Карадаи (Karadayi) ^^^ Не се сомневам во глумечките способности на Туба, но некако фацата не ми одговара за овој карактер,многу ми е мила во фацата и како уплашена дури,а Фериде е прикажана како ептен сериозна-озбилна личност,Берѓузар е перфект за оваа улога,сепак секој си има своја замисла во главата. Е сега друго да прашам, на натабану ги има до 35 еп. Дали тука завршува прва сезона? И дали некаде ги има од 35 епизода па нагоре епизодите,преведени по можност на некој ex-yu јазик ,па можи и бугарски или англиски.ако ги има ќе ве замолам за линк
Карадаи (Karadayi) Според најавата се чини дека е добра серија. Но, секако ќе биде уништена со нашата сихронизација. Ми фали серија со превод. Ќе почнам да ја гледам, па ќе видиме колку е интересна.
Карадаи (Karadayi) Ова е многу лошо...серијата уште се снима а они почнаа да ја даваат кај нас. Некаде читав дека ке има 72 епизоди. Така почнаа со Бурни времиња и Величенствениот да ги даваат додека таму се снимаат и затоа направија голема пауза додека продолжат за втората сезона. Пак со Бурни времиња добро беше, иако имаше голема пауза некако се вклопивме (иако јас за време на паузата овде ја гледав на туската програма директно) ама за величенствнеиот после толку голема пауза и неколку прекини право да ви кажам од изгубивме ритам и некако ми е безвеза сега и слабо ја гледам. Народот изгуби ритам.И нашиве без веза ги кратат... не кога им завршува сезоната , него они самите си прават сезони па од 2 нашиве си прават 3-4 сезони.....Не ме бендисува што земале незавршена серија.
Карадаи (Karadayi) Karadayi ќе ја даваат на Сител арно му текнало Браво. Ова е една од нај добрите серии што сум ја гледала,додуша не ми е до крај изгледана Приказната е супер,глумците се сите кој од кој подобар,тек каков прекрасен пар се Кенан и Бергузар се е супер,да се надеваме и Сител ќе ја даваат цела серијава,дефинитивно нема шанси да ја дадат без синхронизација.што се однесува со снимањето сигурно се прикрај а можеби и е завршено снимањето,штом на интернет веќе има 50 и + епизоди ако не и 60 значи нема да има чекање епизода по епизода.Ја препорачувам гледајте нема да зажалите никако
Карадаи (Karadayi) Наскоро ќе почне на Сител,ама нема да ја гледам,преку глава ми се турскиве серии,само Притаени Страсти,Величествениот,Судбината на Фатмаѓул и Бурни Времиња никоја др серија не гледам,до душа другите се репризно давани
Карадаи (Karadayi) Ах бе само Турски серии даваат.. Нека дадат некоја поинаква која цел свет ја гледа,а не вакви сапуници...... Езел нека си ги избричи мустаќите,поубав е без нив
Карадаи (Karadayi) Ако немаат гледаност сапуниците нема да ги даваат,пошто гледаноста е голема затоа се снимаат и се пуштаат на тв,каква друга светска сакаш да гледаш?? Дневниците на вампирот? Или One tree hiil?? или нешто слично на нив ?и ти е се сапуници "Езел" глуми по возрасен лик во оваа серија и мустаќите баш му одговараат убав си е човекот и со и без мустаќи. Туку друго ме интересира,што пишувате во теми каде што нешто не ви е по ќеиф,ако не гледате турски серии не мора ни да коментирате тука,ете толку е лесно
Карадаи (Karadayi) Сакам да ја гледам оваа,ме заинтересира,и Езел си го сакав Ама оваа глумицата од Шехерезад ми е многу антипатична,ќе ми ја груби серијата
Карадаи (Karadayi) Шехерезад прифатила да биде со Езел, за инат на Величенствениот. Тој цел харем ќе има, еее еве ја сеа- па макар и со гејот Езел (нели збореа, сакал мажиња) Шала на страна, немам ништо против глумците. Интересно ми е како ги најавуваат турскиве серии. Бетер од вондредни вести се Тадададаааааааам
Ами па и за кого не зборуваја дека е геј,овој геј бил, Бали бег геј,аман бе маж не оставија во Турција Сето само дезинформации само да се полнат жолтите штампи со глупости,и за Бергузар и Халид се зборуваше дека се разоставаат дека та љубоморна на него и што ти знам што други глупости,а пак од друга страна лепеја слики како се заедно по одмори колку пари трошеле по хотели и луксузи ќе не качат на месечина уште малку ако продолжиме да веруваме во сите лаги и глупости Ај да се вратам на серијава Marossa Берѓузар и тука глуми многу јака личност ко во Шехерзад,али глуми ненормално добро,јас мислам намерно такви улоги и даваат оти има фаца за строга жена со јак карактер,можеби и затоа ти е антипатична,јас страшно многу ја засакав поради оваа серија
Баш ќе видам утре како ќе биде Можеби ми е антипатична заради сихронизацијата во 1001,не знам искрено што не ми се допаѓа кај неа. Нека си е геј Езелко,пак ќе си плакнам очи јас Сите згодни ги направија гејови.Није фер
Ќе ја синхронизираат и оваа ќе ја уништат,туку ако разбираш ја има на Dailymotion со бугарски превод до 45 епизода,да ти е ќеф да гледаш Tanja03 и јас се сложувам со тебе Во оваа серија ептен ми се погодени како пар двајцата се високи и убави и глумат пре пре добро да ти е милина да гледаш
Mене турскоиот јазик за слушање не ми е многу,ама пронајдувам зборчиња кои ги користам секој ден. ^Некој да не се навреде за ова,само тоа е мое мислење. АЈДЕ ЕВЕ ДЕНЕС ЌЕ ВИ ПОЧНЕ ДА СИ ЈА ГЛЕДАТЕ
Леле колку лоша синхронизација Махир неможам да го слушам, кој ли го синхронизира воопшто не му одговара гласот
Сега за сега ми се допаѓа серијата, ми изгледа дека има доста труд вложено во нејзината тематика. Меѓутоа како што погоре спомна Marossa, исто и мене бившата Шеќерезад ќе ми ја груби серијата. Колку и за во оваа улога да се бара сериозна личност, не значи дека не може да биде слатка и нежна како Аси (си ја обожавам), сепак се работи за љубовна приказна. Ај што не ми се допаѓа како жена, нема ни добри црти ни женственост, но и со Езел не ми се баш складен пар, дури повеќе ми се допаѓа за него неговата несудена вереница.
Не се амерички = сапуници се. Како не научивте до сега? Тууу... Нејсе интересна е, ми личи на успешен проект вака почетно ... како прв впечаток вака, не ми се допаѓа ликот на вереницава на Махир. Некако е плитка и површна, а и малку разгалена. На што личеше тоа, од јадење го стана за да му труби за некоја сала за свадби. А колку убаво си ги прават во маалата. Па сите украсуваат, па комшииве растрчани... мене баш ми е поинтересно така.