1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања: „На секое дете му треба семејство“

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mishela, 27 јуни 2018.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Убаво сработена кампања. Во најмала рака предизвикува интерес-предизвика кај мене и веројатно кај многумина бидејќи, со повеќе пријатели зборевме за ова.
    Не знам колкумина од нас ама, би се одлучиле да бидат згрижувачко семејство и да еден ден мораат да се разделат со детето. Јас не би, не можам тоа :) ако ми го дадат детето да се грижам за него до негова 18та година ^_^ иха, одма. И не знам колку од оние кои би се пријавиле вистински ќе се грижат за децата и ќе им понудат топлина и се' убаво, а не ќе биде ради финансиските трошоци кои ќе им се плаќаат.
    Внимателно треба да се избира и следи. :)
    Поддршка од мене :)
     
    На stetoskop, Rose96, La.loca и 14 други им се допаѓа ова.
  2. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Кампањава е одлична, но let's face the fact дека за жал сеуште сме премногу стереотипно општество за вакви работи... Мислам дека во околината секогаш на тоа дете ќе се гледа како- еј, еве ги овие со земеното дете, без разлика колку тој што го зел ќе го гледа како свое
    И еве, некој од политичариве или познативе нека даде пример и нека земе некое дете, без да користат надомест за тоа што го нудат

    Јас би зела дете, но би ми било премногу тешко да се разделиме кога ќе мора, доколку би можеле да останеме во контакт и повремено да се гледаме, зошто да не
     
    На La.loca, CameliaMiller, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Имав близок пример каде што фамилија во странство згрижи деца. Зборуваме за странци, во странство, повозрасни луѓе. Ако не се лажам, имаа згрижено се' на се' 5-6 деца во 2 или 3 различни наврати (идеа братчиња и сестричиња).

    По неколку месеци, се откажаа. Нивното искуство не беше ни малку позитивно, и од мое гледиште, тоа се случи од повеќе причини.

    Прво, навистина годините си го прават своето и самите рекоа дека веќе немаат толку енергија за да можат да се справат со неколку мали деца наеднаш. Луѓето беа 60+ плус. Јас мислам дека очекувааа да си најдат „занимација“, дека мислеа оти ќе добијат внучиња така и дека тоа го направија повеќе колку да си пополнат време него заради нешто друго.

    Второ, мислам дека не беа свесни дека децата што ќе ги згрижат не се исти како децата што тие ги пораснале.

    Овде зборуваме за деца од проблематични семејства, деца што привремено не живеат со нивните родители од Х причини, деца растени без многу љубов и топлина.

    Едно од дечињата што го добија беше бебе (13-14 месеци) и беше на програма за одвикнување од дрога :| (мајката се дрогирала додека била бремена). Мислам дека животот им се скрати на луѓето за тие неколку недели додека беа тие дечиња кај нив, постојано трчаа во Брза помош или се јавуваа во Центарот за социјални грижи, навистина не знаеја како да постапат, детето мислам добиваше некои напади, мораше да прима терапија.... страшно и жално.

    Трето, имаа проблем со градење на авторитет кај повозрасните деца (мислам најстарото беше 12-13 години). Децата или се затвораа во себе и не комуницираа или беа претерано агресивни, хиперактивни, не ги слушаа за ништо. Неколку пати реагира до ЦСГ да договорат средба со психијатар, психотерапевт или нешто, но ништо од тоа не се случи (бар не јас додека бев во тек со работите).

    Четврто, голем дел од тие деца имаат родители. Не знам во Македонија како е регулирано, но овде некои од родителите сакаа средби со децата. Малку е да речам дека средбите не одеа баш идеално како што социјалните работници си имале замислено во теорија. Па плачки пред, плачки потоа.... пак ќе речам, жално за децата.

    Се' на се', би рекла дека ова е нешто што не е за секој. Дефинитивно не за тие што им е досадно „па ај нека протрча некое дете по дома“ или за тие што зимаат деца за да земат пари. (најчест случај во Македонија)

    Јас лично сум за посвојување, но не знам дали би можела да згрижам дете привремено, особено не по тоа што го видов како пример. Искрено, не знам колку е згрижувањето е решение, пред се' за детето - не сакам ни да замислам како му е кога го шетаат од дом во дом или на крај, пак го враќаат во дом.

    Доколку станува збор за згрижување на подолго време, тогаш океј. Меѓутоа селење на неколку месеци мене ми нема поента и сметам дека како општество треба да направиме нешто повеќе да го решиме проблемот со таквите деца. (не зборувам само за во Македонија, ова важи и за во странство, затоа што истиот проблем останува)

    Наследните болести мене лично не ме загрижуваат, затоа што тоа е нешто надвор од наша контрола и онака.
     
    На Серотин, dunika, stetoskop и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.584
    Оваа активност ја има одамна. Само кампања има сега да им кажат на оние кои не ја знаат оваа можност и супер е тоа. Барем нема да се случува веќе да има девојчиња во домот бремени на 15 години :(

    На мои комшии им ги земаа децата. Чуваа 2, откако ги омажија ќерките, па на 45 години се чувствуваа способни да изгледаат уште. Ама ја видоа жената, некој од социјалното како у маркет го удрила едното по газе оти расфрлало и им ги одземаа. Веќе не можат да чуваат. Секоја недела им идеа дома соц служби. Проверки, дали имаат соби, што и како јаделе, дали е перено, зошто не биле 1 ден у градинка, ги пукнаа. Истрепеа се ама на крај едно плескање им ги земаа .

    Јас не би зела. Мајка ми 2 пати чуваше туѓи деца ама и беше страв за нас. Не знаеше што ти влегува дома. Секогаш спиеја у иста соба со нас и со мајка ми заспана на стол. И беше страв да не стане и да ни направи нешто. Едното беше просјаче од улица кое си го земаа братот и мајката и го вратија на улица, а другото дете на алкоси. По 2 дена мајка ми го однесе у социјалното и го однесоа. Сакаше да помогне ама повеќе не сакаше нас. Кај 3 таму и 4то ќе одгледале, ама преголем залак е.
     
    На La.loca, bebaa, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Јас се расплакав кога ја видов кампањата. Срце ми распара.
    Храброст, решителност, одговорности и добри услови за овој чекор. Навистина треба да се размисли премногу добро, да се премисли едно илјадапати. Не се работи за животинче па ајде ќе пробаме, се работи за човечки живот полн со доста патешествија за кој нема многу простор да се експериментира со него.
    Има многу фамилии на кои не им дале да посвојат. Ги има околу мене. Мислам дека можеби тие се најкомпетентни за ова.
    Во фамилија каде има деца, тешко. Мислам ќе се јавува некоја доза на љубомора кај едното или чувство за нерамноправност кај другото. Сега за сега, лично јас не би се осудила, но поддржувам и симнувам капа на тој што ќе се осуди на ваков чекор.
     
    На La.loca, SummerGirl, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Јас искрено не само што би сакала да бидам згрижувач, би посвоила.
    Само што не знам колку ќе биде возможно ако не сум во брак.

    Инаку, секоја чест за иницијативата. Мила Царовска е единствен министер кој знае што работи и како работи.

    Згрижувањето не е нова работа, постои од поодамна, но не беше толку зборувано за истото, не сум сигурна зошто. Секој кој има можност (не толку финансиска, колку душевна), би било убаво да помогне.
    Мислам дека државата дава некоја сума на финансии како помош, не знам точно колку, за финансискиот терет да не падне сосема врз грбот на семејството. Освен тоа, бидејќи овие деца и понатаму се водат како деца - штитеници на дом, ослободени се од партиципација за лекување.
     
    На La.loca, violetblue, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Намерата е убава ама јас лично сум против тоа. Кога веќе ќе се решам на таков чекор би се решил на тоа да го посвојам детето и да го чувам, па ако се реши самото во иднина да ги дознае своите биолошки родители не би имал лично ништо против тоа.
    Не знам искрено, да земам дете да речеме на пет години и после да го вратам?! Прво, тоа за мене е лицемерно, јас нема да се чувствувам убаво.
    Ниту еден биолошки родител не би го оставил своето дете во дом ако го сака, колку сака нека е сиромашен.
    Друго, дури и да се починати родителите, пак за мене не е во ред едноставно да го земам на привремено и после тоа да го вратам пак во дом.

    Инаку секогаш сум велел дека ако не успеам да имам деца во животот дека ќе посвојам едно дете, зошто секое дете заслужува шанса и максимална посветеност и љубов. Привремена љубов и привремена посветеност не би била фер спрема самото дете.
     
    На La.loca, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Ова малку е надвор од темата, ама ме интересира дали може да посвоиш дете ако не си во брак, т.е. ако си самец?
     
    На La.loca и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Мислам дека не.
    Дури и да е теоретски можно, практично...
     
    На La.loca, WildMk и Mr. Right им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Глупости. |(
    Морало два старатели да има.
     
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Гледам сите потенцирате дека во Мк згрижувале поради парите.
    Побогу како со 6000 ќе бидеш ќар,па имаш уште толку давачки по тоа дете, како мислат дека нешто од париве и ќе им остане?
    Или пак јас грешка сум со математикиве негде :)
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Абе каков ќар :)
    6000 едвај за детето стигаат, па уште ако е болно (а најчесто е), не ни стигаат...
     
    На ocicka2014, SummerGirl и Milobebence им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ма какви 6 000? Со тие пари едвај јадење ќе му купиш на детето. А за друго и да не правиме муабет. А љубопитни луѓе секогаш ќе има. Во стилот - Зошто се нафаќаш да чуваш туѓо дете. Роди си уште едно наместо да чуваш друго.(facepalm)
     
    На ocicka2014, Milobebence и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Ми се врти по нет. страната згрижувач, па ме интересира кога некој сака да е згрижувач бира возраст за деца или?
    Каде да најдам повеќе инфо?
     
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.057
    Пол:
    Женски
    Овде ти се глупи законите, единствено можеш со пари да завршиш работа
    Не ми е јасно зошто не би можела ниту да згрижам дете ниту да посвојам единствено зш сум немала партнер (facepalm)
     
  16. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Сега викендов гледав една емисија "Срце на дланка". Веќе возрасно момче 20 и пет-шест години, од негови две години било згрижено од жена, со толку љубов зборуваше за жената што го одгледала, мајка ја викаше. Но проблемите почнале кога жената починала пред две-три години, детево ја гледало и ѝ помагало, до смртна постела било со неа. Претходно со тестамент му бил оставен станот, но биолошката ќерка на жената која била во странство и со години ја немала видено макја ѝ, и роднините, сега го бркаат од станот, нема ни струја, нема работа, фирмата во која работел отишла во стечај.
    После емисијата прочитав статија дека градоначалникот се заангажирал да му помогне на момчето.