Па можно е, на на некои плажи плаќаш посебно лежалка посебно кафе ако си порачаш, вода....ама ретко, на повеќето плажи во цената е и лежалка и кафе..
Значи стварно им се најскапи лежалките на плажа. А дали во секој кафич се исти цените, и низ цела плажа исто е така? Ако има некаде поефтино, каде лежалка и кафе одат во пакет молам нека сподели
Ние земаве лежалка на Корали, таму беше 5 евра цел ден, на друго место не сме биле. Таму нес кафе беше 3,5 евра, фанта, кока-кола по 2,5 евра. Низ кафичите во град речиси секаде овие беа по 3 евра, кафињата од 3,5-5евра, коктели по 8, милкшејк 6 евра, леден чај 3 евра, сок од портокал, праска по 3,5. Во дискотека другарката го плати пивото 7 евра,а фантата беше 5 евра. Така некако, ама скапичко
Може да ми кажете колку чини сместувањето во Калтеа во двокреветен апартман/студио? Сакаме да одиме сами со дечко ми па ако може да ми кажете како се движат цените. Фала, поздрав
Леле ке банкнотираме, само за лежалки не спечалуваме летото хаха... многу е тоа, секаден се по 2.50 со кафе.Сите плажи ке ги прошетам се додека не најдам за 2.50,мора да има и некоа таква хаха
Крајот на август планираме со дечкоми да одиме калитеа или лефкада... Но по се изгледа ќе одиме калитеа и ме интересира колку време е патувањето од скопје до калитеа?
Дали во Калитеа има барови на плажа што пуштаат добра музика и организираат дневни забави со ДЈ, како на пример во барот во Сани бич? Дали има превоз со автобус или комбе до Сани бич? Навечер забава има само во дикотеките или има и некои други места каде може да се испие пијачка?
Дечки помагајте! Која агенција има превоз до Калитеа а да не е на 7 дена? Ми треба барем два пати неделно да имаат термин. Секаде каде што прашав по скопскиве агенции имаат само во сабота или во недела. Може и од друг град е само да земаат патници од Скопје. Ве молам пишете, итно ми е. Фала, поздрав
Јас се изнаслушав пофалби за Калитеа а мене не ми се свиѓа воопшто и незнам дали би одела уште еднаш ! Луѓе можеш да видиш повеќе само петок и сабота ,тогаш работат и диската, има 2 кафичи во град што се така полни само за викенд и со убава музика, ама нема некои журки посебни туку си седиш како за на кафе, во недела кај 12 навечер е скоро се затворено и има слабо народ. Плажите не се нешто посебно, јас кај што одев на Blue sea beach bar имаше преку ден музика, а забави посебно не, за другите плажи незнам, исто мачно е за искачување од плажа за до град, голема угорница. Така да, не разбрав во што беше толку фалење за Калитеа, јас 100 пати подобро си поминав во Бугарија ( Несебар и Сончев брег ).
знаеш што е тоа фалењето???еве вака 3-4агенции пред лето си викаат што ќе биде хит оваа сезона епа еци пеци пец калитеа ќе биде,ко лани што беше кефалонија бдњ бев и не чинеше а и јас се залетав од агенции што ми го фалеа островот и по форумов,пред пар години лефкада беше хит,пред тоа закинтос итн.мене ханиоти ми се има многу допаднато и од одтровите закинтос дефинитивно.за калитеа и јас се мислам многуууу ама ај оваа година не се лажам на рекламите од агенции.
Леле кога видов 5 часа, шок ме мавна, викам што зборуваат? После се сетив дека за од Скопје прашува. А од овде дека поблиску, во 7 тргнавме во 9 бевме таму.
Дневни забави нема да најдеш, забава ко забава само во дискотеките и само еден нешо ко бар видов што имаше журка само ич не ми текнува како се викаше, не стигнавме да отидеме али идеше доста народ, во едно паркче беше, пред удолниците за на плажа онака имаше и 3-4 кафичи ама лабава атмосфера
Дали некој бил во хотелот Maya Bay, не можам да најдам некој коментар од македонци што биле таму, па некој ако бил или знае да ми каже какви искуства има, каква е храната, локацијата на хотелот и слични работи?
Постов на крај ќе испадне километражен, ама јебига тоа е, се надевам дека барем на некоја ќе и' биде од корист. Пред неколку дена се вратив од 7дневниот одмор во Калитеа, со друштвото. Поточно седевме 7ноќи, а осум дена, се' на се'. Одевме преку агенција, резервиравме уште при крајот на март, па фативме некој попуст од 10 или 15проценти, не се сеќавам најточно. Апартманот чинеше 400евра, автобускиот превоз по човек е 30евра, поединечно ни дојде цена за плаќање помалку од сто евра. И на крај испадна дека you get what you pay for, не е ништо помалку од вистина. Бевме сместени во ammos апартмани. Фина локација, дирек во центар му доаѓа, мене лично местото ми се допадна, наоколку е се' продавници и таверни. Студиото ни беше класично, две тераси, огромна соба и клима вклучена во цената, плус нели wc. Али низ колкави маки поминавме со тоа тоалетот, ми се одмили цел одмор уште првите 5минути откако влегов во собата. Поставено два на два, буквално, нема место да се свртиш. Притисокот на водата од тушот цело време беше низок, минимален би рекла, имаше денови кога воопшто немавме вода. Топла вода, тоа веќе беше луксуз. Полневме шишиња со вода од кујната само за да имаме да се истушираме. Балконската врата ни се отвараше од надвор и комотно комшиите можеа да влезат кај нас во соба. Ниеднаш не помина хигиеничарка, да ни остави нови постелнини, цело време бевме со истите. Други проблеми со газдата и комшиите немавме, се погодија и едните и другите разбрани. Да се навратам на патувањето- тргнавме во 4часот наутро, на граница поминавме прилично многу време, со тоа што застанавме до Lidl половина час, во апартманот не донесоа кај два часот, попладнето. Газдата се погоди фин човек, ни прати комбе за куферите, а водичот не однесе до местото. За враќање беше десет пати помалку напорно и покрај тоа што тргнавме во најжешкото, за три/ четири часа бев стигната дома. Во врска со местото, Калитеа е прилично мирно место. Далеку од тоа дека е пензионерско, да не се сфатиме погрешно, никогаш не би одела таму на одмор со моите. Ама гужвата низ главните улици, запира некаде пред полноќ по грчко време, што би му дошло 23часот по наше. До pizza bar-от има добар бар, ми се чини Spitaki се викаше, не влеговме навечер, ама атмосфетата беше на завидно ниво како што можевме да видиме од надвор. Chocolat беше онака солидно, на другите не им ги паметам имињата. За викенд морате да посетите некоја од дискотеките. Се наоѓаат на 4км од градчето, ама таксито фаќа исто толку евра, што ако сте друштво не доаѓа воопшто скапо. Ние бевме во pearl и потпишувам дека тоа беше најдобрата вечер од целиот одмор. Сум се изнаиграла за цел живот. На почетокот до нас се чекираја едни чичиња, ама фала Богу по кратко време заминаа. Влезот го плативме 10евра, плус пијачката десет. Јас пиев водка, ми дадоа солидна чаша, наполнета до врвот, ништо слично како кај нас. Музиката беше одлична, од звук до ефекти, се' беше предобро. Ве читам нешто за лежалките на плажа- сестри златни на сите плажи, две лежалки се 5евра, како некое непишано правило му доаѓа. На coralli beach само лежалките се толку, ако сакате пијачка или јадење, тоа се наплаќа посебно. Ние го видовме рајот на almyra beach bar. Музика има цело време, полно е млади, журки се прават на сред пладне. Сендвич чини 3евра, клуб сендивчи се 4евра, салатите се скоро сите по 5евра, кафињата и џусовите се 3. Лежалките не се плаќаат, само непишано правило е да да порачаш нешто. Доаѓа дупло поевтино од coralli, а местото е далеку поубаво и водата е почиста. На средина, измеѓу овие двете плажи, се наоѓа една која што е за гостите од хотелот. Условите за таму не ги знам. Откако ќе ја поминиш coralli, се стигнува ammon zeus. И оваа е за посетителите од хотелот, ама се наоѓа слободно место за да поставиш своја лежалка. После неа доаѓа уште една. На неа не се искапив, бев само еднаш додека се шетав и после almyra е втора по убавина. Единствена маана е што изобилува со животински свет, ракчиња и ежови има на секој чекор. Ако сакате да одите навечер на ноќно капење, седнете кај coralli, ама не на лежалките бидејќи ќе си направите проблеми со обезбедувањето. Седнете кај онаа куќарката за спасувачите, ако сте друштво, загарантиран ви е добар провод. Друго, не знам што изоставив и заборавив да кажам. Ако имате можност одете на 5D киното. Проекциите траат отприлика по 7минути, картата е 3евра по човек. Ефектите се чувствуваат премногу. Јас бев на Франкенштајн, цело време осеќаш како те плиска со вода, те треси, те мава од земја, прејако поминавме. За сувенири можите поевтино да помините од малите продавничиња. Јас се залетав во penny's која највеќе лаже на изглед. За јадење, бидејќи не ни стигнаа работите од Lidl, купувавме од Македонија. Тоа е супермаркетот кој што се наоѓа кај GyroGyro. Се наоѓаат евтини и убави работи. Сега кога сумирам впечатоци, би рекла дека поминав океј. Ни премногу лошо, ни премногу добро. Не ми остави кој знае колкав впечаток за да одам повторно, ама кој знае. Од мене 3.5/ 5