Спојлер Леле,сезонава им е лудило,најдобра до сега.Јако ќе биде со Тургут,баш ми е мило,про негативец е човекот Како што видов на промото,Тургут ќе му помогне на Махир да го најде Бејфенди само за да му се одмазди што нареди да го убијат,па интересна ќе биде соработката. Се надевам дека за ова судењето нема да се разделат Махир и Фериде,преубави се и двајцата,со душа ги гледам нивните сцени/
^^Таа е најтажна епизода,душата си ја оставив тогаш. Спојлер: 93 епизода Кога го видов финалето на Сител вчера и плус од кога ја изгледов 93 епизода сум прилично сигурна дека Махир го убил татко и на Фериде,натаму ми мириса работата.
Спојлер Не се знае уште,јас така напишав бидејќи претпоставувам тоа ќе се случи. Можеби сум грешка,чиста шпекулација. Инаку сега за сега не знае никој дека Мехмет е Господинот,освен мафијашите,Неџтет и Тургут
Дали можи некој да пиши линк каде можам да го гледам Карадај со превод со мк или српски, бугарски.. Пошто не сум во мк. Барам на ју туб нема???
www.natabanu.com www.movtex.net www.balkanje.com На сите три линка ја имаш серијата со српски превод,а ја има и на Јутјуб со бугарски превод,само не ја викаат Карадај,туку Хулиганът.
Се ближи крајот на серијава,уште 9 епизоди до крајот Спојлер 3тава сезона колку е возбудлива,толку е и клише.Многу работи се издешаваа и единствен среќен крај е ако Мехмет влезе во затвор,жив и здрав,а не да умре.Огорчени ќе останат и Махир и Фериде ако испадне дека таткото на едниот ќе го убие таткото на другиот,нема враќање после тоа.И бебето на Фериде се надевам ќе остане живо,многу трагична ќе биде ако го изгуби и ова. Во понеделник ќе биде и таа сцената со судењето,Махир си ја истриже косата,прав мафијаш е сега. Ќе ми фалат дефинитивно,ептен ми прирасна за срце.
Уште 9 епизоди на тв или ти до кај што си стигната? Моите ја гледаат, па и јас неколку епизоди покрај нив. Нема да бидат заедно на крај Махир и Фериде?
Спојлер Требаше да пишам,јас ја изгледав 104,во Понеделник ќе испадне 105 и до крај уште девет.Фактички серијата има 114 епизоди,барем така пишуваше на интернет. За Махир и Фериде не знам,крајот уште не е испаднат,јас онака си шпекулирам.
Спојлер Махир се пријавува дека пукал во татко и на фериде за да го заштити татко му кој всушност пукаше. Фериде на верува дека Махир пукал во татко и. Назиф баба доби срцев удар и се чека да оздрави(ако оздрави) и да и каже на Фериде кој всушност пукал во татко и. Тургут и Белгин имаат план од предходно,Махир да дознае дека татко и на фериде е главниот виновник за се и махир да оди да го убие. Фериде да му се налути и да го осуди доживотно а Белгин да го убеди махир да му помогне да избега од затвор. Со тоа Махир и останува на Белгин а Фериде му следува на Тургут. Бидеќи Мехмет саим е жив, Тугрут му припрема досие на Махир за убиството на Сеит и во 105 епизода, Фериде ке го суди Махир за убиството на Сеит. Мехмет Саим преживува и ја убедува фериде да го абортира бебето. И мајка и се слага со тоа, а разлогот е да не роди дете на еден мафијаш.А Махир е решен да се оддалечи од Фериде, да избега од затвор и да ја доврши работата која ја започна на почетокот, односно да расчисити со сите мафијаши во градот.
Дали некој знае каде можам да ја гледам епизодата 106 од карадај .. на многу страни кај што отворив не е добар квалитетот на таа епизода и никаде не можам да ја најдам со превод .. ако некој знае може да ми пише ...
Јас овде ги гледам,со бугарски превод.Многу брзо ги ставаат епизодите,во понеделник излегува епизодата,во петок веќе ја има преведено. Ако не сакаш на бугарски,сигурно ја имаш на movtex.net или natabanu.com
Спојлер: За финалето Само што го видов трејлерот за финалето и ако стварно се деси тоа,јас се откажувам од турскиве серии,не е фер. Сепак мислам дека е само teaser,да не заматат продуцентите,бидејќи не верувам дека би ни покажале се во еден фрагман. Се надевам на среќен крај,многу се надевам...
Спојлер Не беше последната епизода,само трејлер за неа.Имаше скок за неколку години,стоеја сите над гробот на Махир и после си заминаа од Истанбул цела фамилија Кара. Сепак мислам дека Махир ќе си ја лажира смртта за да не остане во затвор и ќе заминат најверојатно во Трабзон,оти ако стварно е мртов нема да можам да преболам