Врска немам од турски јазик и мене ме интересираше што поточно значи Karadayi? Гледам на бугарски е преведена како Хулиганот е сега јас ја гледав на турски со српски и бугарски превод,понекогаш малиот Назиф на Махир му вика Карадаје,е сега колку шо знам Кара на турски е Црна боја и Даје значи Вујко значи му вика црни вујко ама пак незнам дали држи место имево од серијава да е во превод црни вујко(немој да ми се смејте) по логично ми е да е Хулиган,ако има некој шо разбира турски нека ни преведи
А нашиве толку паметни - ја преведуваат серијава, а што е најважно насловот на серијата не е преведен Бог да чува!
Да, многу е глупаво што се вика Карадај и кај нас. И они самите не знаат што значи. Принцеза Изабела ми е ептен антипатична, од кај ја најдоа до половини му е. Сакав да прашам што ќе биде со тоа што го најде Махир, отпечатокот или што беше? Ќе се докаже нешто или...?
Ви текнува ли на Езел, стариот што сите го слушаа го викаа Дае, нашиве го преведуваа “вујко“, исто и во Величенствениот сите се сеќавате на Дае, главната во харемот што водеше ред и закон, таа што се обеси а сега ја заменува нашава Сабина. Мажот ми прашал еден турчин што кај нив значи тоа Дае (вујко) кога го гледавме Езел и тој му рекол ова што ви го кажувам, значи “главниот“ во работилница, главниот мајстор го викале Дае, “главниот“ во село, во една населба, во улицата, во пазарот, према кого сите имаат почит, сите го слушаат, тој што ке каже тоа е непишан закон во маало, во село, во харемот, во пазарот и сл. Значи се сеќавам на реченицата на обвинителот убиец кога го сретна тој со брадата што требаше само да најде некоја жртва која ке ја прати во судот кај веќе мртвиот јавен обвинител за да ја превземе одговорноста за убиството, му врза еден шамар и му рече : Јас ти реков да најдеш некој слепец на кој ке му го накалемиме убиството а ти ми го донесе главниот и најпочитуваниот човек во населбата !!! Се сеќавате на првата епизода кога стариов Назив одеше на работа и по пат му кажаа дека имало проблеми во кафаната, се коцкале па се истепале....Назиф влезе во кафаната и сите мирно му стоеја и го искара газдата на кафаната што ја дава кафаната за коцкање,а газдава му се извинуваше.... Значи Кара(црно)дае(главен)...претпоставувам дека се работи за Махир кој најверојатно ке биде главен на кој сите ке му се тресат у маало. Серијата сеуште се снима, таму сега е 53 епизода.....по некои работи кои ги гледав на јутјуб, некаде во 10 епизода ке искочи и стариов од затвор.
Спојлер И јас се информирав за значењето,така е.Инаку дури во 50та епизода ќе го пуштат стариот од затвор,цела серија ќе пробуваат да докажат. Многу фрки ќе има понатака,само се надевам нема уште многу да снимаат,доста би биле 80-100 епизоди..
Махир го синхронизира Рубенс Муратоски. Истиот го синхронизираше и Полат Алемдар, но нему му стои поубаво гласот на Рубенс. Ама да се разбериме оргинал си е оргинал ама овие нашиве никако да сватат, еден зборува 5 души не знајш кој е кој
И Ибрахим од Величенствениот го синхронизираше Рубенс, и тој од Две фамилии мажот, како ли се викаше не ми текнува што стално викаше : лелееее Господе Боже..Господе Божее......
Со тек на време се ќе се дознае,ама уште е рано,мнооогу сплетки ќе се изнаслучат пред да излезе вистината на виделина
Може нема врска „кара“ со црната боја иако и тоа значи, туку со презимето на Махир и Назиф (Кара). Нешто како мајстор Кара ќе му дојде или???? Инаку мислам дека едно од значењата на dayı е „вујко“ затоа што Селим така го вика Мунир во „Судбината на Фатмаѓул“ па затоа го мешаат. Но, не ми е стручно мислењето не си го земајте здраво за готово, онака чисто импровизирам. A во Величенствениот, Даје ја викаа така затоа што тоa и` беше името (Daye).
“Кара“ можеби им е презиме ама Кара во секој случај значи Црно на турски, исто како англиските презимиња Браун што на англиски значи Кафејаво. Инаку има една серија која се вика “Караѓул“ и Кара - Црно/ Ѓул - Ружа (трендафил), значи Црна ружа и настанот се случува во еден град во турција (заборавив како се вика) и над него има планина каде што едниствено таму во целиот свет расте Црна ружа. И затоа мислам дека Карадај значи тоа што го кажав. http://www.turkishdrama.com/black-rose-karagul.html
Јас серијава си ја гледам на филмовизија... колку. што сум јас инфф името е е дојдено од нивното презиме и кај нас би требало да биде КАРАДАЕВИ(Нели Кара се презиваат) ама МК и се е можно гледајте нема да зажалите допрва се смешките со Махир(Салих) и Фериде )))
Видовте ли бе во последната епизода, татко и на судиката министер криминалец во друштво со обвинителот Тургут и ово газдата на весникот го скроиле планот за убиството на Јавниот обвинител оти им ги открил криминалите. И сега што ке биде ?? судиката Фериде за да го ослободи татко му на Махир ке треба да си го осуди незиниот татко
Почнаа да и светат очите на судијката баш си одговараат како пар со Махир, а оваа вереницата што му е како барбика некоја. -пластична барбика
Тссс зарем се сомневавте во мене Не бе се случува и јас за многу работи сум се противела а потоа сум сфатила дека сум грешка.на почеток ко го видов тој што го глуми Јасин-кибрит баш си реков кај го најдоа овој бе колку ми е одвратен,нели глумеше и во Езал негативна улога и многу го мразев,ама овде во Карадај ми стана ептен мил