1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калуѓерот што го продаде своето ферари (Робин С. Шарма)

Дискусија во 'Книги' започната од IvanaMkd, 17 февруари 2012.

  1. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Мојата омилена книга.

    [​IMG]

    Приказна за тоа како да ги остварите своите соништа и да ја земете судбината бо свои раце.
    Не би сакала да откријам ни дел од соджината, со цел сами да ја прочитате и да се уверите дека навистина е добра.
    Јас ја имам прочитано само 3 пати... :)
     
    На lola-86 и meredith им се допаѓа ова.
  2. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Се согласувам со тебе, книгава е преубава. Ти ги покажува малите нешта во животот кои те прават среќен и да ги остварите соништата. Можам да кажам дека книгава ми го смени животот :)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    И мене ми е омилена и полека полека ми го менува животот, книгава е чудотворец, најубавата книга на светот :)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    И јас сум презадоволна, и многу ми го промени животот. Многу добра содржина.
    Откога ја прочитав првиот пат, пред 3 години... ја подарив на 4 пријателки за роденден. :)
     
  5. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Воодушевена сум од книгава...Нај поучното нешто што сум го прочитала,покрај многу,многу други книги.
     
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ова ми е еден од поомилените цитати од книгата...

     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Мене книгава не ми се допадна, почнав да ја читам али ја баталив и ја вратив од каде што ја земав.
     
    На BlackStar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Имав големи очекувања ама не сум задоволна.
    Не ми се допадна ништо посебно. Мислев дека тој калуѓер ќе го раскажува животот од друг аспект. Начинот на кој е напишана книгата навистина потикнува да размислуваме и да се промениме во некое поле од нашиот живот, за наше добро. Многу споро ја прочитав, повеќе гледав во таван и констатирав за се што се случува околу мене.
    Причината за моево мислење можеби е мојата воздраст. Сепак е за малку позрели од мене. Дефинитивно.
     
  9. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    Книгата ја имам веќе една година, но имам некаква одбивност према неа, никако не можам да ја прочитам :(
     
  10. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Супер е книгата. Мене ме привлече насловот па затоа ја зедов да ја читам, ама сепак вреди да се прочита.

    Сега има и друг дел (објавен оваа год) “Тајните писма на монахот кој го продаде своето ферари“.
    Дали некој ја има прочитано или имате критики слушнато за новата книга? Можеби ја има и кај нас ? :)
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.721
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми годеше.Навистина ,покажува како да го промениш начинот на живот сосема едноставно.Многу влијаеше на мене,на начинот на моето размислување ...на се..После некој период пак ќе се навратам на неа :inlove:
     
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Книгава само што ја завршив.
    Не би рекла дека сум нешто посебно импресионирана но сепак ми се допадна.
    Навистина вреди да се прочита како еден потсетник за она што е навистина важно во животот и како согледување на тоа како понекогаш самите себе се уништуваме.
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ова вреди да се има во своја библиотека. И самиот писател кажува дека од книгите не откриваме нови нешта (тој не измислил топла вода :$ ) туку треба да ни служат како некое потсетување кое ќе не води низ животот.
    После некој си период пак би ја прочитала.
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Убава книга која вреди да се има и е книга која може повеќе пати да се чита.
    А, јас обожавам такви книги.

    Одлична ми е за народни маси, за секој човек да се запраша некои работи за себе, и да престане да гледа ограничено и затупено во своето здодевно секојдневие.

    Има некои ситници со кои не се сложувам, или ми се ту мач, пример дека наеднаш ги нашол луѓето од Сивана и сл., но се друго е супер.

    Вметнати се размислувања кои за обичниот човек се невозможни, чудни... Им го зголемува видикот. Им дава можност за нов начин на размислување.
    Да се поместат од стандардното и вообичаеното.
    Да видат дека постои повеќе.

    Годините немаат улога, одлична е за сите возрасти. :)
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ја почнав пред некој ден да ја читам ама поради обврските ја одолговлечив, овие денови се надевам ќе ја завршам. После одма ја имам и Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари.
     
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Калугерот што го продаде... не сум ја прочитала... Но, кога ќе ми дојде до рака секако ќе ја прочитам затоа што ја прочитав „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари“ и се воодушевив од мудростите што авторот ни ги открива!!! Не дека не ги знаем, но едноставно никогаш не сум размислувала за тие големи вистини на животот!!!
     
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Го следам Робин на фб и ми се допаѓаат мислите што ги постира, ама кога ја почнав книгата за брзо време ја оставив. Не викам дека е лоша, туку едноставно не бев расположена за таков начин на пишување.

    [​IMG] [​IMG]
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Најдосадната книга што сум ја прочитала во последниве години. Ја читав пред 3 на македонски, ја оставивна 45 страна, ја почнав пред некпј ден на англиски демек друго е, ај да и дадам шанса, не можев, уште пократко издржав.
    Не само што не измислува топла вода писателов, туку стилот мене не мк се допаѓа. Празни мудрости се за мене овие, не знам може е до мене, ама мене ми е досаден. Навистна едно големо веќе видено и чуено. Спаѓам во категорија на вечни хејтери на Шарма и Куељо и ред други искомерцијализирани писатели и не можам ни под разно да им дадам втора/трета шанса.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.