Неодамна, Министерството за труд и социјална политика ја спроведе кампањата „На секое дете му треба семејство,“ во соработка со центрите за социјална работа на Република Македонија. Во проектот е планирано да се вклучат и Агенцијата за вработување на Р.М. со своите центри низ Република Македонија, Заводот за социјални дејности и општините во Република Македонија. Институциите како што се домовите за деца без родителска грижа не би можеле некогаш да ги заменат љубовта и поддршката која ги нуди семејната средина, па затоа целта на оваа акција е подигнување на бројот на згрижувачките семејства, ставајќи акцент на тоа дека секое дете треба да ги ужива сите права, согласно пропишаните меѓународни конвенции и постоечката законска регулатива. Да поразговараме околу тоа кои се вашите размислувања на оваа тема. Дали ја поддржувате кампањата и дали би се одлучиле да згрижите дете? Повеќе информации околу улогата и обврските на згрижувачите може да се најдат на овој линк. Дополнително инфо: каталог 1 и каталог 2.
Конечно и кај нас да започне да се развива овој концепт. Ке мора да се посвети поголемо внимание на едукација на луѓето околу овој проект за да може полесно да разграничат посвојувач и згрижувач. Ја поддржувам и би сакала да згрижам дете, еве прочитав сега во краткото појаснување на линкот дека може да се биде и згрижувач за привремен период. Веднаш се ставам на местото на тие деца кои поради одредени причини од живеење во домашни услови преминуваат да живеат во институција, групно.
Мила Царовска Спомнав јас уште одамна, дека единствено она си ја заслужува титулата министерка, а сепак не и се одава доволно почит за се што се труди да смени на подобро во оваа руинирана државичка.
Формирање мое семејство не ми е во блиската иднина како план, ама кога би имала, имам пишано и претходно, многу би сакала да посвојам дете. Вака се спасува веќе создаден живот. Така да ја поддржувам оваа иницијатива. Исто така многу е подобро да се згрижи дете во семејство него да чека во дом дур да можи да се врати дома или да биди посвоено.
Ја поддржувам оваа кампања, само не сум сигурна колку ќе ги поттикне брачните парови да размислат за згрижување на децата без родителска љубов и грижа. Се имам изјаснето дека јас би сакала да посвојам/згрижам дете, да му овозможам и пружам вистински дом полн со љубов и радост, како што заслужува секое дете. Ако го можам тоа, зошто да не го направам? Поголема среќа за сите.
И јас сакам да посвојам дете , но знаете колкави се процедурите?? Колку време се чека ? Една жена раскажа во емисијата "Лица" дека и барале 2000 евра социјалните работници !!
Браво за темава, ете читам по реклами ама сега сфатив што значи згрижувач. Јас сакам да посвојам дете, ова е доста поразлично бидејќи е привремено, до исполнување на услови за детето и после го враќаш, а јас не би можела да го вратам, значи пак ќе го посвојам . Убава кампања во секој случај
Различно е. Згрижувањето е привремено за пократок или подолг период и за тоа од државата добивате месечен надомест. На пример дете чии родители починале го згрижувате вие додека не се најдат роднини или посвоители да го земат е сега дали тоа ке биде за 1 месец или 2 недели или 1 година зависи од случајот. Или дете жртва на семејно насилство. Го згрижувате и се грижите за него се додека на пример не се додели старателство на еден од родителите. Друг пример може да биде самохрана мајка наркоман и го одземаат детето и го згрижуваат во семејство. После одредено време и променети околности може мајката да го добие старателството врз детето пак и да и го вратат. Не може не сакам да го вратам, ако се променат условите и родителите или некој друг добие старателство мора да се врати детето назад. Може воопшто нема ниту да биде дете за посвојување.
Ова е одлична кампања и мислам дека е остварливо. Затоа што сите знаеме до какво дереџе се дојдени домовите што згрижуваат вакви деца, и какви трауми имаат од таму. Меѓутоа, сметам дека треба да има ептен ригорозна контрола на тоа кој се' сака да биде згрижувач, затоа што верувам дека многумина би се пријавиле да згрижат дете само заради месечниот паричен надоместок, знаејќи какви се луѓето. Да не страдаат децата дополнително. Инаку, би сакала да згрижам деца, место ќе се најде... ама како што кажав во друга тема - многу се приврзувам... и тешко би ми било, многу, ако тоа дете од било каква причина треба да си замине.
Кампања дом за секое дете или секое дете заслужува семејство мислам дека беше имаше и порано. Јас 2014 баш видов плакат со ваква кампања и решивме со мм да станеме згрижувачко семејство бидејки ние немаме наше дете. Но,што се случи испратив мејл до мин и од таму ми одг да им напишам податоци од која општина сум и тел за контакт така и направив. За неколку дена ми се јави директорката на центарот за социјални грижи не викна на разговор, мм не можеше да дојде беше на раб јас сама отидов. Се течеше во ред се до оној момент кога кажав дека живееме во заедница со свекрва и девер тука се смени нивниот однос кон мене. Социјалниот работник ми рече дека не ги испилнувам условите да носам во тој дом дете бидејки ќе било омаловажувано од страна на свекрва ми и девер ми дека дете од дом. И дека во такви услови не даваат дете. Илјада пати напоменаа дека давале по 6000ден месечно што јас им реков парите не се битни сакаме да згрижиме дете за да му дадеме дом топлина љубов семејство. Но они повторно потенцираа да сме имале наш стан или куќа ќе било друго,вака не може не сме имале услови. Искрено малку бев револтирана можеби немав право така да се чуствувам но ете ме погоди ситуацијата. На мое прашање дали сега каде што се децата (мислев по домовите)имаат поголеми услови ми беше речено таму каде Бог ги дал они не можат да се мешаат но таму каде они треба да дадат дете имаат услови и критериуми. Можеби пак ќе речам немав право да се лутам можеби до некаде имаат право а можеби и не но прашањето е колку парови имаат баш такви услови да се има куќа /спрат стан сопствен имот (што не мора да гласи на нив имотот но тогаш оној на кој гласи имотот треба да се согласи и он дека дозволува да се згрижи дете во тој дом) за да аплицираат за да бидат згрижувачко семејство. Така да не должам многу ја поздравувам кампањата бидејќи да секое дете заслужува дом,љубов,топлина.
Дечки, посвојување и згрижување не се иста работа. Можеби ова требаше да го нагласам и во самиот вовед за да не се мешаат поимите. Но затоа и ги поставив линковите до сајтот за да се прочитаат тие неколку работи и да имаме претстава за што всушност дискутираме. На линковите има баш опширни објаснувања што означува поимот „згрижувач“, која е неговата улога и зошто истиот би бил потребен за некое дете. Еве накратко, да не правам копи-пејст на целиот текст затоа што едноставно ми нема смисол тоа. Значи, не е исто посвојување и згрижување, да не дојде до забуни. Мене ми се допаѓа идејата, би сакала да згрижам дете но ме загрижува моментот со разделбата кога ќе се разреши статусот на тоа дете. Не би можела да се справам баш најлесно со тоа, имајќи го предвид мојот карактер.
Да има разлика згрижувачко семејство и посвојување. Но ние со мм сскавме да станеме згрижувсчко сем баш си велевме немаме наше а имаме љубов,огромна љубов која сакавме да им ја пружиме на тие дечиња без оглед колку би биле кај нас: месец два ,година подолго. Сакавме да им пружиме љубов дом грижа воспитување .
Прво,поздрав за кампањата. Секој дом со семејство, е подобар од дом за деца. Имам пример,за згрижувачко семејство во старото маало кај што живеевме.Луѓе,не знаете колку тие деца се мили,благодарни за се,очињата им блескаа,жената ја викаа мамо. Луѓево имаа и две нивни деца,но ете си сакале.Колку што знам земаа одредена сума на пари за секое дете и мораа да им направат соби.Едното веќе го посвоија други.А од 2 години беше кај нив,дури и име му дадоа по дедото. Тоа е згрижувањето,да се грижиш додека не го посвои некој. Искрено,јас многу сакам деца,би згрижувала,но сега моментално не можам,бидејќи сум бремена а и две мали имам.Но,понатаму,зошто да не му се помогне на некое детенце. Тешко би ми паднало,посвојувањето,но од старт би ги припремала дека еден ден ќе отидат во друг дом.
Кога се посвојува нема плаќање. Кога се згрижува државата дава месечен надоместок на семејството, еве погоре кажаа суми дали 6000, дали 8000, дали 10000 не знам, отприлика толку некаде. Условите се општи и горе доле претпоставувам се тие и за згрижување и за посвојување: да не се осудувани, да не е одземено родителското право, да не е одземена деловна способност, да се вработени, да имаат услови односно свој дом. Е сега препоставувам за посвојување е построго во поглед на тоа што мора да се земе во предвид и психичкото здравје и психичјката подготвеност на тие што сакаат да посвојат дали се спремни да се носат со тоа дека не може да го вратат детето назад ако се разболи пример или има генетски болести и сл. дали ќе можатт да се носат со посвојувањето бидејќи тоа е за цел живот, А згрижувачки семејство си сега утре може да ти ги одземат децата ако не ги чуваш или ти сам да се откажеш.
Паричниот изноз зависи од згриженото дете . За дете со пречки во развојот или хендикепирано се дава поголем износ. За дете кое е во добра здраствена психофизичка состојба износ од 6000ден. Вака барем беше 2014 дали има сега некои измени не знам.