1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Канцеларија (The Office US) [2005-2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 5 март 2015.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Не ми се верува како до сега некој не отворил тема за серијава.
    Заршена е во 2013 со дури 9 сезони, адаптација на истоимената британска серија која сосема британски имаше само 3 сезони и вкупно 14 епизоди.
    http://en.wikipedia.org/wiki/The_Office_(U.S._TV_series)
    http://www.imdb.com/title/tt0386676/

    Јас неодамна почнав да ја пратам и за брзо време изгледав цели 3 сезони.
    Лесна е, глупаво-смешна, совршена за пред спиење и пуштање мозок на пасење.
    Некој ја прател до сега? Омилен лик?
    Мене моментално омилен ми е Џим, едноставно пресладок и премил ми е. Во комбинација со Пем нормално. И Мајкл не е лош, ама на моменти ми е навистина досаден и има исилени смешни случки.
    Најдоброто од прва и втора сезона
     
    Последна измена: 5 март 2015
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Јас па се чудам како никој не одговорил во темава!

    Офис е одлична серија. И британската ја изгледав (Рики е исто одличен) и американската. Чиста 10ка. Лајт, комична, просто да посакаш да продаваш хартија и тонери! И да имаш еден Двајт околу тебе! :)
     
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.664
    Еве одговор од мене. После 5 години.

    Штотуку ја завршив серијава. Можам само да кажам 10/10. Friends ми се на прво место, но морам да признаам дека The Office им се конкуренција.

    Серијава е одлична, те релаксира и ќе те насмее. Секогаш ми е позитивен денот откога ќе изгледам барем една епизода. Топло ја препорачувам.

    Btw, да започнам дискусија.

    Омилен и најмалку омилен лик ви е?
     
  4. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Само што ја завршив серијата одма осетив и дека ќе ми фали.. постојано си гледам и на јутуб инсерти од епиодите.:D
    Омилени Двајт и Мајкл, на почетокот ич не ги сакав али како минат епизодите не може да не се деси тоа:)
    Едноставно имаат карактер, секој си е приказна за себе. :rofl:

    Која ви е омилена епизода?
     
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Омилен ми е Двајт. Од досада ја почнав, стигнав до седма сезона. Џим и Пем во последно време ми одат на нерви. Многу ми се ванила некако. Двајт најинтересен ми е, изум е
    Најинтересна епизода ми беше ко им подметна пожар во канцеларијата