На испитувањата во 12та недела ми излезе кандида. Знам дека не е премногу страшна, но подобро е кога ја немаш. Немам ни чешање ни црвенило, но белото перење ми е погусто и со неприродно жолта боја. Докторката ми рече за сега да не преземаме ништо, освен ако јас самата сакам да пијам едни таблети ( заборавив како се викаа). Исто ми рече да не се мачкам со кантарионово масло, бидејќи помагало за разбножување на кандидата. Како се соочивте вие што имавте сличен проблем? Фала ви однапред
И јас имам бела течност одвреме навреме и сега сум на 10ти па ќе кажам да видам што ќе ми каже.Ама јас правев микробиолошки брисеви и немав ништо. Како те прегледа тебе??
Исто со земање на микобиолошки брисеви вагинално. Во 12та недела се прави и пап ама јас брзо имав направено, па затоа немаше потреба. Сега секретот на моменти ми е жолт, немам никаво чешање или иритација, но наодот си најде габа ме нервира самата помисла. Освен понекогаш измивање со камилица и редовна хигиена, по некој чај од брусница, незнам што да преземам
А Cacuvche штом на микробиолошките немаше ништо, тогаш и нема ништо. Белото перење кај трудниците ми се чини вообичаено е поспецифично заради промените што настанале
И јас имав кандида во бременоста. Ја имав и пред тоа. Гинекологот ми препиша вагиналети Нео-Пенотран Форте и Кансен. Вагиналетите ми помогнаа. Откако се породив, кандидата ја снема.
вагиналети канестен, и после кај 8 месец ми се јави и чешање па сама зедов канестен крема. И по породувањето исчезна , бидејки се чистиш.
Епа ќе видам докторката како ќе кажи. По се изгледа вагиналетите не ми бегаат само ми е чудно дека немам некако големи симптоми. само бојата на белото перење ми е променета, а од чешање ни ч нема
Bremena sum 8 mesec i imam kandida cela bremenost. Ginekologot veli se e ok ne e nisto strasno, megjutoa zemav za sekoj slucaj poliginaks vaginaleti. I soprugot prifati od mene, ima crvenilo i nekoi mali brumcinja. Dali imate iskustvo nekoe so kandida kaj maskite, dali moze da koristi kanesten mast?
Jas ja imam na bris od vagina. Stavam vagisan ama ne zabelezuvam podobruvanje. Bezbeden li e kanesten mast?
Маста е за надворешна употреба и секогаш е најдобро во комбинација со вагиналети да се користи. Знам дека се безбедни Полигинакс и Гинодактарин во бременост и се ептееен ефикасни, дури и сега само тие ги користам по потреба. Консултирај си се со докторот пред да земеш други, прашај го за овие.
I jas imav kandida vo vtorata bremenost , a i sporugot ja prifati , isto imase ceshanje i crveni brumcinja . Doktorot mene mi dade vaginaleti , neznam kako se vikaa , ama bea samo za tri dena ( tri vaginaleti bea ) , a za soprugot mi preporaca kanesten mast da stava . Posle edna nedela od terapijata imav zakazano mikrobioloski , koj izleze cist . Za sekoj slucaj , nie pak po sovet na doktorot prodolzivme so kanestenot , dodeka ne ni zavrsi , na slednite konsultacii mi rekoa deka nema potreba da koristime mast vekje . Odnosi nemavme za vreme na lekuvanjeto , isto po sovet na doktorot .
Имам дома гинодактарин баш ќе го прашам др. кога ќе одам во среда дали смеам. На нив пишува дека не се користат во прво тромесечие. Јас сум веќе второ, ама мора да си прашам прво.
Јас имам кандида, на брисеви немаше ништо, ама белопрање имам и сега ставам микорил вагиналети. Одвратни се за ставање, ама што е тука е, се за бебушите. Мислам дека во зависност од состојбата одредуваат кои вагиналети.
Мене ми рекоа канестен вагиналети. Јас имам кандида и на вагинален и на цервикален брис, уште пред да останам трудна, што не сум пробала, не можам да ја излечам. А симптоми никакви немам.
Во упатството на Полигинаксот пишува дека не се препорачува за време на бременост и доење. Затоа земав Канестен 3 вагиналети, тие не се дозволени само во првото тромесечие, според упатвртвото исто.
Здраво на сите, имам едно прашање: дали сте имале искуство со кандида во бременоста (2. трисеместар), како сте ја откриле и како сте се лекувале? Мене денес на преглед преку мокрача со лентите ми рекоа дека имам кандида, па да земам вагиналетки и крем три дена. Ми е мисла што немам баш никакви симптоми, мокрачата ја дадов попладне оскудна беше и не ми е сигурно колку е тој тест достоверен? Пред една недела правев тест во лабораторија крв и мокрача, се беше чисто. Може ли воопшто кандида да се открие преку мокрача, јас мислев преку вагинален брис.. Не знам што да правам дополнителни испитувања не се нафатија да ми направат, не знам дали да инсистирам, и на што. Дали е штетно да ги земам лекарствата ако всушност ништо не ми е? Во странство сум и затоа е се потешко. Фала ви!!