Матер му еам ... го даваат еднаш неделно ( Сабота ) .. таман да заборавиш што си гледал последен пат .. -.-
Иако турскиве серии се со тажен крај ама мислам дека нема да умре.. И така е филмов од неговото име. Како уште од мали не ги сакаме лошите батковци у филмови кои секогаш наоѓаат начин да се спасат. Така и јас, едвај дочекав овој Господинот да го упукаат ( се надевам ќе умре ) и за мене филмот е завршен. Целта е постигната. Сега што биде нека биде и така нема многу да трае xaxa
Mahir nema da si gi izvalka racete so Gospodinot...Turgut ke go stori toa.A sto se odnesuva na 'smrtta' na Mahir,mislam deka e lazirana,so cel da ga zaminat nekade so familijata i da ziveat miren i spokoen zivot.
^Ставај спојлери во иднина,има луѓе што си ја следат на Сител и немаат стигнато до таму Спојлер: 114 епизода Многу ги летнаа работите,пример јас сакав да гледам постепено како се заљубуваат Јасин и Суна,срцки ми се 1,2,3 месеци и свадба напраи Орхан и Илкнур се сврши за Ердал,(ова го претпоставував уште прва епизода ),и Осман се врати на факс... Мислам дека требаше оваа да им биде финална,со тоа што на крајот ќе го пуштеа Махир од затвор.Иако нереално му ја намалија казната,со прикаските на Фериде,ретко кој криминалец така лесно се извлекува,посебно од суд. А за последната епизода,и јас мислев дека ќе ја лажира смртта,ама ако добро размислам па и нема некоја причина зошто.Само 5 години му останаа,не се малку,ама не се и многу.Зошто да ризикува слобода и да живее живот во страв? Не знам,стварно не знам.Али ич нема да биде фер ако умре,ич!
Не можам да ти дадам детали зашто не ја следам серијата ама мајка ми ја следи со превод па веќе ја има гледано и само тоа ми кажа дека има среќен крај.
Тоа е најважно да има среќен крај и јас при крај сум веќе на нет гледам и се надевам искрено дека ќе биде со среќен крај , мора да бидеее !
Една кратка рецензија на финалето и воопшто на серијата Спојлер: Финале Еден од подобрите краеви,посебно за турска серија.Се изнаплакав и тоа првпат онака од среќа,убаво ми дојде на душата.Епизодата изобилуваше со прекрасните поетски мисли на Назиф,тоа е дел од серијата кој најмногу ми се допаѓаше од серијата,се разбира после големата љубов на Махир и Фериде. Срцето ми застана кога Неџтет излезе од казиното,демек го поразил Карадај,но кога ги видов изразите на целото семејство Кара,јасно ми беше дека Махир ги чека во нивниот стар крај.До крај убаво осмислено,секој си доби тоа што заслужува,вака или онака. Иако реков дека 114 подобро да беше финална,грешка бев,ова беше ептен добро составена епизода,верувајте одамна вака не сум се смеела со солзи на некоја серија или филм. Енормни пофалби кон целиот кастинг,посебно кон Кенан и Бергузар.Имам кажано и порано,Махир и Фериде ми беа совршениот пар,хемијата и глумата,извонредни.Баш прочитав интервју за серијата и Кенан зборуваше колку се восхитувал на улогата на Махир,на неговата љубов кон Фериде и начинот на кој ја изразуваше,со такви зборови да те стопи за цел живот. И мора да се додаде огромната почит кон семејството и борбата за правда,еве за мене серијава е полна со поуки и наравоученија,браво и за ликот на Назиф Кара и Четин кој како и секогаш знае да изглуми до најмала емоција. Воглавно,јас сум многу задоволна од серијава и ми е прва на листата најдобри турски серии,ете само на оние што ја следат на Сител,ако се во можност препорачувам да ја погледнат на интернет.Убавите зборови ,треперењето на гласот,болката и радоста не можат да се пренесат со синхронизација,не само за турски серии,туку воопшто за што и да било. За крај,едно сликиче од лепотанов,
Женски може ли некој да ми раскаже што се случуваше во 2те епизоди од викендов што помина(8ми и 9ти август)? Или некаде да ги најдам, мајка ми сака да ги гледа.
Карадај ми е најдобра турска серија. Напнато е, интересно, има смисла, не е како тие другите со глупава содржина и тема.