1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камбек на Скопската чаршија?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Miss-Independent, 17 август 2010.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Што мислите околу новата "Скопска шема" :) ? Се популаризираат кафичите низ Старата Скопска Чаршија , ново место за ноќните излегувања на младите...Дали чаршијата повторно проработува ? ^_^
     
  2. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Bi bilo odlicno,..ama teshka rabota...
    jas sum skeptik...samo leten trend...
    nishto povekje... :^)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е ова што се полни повторно после толку многу години чаршијата ептен ме радува! ама којзнае дали и во останатиот дел од годината ќе се задржи овој тренд. А би сакала многу :?:
     
  4. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Бев неколку пати излезена навечер и супер си поминав .. ама не ми се верува дека многу ќе потрае.
    Планирам утре во пивница да одам :) во чаршја
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа што прават обиди да ја заживеат чаршијата, и гледам дека сега засега е успешно - но што во зима? Доста често одам во Калдрма, во Пивница, понекогаш и во Винотека Темов. Ми се допаѓа што имаат некој таков старински шмек, поинакви се од другите места низ Скопјево. А не ми се допаѓа тоа што многу луѓе одат само затоа што е моментално во тренд. Затоа мислам дека ќе има краток век - сите оние што сега доаѓаат тука, ќе најдат некое ново фенси местенце каде што ќе излегуваат да видат и да бидат видени.
     
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    и ја се надевам дека ќе заживее повторно дека нема да биде само тренд...ми се допаѓа да излегувам таму и сакам да заживее не само во однос на ноќниот живот туку и воопшто дуќаните и се останато , да се среди малце...до пред некое време имав страв да шетам таму се мислев дека некој лопов ќе ме нападне хахаха :D
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.955
    Јас работам во чаршија. Преполно е секоја вечер, и кога си одам дома накај 2, воопшто не ми е страв. Така е раздвижено, живо.. Многу ми е убаво. И кога не сум на работа, одам во чаршија. :)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас пријатно се изненадив колку многу е живната чаршијата кога пред извесно време поминав од таму. Не ни беше викенд, беше во сред работна недела и пак беше преполно. Немам навика да ја посетувам нашава чаршија, едино денски некогаш што ќе прошетаме со другарка ми низ продавниците :)
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Сега откако ќе ги реконструираат излозите, би требало да блесне чаршијата. Вчера поминував, тоа излозите никакви. Се распаѓаат.
     
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    1.449
    Штета е од што во што ја претворија Мнада. Дури е криминално како уништија таква фасада и таков изглед. На такво нешто не му беше место во Стара Скопска Чаршија. Полека но сигурно почна да уништуваат некои делови и бидејќи македонија е тоа што знаеме, слабо дека ќе запрат. Штом Менада ја упропастија.....
     
    На LovelyGirl3 и black-angel им се допаѓа ова.