Гледам има многу пишувано ама никој нема ништо одговорено Каде може да се кампува низ Македонија? Некои убави места?
Топли вирови - Демир Капија, и скоро секоја планина што има шума и вода во близина. (внимавајте за во шума според нашите идиотски закони треба дозвола од Македонски шуми мислам, за движење низ планина)
Здраво! Дали знаете сега колку чини годишно за приколка во кампови на краците во грција? Конкретно ме интересира за камповите Арменистис и Платаници на вториот крак, ама било кое инфо за било кој камп на краците е добредојдено.
Ако имаш инфо,сподели. Гледам дека и камповите се повеќе од дупло покачени од пред мн годими кога одев со моите
здраво...прв пат на кампување ќе се оди во Арментиси-Грција.. Ако може некој искуство да сподели? @duffi ? Како е хигиена на тоалет?Безбедност навечер со спиење?
Ќе одите со сопствен камп? Немам такво искуство. Ние летуваме во нивните сместувања. Тие се со сопствен тоалет, кујна.. дворче. Иначе од тоа малку што имам влезено, пречисто е. Стално има жена која чисти по секој. Мириса на слатко и дезинфицирано. Безбедно е максимално. Обезбедено е. Заторено. Нема влез и излез по 00. Колата си е до тебе . Сопствен паркинг има за секој.
Леле Дафи,да си до мене би те изгушкала!! Фала за брзиот одговор! Ептен сум исплашена..Да,од тој аспек на безбедност...Мислам,надвор ко да спиеш.Му викам на маж ми шо ако некој на спиење ни влезе во шатор и ни ги украде децата..Е до таму одам! Инаку да,сопстевн шатор.Ептен му е филм на маж и тоа сака со нас со семејството.Ја го бркам см да си одо А кажи ми,колку што го гуглав местово,има и гиро,продавница? Нешто друго ресторан со храна?
Ептен е безбедно и средено. Најубав кампинг и најлуксузен е во тој крај. Со средени улички, персонал куп. Сите љубезни и ти стојат на располагање. Ич да не се секираш од тој аспект. Хигиената е на највисоко ниво. 10/10. Плус тоа е една од најубавите плажи на Ситонија. Ако не сте на лежалки, паркирајте се до водените спортови од десно. Тоа е најплиткиот дел а воедно и најмирниот. Нема никакви бранови во тој дел. Има маркет и во него има баш се. И месо. Секаков вид . Свежо и маринирано. Има мал ресторант со брза храна и пекара. Единствено што нема е гиро. Прават ход дог, солени и благи палачинки, сендвичи, секаков вид салати готови има во секое време. И еден голем ресторант кој е на морето со морска храна и се што они готват, а преку еден има готвена храна. Од дуќани само еден за секакви реквизити за плажа, магнети и нивни брендирани производи. На плажата има игралиште за деца. Исто и бич барот работи за пијачка ноќе. А скоро секоја вечер, посебно на викенд има некој настан. Сакав да прикачам некоја слика ама на сите има по некој. Сигурно ја имаш отворено нивната официјална страна. Баш е како што е напишано. Што треба, прашувај.