Во Градиште после 10ти Август камп е 700, а претходно 950. Во Љубаништа цените би требало да се или исти или пониски. Јави се во кампот и прашај за сигурно.
Не сум кампувала, а и на би... Не сум тој тип. Си сакам апартманче/хотел. Каде имаш тотална приватност,конфорт- свое вц, кујна итн. Да делам заедничко купатило со уште 100 непознати- никогаш, да чекам ред за вц, топла вода и ред други работи- не, не Ова за мене не е одмор туку преживување. Минатиот викенд отидовме на еден ден кај пријатели кои беа во кампинг. И искрено се запрепастив.. Гледам и се чудам- во што ли уживаат луѓето.. кога ги нема основните услови за живот- чекаш ред да миеш заби . Но се е до карактерот- јас неможам кој си ужива во вакви ствари нака кампува.
А В А Н Т У Р А!! Знаеш ли ти колку луѓе се запознаваат додека чекаш ред за туширање, или пак што се ќе слушнеш додека миеш заби или садови. За случките навечер не знам ни дали да почнам да зборувам.. ќе ме фркне носталгија. Кампот е едно преку ден, а друго преку ноќ, а преминот- незаборавен. На кампување одиш без очекувања, а се враќаш со lifetime memories..
Еднаш. И сосема доволно ми беше. Каде на друго место ако не Љубаништа? Да се разбереме, јас си поминав преубаво, и имам најпрекрасни спомени од Љубаништа, затоа што бевме другарки, затоа што правевме глупости, ни се случија милион работи за кои раскажуваме и прераскажуваме до ден денес, ама кампување како начин на одмор - НЕ фала! Како прво, јас сум ужасно досадно бетонско градско дете. Јас и природа - може ама ако се шетам и имам обувки над глужд, испомачкана со секакви аутани и чуда, со капче на глава и спрејче во џеб за сите инсекти кои се подготвени да ме нападнат. Не можам да спијам мирна ниту во шатор ниту пак во приколка. Коњоштипи, комарци, и разноразни чудни инсекти кои ме иритираат со нивното зуење не ми даваа око да склопам. Со другарките сме легнале на грб се сеќавам и само следевме од каде каков звук доаѓа. Абе мислиш цел цртич Лилипут пут кај нас се преселил И тука акробатски рипаш низ цела приколка обидувајќи се да ги пратиш на погреб сите коњоштипи од Љубаништа и околијата. Таму таму ене го! Удрииии! Се чудам како не се распадна цела приколка и шатор од нашите обиди да направиме геноцид на се што е мало, зуи, лета и каса Ма јок бре. Второ - многу сум осетлива на хигиена. Ако нешто навистина ми предизвикува нагон на повраќање тоа е стапнување на плочки во купатило и да видам туѓа коса, траги од нечии прљави стапала и да не елаборирам што уште не - а јас да треба исто така боса таму да застанам и да се туширам. Не фала! Не ми пречи ни ред чекање, ни ништо, не ми пречи спонтано да преспијам на плажа и една вечер да не се истуширам и измијам затоа што сум преспала на друго место, ако знам дека си имам чисто, удобно местенце каде што ќе се вратам и повторно ќе се направам човек. Јас доброволно да се нервирам со решо, минијатурни плински боци, мали телевизорчиња кои треба да ги удриш за да проработат, усмрдени вециња кои мирисаат на сите останати а не на мене - ма нееееејќум Не потценувам, сите сакаат друг тип на одмор, но еве, наречете ме размазена лигла, јас за кампување едноставно - не сум створена. Затоа се вика одмор а не замор - а јас на одмор, сакам да сум тинтрана и да не мрднам со мало прсте
Признавам! Јас сум една неандерталка која се подготвува и ова лето да оди на кампирање. Тоа е, таква сум, до карактерот е. Абе мазохист. Уживам да ме јадат комарци, да ме лазат разни инсекти, бубачки и шумски ѕверки. Уште уринарна инфекција ако закачам во тоалетот, ах мераци. А и дете носам, треба да ми се одземе родителско право, нели. И уште ќе седем 20 дена и ќе плаќам 28 евра од ден. Абе само хотелче, мераци. Да мораш да јадеш и кога не ти се јаде и што не ти се јаде. Таман те фатила најубавата дремка - устај војско- време е за ручек. Исподотерај се задолжитело, мора да си нон-стоп топ, ова не е камп па да се шеташ било како. А за тоалетот да не правам муабет, се ново, пред тебе никој не уринирал во ве-це школката, абе можеш и када да си наполниш и да се спружиш, чисто е гарант. Не треба да се притресуваш кај ја оставаш четкичката за заби (редовно земаат брис од плочките, се е стерилно, докажано). И таман ти се уарнило, пакувај ги куферите за дома. Ај да не претерувам. Секој нека си го тера одморот, како и каде си сака. Јас постојано велам, одморот е страшно индивидуална работа. Некој негде може да си помине идеално, а за друг истото да е катастрофа. За сите кои не биле сеуште, имајте убав и релаксирачки одмор.
Тоа не е премногу??? Зашто да речеме изнајмување на апартман во текот на целата година во Грција чини од 700 (студио) до 2ипол илјади евра, зависи место, зависи одалеченост од плажа. Просек е 2000ки за убав апартман. А ти викаш 2000ки за приколка? Не се разбирам во тие камперски работи ич, ама иста цена на камп и на апартман во грчка... јас не би дала никад за камп толку. Сум била на гости кампери неколку пати и не би отишла на камп на летување. Не фала мое право си е, мои пари мој одмор, тоа мене не ми се допаѓа. Би преспала на една вечер и тоа би ми бил максимум. Пеперминт каков коментар човече Прво иронија после се враќаш у реалност и индивидуална работа е одморот, па нормално е. Јас слушам луѓе во хотел со 5 ѕвезди у хотел викаат едно половично добро дека си поминале, некој во дојран дека си поминале најубаво на светот. многу иронично ги опиша работите, секој има право што сака да прави и како сака да си ги истроши заштедените пари, никој нема потреба да го коментира правото за одмор на друг.
Иронијата се однесува на некои од претходните коментари девојче, за некои кои буквално е ежат од кампување, а биле некогаш и негде во некоја петта класа камп, па коментираат. Како тие што кампуваат да се друга класа луѓе. И уживај нема да влегувам во дискусија.
Eve ako mozam da ti pomognam so moeto viduvanje za kampiranjeto...Jas i moeto semejstvo kampirame okolu 17-18 godini.I toa e prekrasno iskustvo.Decata mi porasnaa vo kamping, i sekogas koga odime se odmaram onaka bas kako sto treba ...Bez gledane na casovnik, bez ustucuvanje za bilo sto... A plus toa i zapoznavas drugi luge i druzenjeto e prekrasno...Se odaleciv od tvoeto prasanje...Bas pod Olimp tamu odime nie .Toa se okolu 10 do 12 kampinzi eden do drug .Se naogaat na dva km.od ednata strana e Leptokarija od drugata strana e Platemona, a na 4-5 km.e Nea Pori...Mestoto e super.A cenite se (barem vo toj kamping kaj sto odime nie se : za kola 5evra za kamp prikolka 7 a za osoba 3 evra znaci nie se vkupno plakame 21 evro.Mieslam deka ti dadov barem pocetni informacii za tvoeto prasnje ...A za higiena ic da ne se sekiras ...Se e cisto sredeno i na sekoi pola cas se cisti se od WC do metenje na kampingot ...Znaci higienata e na nivo ...Probaj ...Nema da se poakes.Toa e edno dozivuvanje sto ne mozes da go doziveeas vo nitu edna soba , vo nitu eden hotel
Не е премногу бидејки приколката ја користат 3 семејства, поточно тие 2 000 евра ги делат на 3. И си плакаат 2000 евра бидејки им стои таму преку цела година, а ако сака некој може да не ја остава преку цела година и е поефтино. Сума сумарум исто ти се фака.
За мене кампувањето е совршен одмор. Какви хотели, апартмани, бунгалови, тука имаш моменти кои вредат повеќе од сите тие работи. Секоја година сум иницијатор, ама мајка ми не сака да слушне за камп. Не гледа ништо друго во тоа, само мрцварење. Сигурно наоѓам дечиња македонци на моја возраст и не мора, да одиме дома, нема скали, нема лифтови, нема големи згради, цел ден ти е исполнет со игри, едноставно нема затворен простор, нема ограничувања... се чувствуваш онака слободен. Како да нема правила... Може затоа што сум дете и не ги искусувам обврските на повозрасните околу ручеците, миењето, кампот итн, ама сметам дека за убав одмор, со друштво и забава, најдобро е кампување. Цените се поефтини за сместувањето, ама моите ни тоа не ги предомислува.
Кампувањето дефинитивно не е мој начин на одмор. Повеќе сум за апартман или хотел. Што си е сигурно, сигурно си е. Има две главни причини зошто не го сакам кампувањето-инсектите и хигиената. Сепак одморот си е индивидуална работа, секој за себе си знае најдобро, што сака и како сака да ги помине тие долгоочекувани денови.
кампувањето е авантура ,ептен сакам да кампувам,го зарзив и дечко ми. Оваа година за прв пат кампувавме во Грција, под Олимп во кампот Евридики. Си поминав најубаво и има голема разлика од Љубаниште и Градиште. Wc-то го чистеа на полсаат, топла вода за туширање имаше секој ден после 14. Многу дружење, зезање... имам кампувано со шатор покрај Радика, Мавровско Езеро, Тиквешко, се е доживување, незаборавно искуство
Сакам да ве прашам, дали некој има искуство со кампување во некој авто камп во Хрватска. Од она што можев да видам на нет, мене ми се допаѓа, ама ако има некој кој бил и да сподели искуство , ќе биде одлично. Никогаш не сум била на кампување па сакам да пробам
Кампување - кој вистински пробал, знае! Јас од мала сум одела со моите по месец дена со наша приколка во Грција и тие ми биле најубавите одмори, ни еден апартман, вила и хотел неможе да ми ги замени тие денови и одмори. Цел ден си на воздух, те пирка свежо ветерче, зеленило и чист воздух насекаде , па ако си фатиш прв ред и поглед на море со одалеченост од 100 метри... Милина.. Огромен плус е дружбата во камповите, иако најчесто одат исти , не е тоа проблем и за нови да се вклопат и да си најдат свое генерациско друштво, бидејки ги има од мали па до даље. Јадење, пиење кај кој стигнеш, убав сон навечер и се будиш свеж со сила за нов ден, мали дечки мечки насекаде - тие се првите ранобудци во камп, додека ако сте поголеми, имате сигурно кафичи до кампот, или со автомобил може и до блиско диско да се оди... Едноставно денот ти е раздвижен и ти летнал наваму натаму, кај едни кафе, кај други сладолед, шетања, па аларманција и трчанка за топла вода, смеење 24/7. Што се однесува до чување приколки преку цела година кое го спомна Црешичка, толку е на Халкидики сигурно, и се исплати да не ја влечеш по пат, па во твојот град барај и соодветно место за преку годината, вака таму наместена , засолнета, а ти само у кола и трк кога сакаш. Кампувањето е поскапо од хотел или апартмани, бидејки си има многу трошоци и реквизити(приколка,креветче/иња плус, пластични маса и солици, шпоретче, фрижидерче, помала масичка, тенда, неколку големи најлони-тенди, чадор, плинско и решо...)и покрај тоа не се споредуваат тие два одмори верувајте, само факт е дека камп не е за секој, мрзлив и неорганизиран тешко да се снајде. Ако некој рече во камп неможам да се одморам- е во тешка заблуда, бидејки освен првиот ден местење од 3-4 часа, останатите денови нема други обврски, само оброци, што секако и во апартман ќе ги спремаш, и 1час не е ништо. Јас имам одено како што реков долги години и одлично функционираме во поглед на организација, а последната година кога и бев најстара беше и најубаво. Стануваш кога сакаш, спремно те чека јадење, се собираш со други или правец на плажа и се приклучуваш, бидејки навистина на секој чекор сретнуваш познати, тераш плажа додека сакаш, јадење, туш и правец диско или некое кафуле... И незнам кој поубаво си поминува, дали малите деца или поголемите или родителите, зошто малите се неразделни, од сабајле до вечерта се со други дечиња, и исто како и големите само за оброк и туш ги гледате, си играат,ластици се оптегнуваат , жмурки, некои носат и точачиња, ролери, и навечер уморни и издувани си заспиваат. Родителите се раат цело време, секако пред нос им се децата за да имаат контрола, и тие мегусебе се запознаваат со најблиските камп-соседи, се оформуваат друштва, навечер карти се маваат, седенки и пиенки на 3 споени маси, позајдување на сонцето- околу мрежата за одбојка се собираат мажи најчесто и мали и поголеми и саат време играат одбојка, се оди на риболов наутро.. Камповите си имаат свои самопослуги, фурни, плажа и нејзино секојдневно постојано одржување, реквизити за деца, кафуле кое е во функција и дење и ноќе, тоалети за кои има постојано одговорни за одржување, како и луѓе кои постојано шетаат и надгледуваат, иако не памтам да се случило кражба на било што, а се ви е само со патент затворено, додека 100 работи се пристапни и без никаков патент или катанец. Како и да е, не секој може да профункционира на овој начин, според мене е прав одмор и обавезно ќе им го пренесам и на моите деца здравје, да почустуваат реален одмор, дружба, смеа.
Јас кампувам во Грција, во Хрватска не сме биле, но отприлика знам како стојат работите. За природни убавини да не правам муабет затоа што хрватското приморје е без конкуренција. Но, камповите не се така средени и урбанизирани како во Грција. Руби добро опиша претходно како изгледа еден типичен камп во Гр. Хрватските се подиви, за поавантуристички ориентирани туристи од Германија или Холандија (ги гледам како камуваат доле, немаат гајле за ништо). Плус имам информација дека хрватските се многу поскапи. Посебен проблем е времето. Во Грција е многу потопло и поретко врне или фаќа невреме. А и да заврне, со првото сонце брзо се се суши. Е сега во Хрватска е друга приказна. Поладно е и многу почесто фаќа невреме кое носи се. На лето на хрватските вести многу често информираат за однесени шатори од невреме во некој камп, па и превртени приколки. Не е за нас, верувај.
Дечки прв пат одам на кампување еден викенд, че се спие покрај езеро во шатори, се е обезбедено, од една страна едвај чекам да дојде времето да одам , ама од друга старна некако страв ме фаќа дајте ми некој совет што треба да понесам појма немам
Фала ти за одговорот, малце касно одговарам, ама тоа ти е Се шалам, ништо од моето кампување, за капм во Хрватска (ама од оние подобро средените) со наш шатор искача околу 600 евра за нас двајца (тука спаѓа и струја и место за шатор и место за кола, без туристичка такса). Што е многу многу е. Така да сега тупам глава и мака мачам со агенцииве. Не знам што ке се прави ама летово во Скопје не смее да се помине
Castello na 2 krak vo grcija odma do Porto Carras prekrasno! http://www.camping-castello.gr/en/ za cenite stvarno neznam