Улоги: Џенифер Анистон, Брајан Робинс, Даника Мек Келар, Џош Савиано, Кендејс Камерон-Бјуре, и др. Ученици одат на летен одмор во кампот Кукамонга. Доаѓа до комични ситуации, особено кога ќе го надитрат сопственикот на кампот. Филмов го обожавам. Еден од најомилените. Кај нас го даваа на МТВ. Многу ми се интересни децата. Какви само глупости правеа.
Тоооооп !!! Исто и мене ми е еден од филмовите кои ми имаат останато во сеќавање и секогаш можам пак и пак и пак да ги гледам. Песната од филмот, исто така... И не знаев дека Анистон глуми тука, хаха. Овој и уште еден филм, исто камп ама за дебелки деца ))) Многу често ќе ми текне на нив и ќе побарам по нет за да најдам нешто слично, ама никогаш не сум нашол. Може треба да си ги симнам овие и да си се потсетам на убавите денови...