И јас саκам неκој ваκов да си најдам ρетκо има луѓе κаκо Махиρ, а се почесто убавите κρуши свињите ги јадат.
Богами,ептен нереално е неговото тепање,сите се плашат од Махир,најмногу Барутот Многу секси човек е,кој длабок поглед го има,да се изгубиш
уште едно прашање од мене - од која серија ми е познат овој синот на чентин, овој што ке се вери со фериде ?? Цело време се мислам и никако да ми текне во која серија сме го гледале !!
Не е многу ама пак не е ни малце време во серијава. Туку ме интересира какво мислење имате за Орхан Кара? Мене на неколку пати ми идеше да го премлатам од ќотек а инаку згоден дечко е не е за фрлање
Орхан ми е небитен лик,онака привлечен за око,ама ептен иритирачко и избувливо однесување.Не размислува пред да направи нешто,па после брат му го прибира нередот што го направил. Туку само што видов дека ќе има и трета сезона на серијава,мислам дека премногу ја завлечкаа, треба да заврши поскоро. И ако има уште некој што ја гледа напред,нека ми даде некој линк со превод,оти натабану многу бавно преведува,заглавени се на 62,а има веќе испаднато 73 епизода.
Серијава не почнав да ја гледам затоа што мислев дека нема да биде убава но последниве денови ја гледав и многу интересна ми стана и баш криво ми е што не почнав да ја гледам имаше една страна на интернет и сега таму ке ја изгледам цела серија
Блесандер....не знам од толку добри родители и ОК семејни врски помеѓу деца од различни мајки и татковци кои живеат сложно и се почитиваат како брат, сестра, мајка, татко, не знам како се испили карактер како на Неџдет. Илкнур умира за стариот Назив како да и татко а всушност не и е ништо. Исто таква е и за Махир. Или пак Махир колку ја почитува мајката и ако не му е мајка, исто и сетрата Илкнур. А овој невоспитан, избувлив и најбитно од се мислам се доаѓа од неговата љубомора кон Махир. Комплекс на пониска вредност и нонстоп сака да се докаже пред семејството со избрзани одлуки , и секогаш греши.Погрешни пријатели запозна и во пгрешно друштво се вклучи.Башка на све, многу горд, не попушта....Јасин го вади од затвор а тој ја признава грешката, и уште на сето згора бега од затвор. Многу егоистичен, не размислува дека го страми семејството посебно татко му кој се бори да остане чист. И вака изгледа дека цело семејство Кара се багабонти. Оној според паметот што го носи не треба да излезе од затвор. Не знам каква ке му биде иднината ама не гледам светла иднина за него ,можеби и убиство. Гледам натабану, сега сме некаде 37 епизода а јас сум до 46 и го гледам дека се повеке заглавува.
Уште си била назад со гледање,уште повеќе ќе заглави и глупости ќе прави ама со тек на време ќе се свести. Татко и на Фериде моментално ми е нај иритирачки лик во серијава,ми трча по живци ме нервира повеќе и од Тургут.
Интересна е серијава, ја даваа на една програма пак на телевизијата (дали хрватска или српска беше не ме фаќајте за збор) и е понапред.Јас не ја гледам таму зашто потоа нема да ми е убава. овој Орхан ми е антипатичен и одвратен, со прв поглед секој ќе сфати дека е нервозен :geek: Махир иако не им е вистински брат,алал да му е.Се гледа дека ги сака како вистинско семејство,колку ги почитува,буквално се’ прави за да го спаси татко му А што ќе биде со Фериде и со оној што го зема? Татко и на Фериде и со овој другиов Спојлер (татко му е изгледа на овој што сега е со Фериде) ми се неподносливи. За Ајтен ми е жал, не заслужи така , ама ајде белким со Неџдет ќе си се сложуваат.
единствен сериски филм што го гледам ако знае некој како и што ќе се дешава нека пише во спојлер ,пуста љубопитност,ќе ме убие
Имам пишувано и во претходните страни,ама ај накратко ќе опишам. Спојлер Ќе го дознаат Тургут дека е виновник за се,и Јасин,Махир и Фериде ќе бараат докази.Махир ќе и биде уште лут на Фериде бидејќи е свршена со Синан,ама после неколку епизоди таа ќе ја раскине свршувачката.Тургут ќе ја исценира својата смрт со помош на Министерот,ама Махир брзо ќе го открие,ќе го намести,ама Тургут ќе се пука и ќе го обвинат Махир.Ќе биде во затвор Махир,ама ќе го пуштат брзо,а Тургут ќе преживее и ќе го стават него во затвор..Во меѓувреме додека Фериде е судија ќе го пушти Назиф и ќе си ја продолжи врската со Махир.Потоа Судот од Истанбул повторно ќе ја истражува и ќе шпекулира за нејзината пристрасност кон Назиф и Кара фамилијата,а башка и брат и ќе ја пријави дека е во врска со Махир(под уцена на Тургут).Ќе дојде нов судија на случајот на Назиф и одма ќе го скрши пенкалото,па Кара фамилијата заедно со Фериде ќе сака да бега.Фериде нема да се појави бидејќи брат и ќе се убие,а Кара ќе ги наместат итн итн.Натака не ми е убаво гледано,без превод е. Вечерва е финалето од втора сезона,изгледа ќе има некој голем пресврт,ептен се дискутира по интернетот.
Да да дефинитивно ќе има голем пресврт во трета сезона според ова што читам мислам дека многу далеку забегуваат,Махир по душа ги тераше мафијашиве во серијава,сега и тој мафијаш ќе биди Не сакам да го видам Махир како мафијаш,со ова само ќе испадни дека татко и на Фериде беше во право кога и велеше да се тргни настрана од него дека тој е само еден обичен деликвент.и не сакам сега да му се разниша врската со Фериде. Ева на FB страната од Кaradayi денеска ова го пишува
^И јас не сакам да ги разделат со Фериде,конечно се заедно,аман веќе А иначе,најдов на една страна дека всушност насловот е варијација од Kabadayi(хулиган што го зема законот во свои раце),не знам дали го дискутиравме ова на првите страници. Не би го осудила ако се осмели на таков чекор,посебно ако му убијат некој ептен близок(Назиф или браќата и сестрите),очигледно е дека во системот нема правда,кога самиот Министер е врвниот криминалец. Едвај чекам за вечер,дури и директно ќе гледам,иако ништо нема да разберам