. Прл е најдобрата дискотека али работи само петок и сабота и на врата ако сте баксузи може да ви кажат дека е фул и да си останете со прст у уста инаку врв е дискотеката. Не се далеку 15 мин пешки а со такси мислам 4-5е иако коа ке тргнеш ќе си кажеш кај идам мртва темница е али после ќе ги забележите дискотеките блиску се една до друга скоро сите тоа во глобала од мене
пилешкото гиро беше 3е и мн беше убаво во Банк, 2 лежалки 5е без пијачка, Нескафе фрапе ти беше 3е да си порачаш. Во маркетите цените .. се знае дека е поскапо од кај нас, алкохол обавезно од тука носете си пошо таму е скапичко најефтината водка мислам 14е беше, цигари обавезно исто од тука најефтините 3,40. Лебот ко што кажа Dream-Giрl 2е, соковите околу 2е, вода зимајте цел пакет пошо 1 флаша ви е поскапа отколку цел пакет, а пакетот ви е од 1,20 - 1,50
Ke moze da mi kazete kolku otprilika kako se dvizat cenite za iznajmuvanjena dvokrevetna soba za termin kon krajot na juli i kolkuse plaka vlez za vo diskotekata Pearl i kako se cenite na pijackite po klubovite...
Сум била 4 пати во Калитеа и сум била сместена на сама плажа. Плажата е преубава, морето тиркизно и чисто, навечер шетавме низ гратчето и слободно можам да кажам дека си поминуваав прекрасно.