Последните две години кампувам. Сум кампувала и порано, како мала. Само не памтам многу. Последните две лета, кампувавме во Грција. Во Посејдон кампот. Убав среден камп. Чисто. Мирно. На почетокот бев скептик. Мислев дека тоа ќе ми биде замор, а не одмор. Но, толку сум погрешила. Забава до крајност. Дружба! Незнам колку нови пријатели запознав. Се дружевме големи екипи. Од секаде. Посебно беше лудо, за викендите. Имаше прекрасни журки на плажа, доаѓаа цели комбиња само за забавата. Јас немам ниту една замерка, за овој вид на одмор. Не велам дека не сакам и во некое апартманче или хотел. Ама ова е сосем друг вид на одмор. Далеку позабавен и поисполнет. Мене ми е незаборавно искуство. Јас сум авантурист и ми се допадна многу. И, плус кампот не е примитивен. Туку како дома да си, така се чувствував. Со двор, со масичка надвор итн итн. Мене ми остави силен впечаток и многу сакам и оваа година пак да одиме. Но, не се знае дали ќе го носат кампот оваа година. Баш ќе ми биде криво ако не отидам...
Бил некој во камповите во Грција што се во близина на Катерини или Паралија??(незнам точно кај се наоѓаат)...викаат дека било убаво
Многу луѓе што ги знам (вклучувајќи ме и мене) секоја година одат во камповите во близина на Лептокарија, местото се вика Платамона ако не се лажам. Сте биле некогаш? Кои се вашите импресии? Мене лично Посајдон ми е омилен )))
Kamp definitivno!! Izrasnav vo kamp, pod Olimp sum bila rechisi vo site, bidejkji prikolkata sme ja nosele i sme ja vrakjale po izvesen period. Golden beach - ok, ama premal ama koga kje go vidish giroto nadvor zaboravash na se )) Poseidon - premnogu pravila, limitiranje na vreme za tushiranje koe se plakja, golem kamp, premnogu ulichki Esperides - po mene najsreden, i kampot a i prikolkite. Sekoja si e svoja prikazna Makedonci full, pa duri i ulichkite im se krsteni na makedonski )) Heraklia - vekje nekolku godini sum tamu. Mi dava nekoj chuden spokoj i mir, nema tolku galama kako ostanatite. Debeli senki. Toaletite i tushevite blisku od bilo koja tochka vo kampot. Za higienata voopshto ne treba da se zboruva - pochisto od doma topla voda sekogash! Wifi signal skroz ok. Druzhbata e neizbezhna, lifetime friendships se gradat se osamostojuvash definitivno. Iskreno bi sakala utre moite deca da rastat vo kamp, da vidat shto e druzhba, shto e sloboda da shetaat do kolku sakaat i kade sakaat. Ocenka od 1-10 : 10+
Ќе ве замолам за помош, каде би можела да набавам мало шаторче со ефтина цена за максимум 2 особи? Не мора да е ново, може и поволно
И јас бев голем скептик, како дете еднаш имам отидено во Буљарица, во бунгалов, и мислам цел живот трауми До сега секогаш сме оделе во апартман/хотел, но се надевам догодина ќе одиме на кампување со сопствена приколка Бараме да купиме приколка моментално, но со сопствено wc, кујна, туш кабина... никогаш не би прифатила во заедничко wc да одам Делот околу Лептокарија јас не го сакам, за почеток се надевам ќе одиме во Талата или Арменистис. А понатаму и подалеку Во однос на прехрана, јас не готвам, но убавите кампови имаат и убави ресторани. А за доручек, и кога ми е платен, пак доручкувам во соба
Љубаништа ми е најубавиот камп со најголем потенцијал, има топ песочна плажа и можност за изнајмување приколка или кампување со шатор. Кажувам со најголем потенцијал зашто моменталната состојба на кампот не е баш добра... Воопшто не ги одржуваат приколките ептен се крш и нечисти, освен можеби вц-њата не е вложено ништо за негово реновирање и подобрување на условите за гостите, цените во продавничката дигнати до плафон, и никаква ажурност од страна на вработените на рецепција. Со други зборови, сакаат само профит без никаков влог... Бев лани, бев годинава и планирам да идам пак ама си идам со шатор надвор од кампот на диво пошто истата плажа е а си идеш на своја режија. Се надевам дека во иднина ќе се среди кампот да заличи малце, зашто стварно има премногу неискористен потенцијал и може да допринесе за поголем развој на кампинг туризам во Македонија.
700 денара за еден ден за место за шатор. Им реков ебете се и ги прашав културно дали се нормални ? Апсолутно идам со тебе на дива варијанта .... може ќе се начекаме таму.
Ве молам кажете ми која продавница во Скопје продава квалитетни големи шатори со две спални, само малечки еднокоморни наоѓам на нет.
Сум била на одмор во камп во Грција, Ставрос, интересно е, не дека не, ама незаменливо ми е со хотелски смештај. Кога ќе се сетам дека почна да грми, врне..., не би кампувала веќе.
Ако не доцна за одговор... Ние го купивме на Decathlon, Arpenaz 4.1 Quechua, со претсобје од 6м2 и спална 5м2, односно цел шатор е со димензии 2.5м х 4.55м, висина 190см, многу комотен, едвај чекам да следниот месец да дојде и да почне забавата. Шаторот што го земавме ние е 6.500 денари, имаш видеа на Youtube како издржува ветер, дожд па и град, мислам дека супер избор направивме. Побарај ги Decathlon Macedonia - online на ФБ. Среќно кампување!