Дека правевме муабет порано за лежалките да ви кажам, точно е во Almyra beach bar е најефино и не се наплаќаат лежалките туку само пијалокот, и тоа услугата им беше баш супер, носеа мраз и вода со секоја пијачка посебно. Исто преку викенд прават добри забави денски на плажа
Оди На страната на kupinapopust.mk има попуст на еднодневна екскурзија за калитеа но и таа е во недела
Еднодневните се сабота и недела....иначе на grouper.mk има секогаш попусти и такви понуди..(не знам колку е точно,но ми имаат кажано дека во калитеа е катастрофа..коллку е точно,не знам)
Dali nekoj e bil vo vila Mythos-Kalitea kakvi se uslovite i kolku e oddalecena od nekoja ubava plaza i setalisteto??
Планирам да одам во Калитеа, но на сопствена режија, дали некој бил после 15 авг. и дали се наоѓа студио за 2ца и по која цена?
Dali nekoj e bil vo vila Mythos-Kalitea kakvi se uslovite i kolku e oddalecena od nekoja ubava plaza i setalisteto??
Сигурно ли е дека влезот во клуб Pearl е 10 евра, зошто слушнав дека било околу 20е? :/ А дискотекава како што ја гледам, ми делува ептен ептен јака
Ќе може ли некој да ми каже, доколку знае, понуди за Калитеа или воопшто за Грција што се евтини и се сега во септември, поточно од 8ми 9ти, до 15ти 9ти негде. Фала однапред
Сите понуди за тој период ти се ефтини, зошто завршува сезоната. Побарај во Јк травел, јас преку нив ќе идам за Калитеа, имаат интересни понуди
Ние бевме таму.Од 8ми јули до 16.Плаќаме 35 евра за ноќ во хотел на 2рата улица,мислам ќе дојде.Сеа дуќаните беа баѓии поскапи за разлика од др места шо не се на кракот.Едни убави шорцеви беа 22 евра. :geek: Плажата за деца е совршена а и водата е чиста ама тоа нагорнините лелел мајко Еднаш ногу беше жешко и по пат со мајка ми го отвориме чадорот и едни баба и дедо ни викат GOOD IDEA
Мене проблемот ми е што сите понуди се од 7ми 9ти, а мене ми треба за 8ми 9ти да тргнеме на 8ми пошо не можеме на 7ми а случајно да не знаете приватно сместување, исто така ефтино, да речеме накај 5 евра од кревет?
Auuu 5 evra od krevet nema nikade, vie pa epten eftino sakate,em na mor e Znači dvokrevetna da može 10 evra da bide,po tvoe? Ne veruvam deka ke najdeš, minimum 20 evra po soba se dviži smeštaj
Не, 5 евра се за двајца. 2, 50 евра е една лежалка и чадор. На друга плажа си нарачуваш само за пиење и пиењето си го плаќаш, а лежалките и чадорот не ги плаќаш.
Утре веројатно пак ќе одиме за Калитеа. На еден ден само. Бог знае како ќе станам во 7. Се надевам на истата плажа на Хотел Zeus. Омилена ми е. Едвај чекам да го видам старото место.
Женски сакаме да идеме на Калитеа некаде од 06/07. Е сега нас касно ни текна по агенцииеве е све зафатено. Ако има некоја директен број, маил што било да си резервираме однапред сместуванње би било фино. Ако не, да ми кажете дали се наоѓа лесно апартман и колкава е цената одприлика за тој период? фала
ајде јас да си пишам впечатоци и искуство од Калитеа, а истовремено и од Аммос апартманите. Прво за Амос: Солидно за таа цена, јас сум презадоволна од смештајот, нашата соба, иако бевме двајца-беше преголема, со голема тераса и поглед на самото шеталиште. Ги имавме сите услови за живот , освен било што за готвење (рингла). Не знаевме и никој не ни кажа дека нема такво нешто, а ние нормално пренатрупани со тестенини, супи ау. Имавме плинско, празно, па на тоа се снаоѓавме за готвење. Така да тие што планираат да одат таму, нека го имаат во предвид тоа. Плажата беше блиску, само се спушташ по удолницата и ете си. Исто се одалечени и скалите, така да по што повеќе ви одговара-се симнувате/качувате. Некој погоре имаше пишано дека немале топла вода и не чистеле. Кај нас немаше еден ден, со тоа што вториот ден откривме кај се наоѓа болјерот и го уклучивме на осигорувачите горе. За тие што ќе одат а незнаат, само нека ги кренат нагоре првите два осигурачи коа ќе сакаат да го уклучат. Во однос на чистењето на апартманот, еднаш дошле (додека сме биле искочени) и исчистиле. Меѓутоа мене тоа не ми смета и ич ако не дојдат, зошто си одржувам хигиена колку толку. Картичката со клучот со самото вадење се исклучува целата струја во апартманот, само фрижидерот останува да работи. Климата функционира само со затворена врата од тераса, со цел да не работи додека е отворена терасата. Има некаков сензор, незнам... Тоа е околу смештајот одприлика, ако некој нешто плус сака да знае, нека пише, ќе споделам. Во однос на Калитеа: Излишно е да кажам дека е прекрасно место, кое изобилува со шуми и зеленило. Водата е пречиста, неколку дена имаше бранови, а го начекавме и кога беше ептен мирно. Плаќавме лежалки само три дена, од вкупно 8. Незнам ни јас зашто не дојде да ни наплати, ама како и да е, ми одговараше. Чинат 5 евра, две лежалки со чадор, и можеш цел ден да ги користиш. Нес кафе на плажа беше 3 евра со вода. Пиво исто толку пари. Само јас мислам дека 7/8 дена се доволни за да ги поменете во Калитеа, мало е местото и нема многу за шетање, цело време се вртиш во круг. Се наоѓаа ефтини работи, имаше купаќи за 5 евра, исто за толку маички, фустанчиња. Меѓутоа поубавите работи си држеа цена. Толку од мене, кој што сака нека праша. Јас си истерав убав и скромен одмор. Сакам пак