1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карактеристики за хороскопскиот знак - РАК

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од easyyyyy, 23 јануари 2011.

  1. kosmar4e

    kosmar4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    јас не сум рак ама ми се свиѓа :D

    Астролошки профил на родените во знакот рак


    Една од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.

    Нежни и грижливи
    Раковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.


    Срамежливи

    Раковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.
    Таинствени
    Дали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.

    Кога раковите се среќни?
    Раковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.

    Раковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.
    Страв да бидат неприфатени од другите
    Друга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.
    Проблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.


    Грижливи и сочувствени
    Раковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните. Знаејќи го ова, воопшто не е зачудувачки тоа што ценетата принцеза Дијана беше рак во хороскоп.

    Интуитивни
    Најбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.
    Не се директни личности
    Раковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.

    Неочекувани особини на раковите

    Зборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:
    Бес
    На раковите им е потребно многу лутина да им се собира за да избувнат, но кога тоа ќе се случи, подобро пазете се! Ова најверојатно е така, како резултат на тоа што раковите долго време се трудат да ги потиснат нивните гневни емоции, па кога еднаш ќе решат да ги пуштат да испливаат на површина, донесуваат големи одлуки. Така, многу луѓе се изненадуваат од ракот, бидејќи си ги спакувал торбите и си заминал, наместо, како и вообичаено да го прифати фактот дека ќе биде намуртен и депримиран, сè додека не се случи нешто кое ќе го расположи.

    Преземаат акција
    Кога најмалку тоа го очекувате, ракот се впушта во акција, без разлика дали смета дека постапува исправно или погрешно.

    Неверојатно издржливи
    Раковите се моќни личности, кои можат да се справат со секаков соперник кој стои на нивниот пат кон успехот. Не за џабе ракот има клешти нели? Па затоа, доколку забележите дека некој рак што го познавате, е решен да се бори за нешто свое, бидете сигурни дека нема да се откаже после првата изгубена битка.

    Склони кон депресија
    Кога е во меланхолично расположение ракот може да постане најстудената личност на планетата и ќе ве поведе со себе во депресивните мисли. Раковите имаат тендендција да размислуваат песимистички, но најчесто го кријат тој нивен страв зад нивната широка насмевка и смисла за хумор. Раковите сакаат да сонуваат големи соништа и според нив, „само небото е граница“. Кога плачат, тоа го прават бидејќи се навистина длабоко повредени однатре. Остар поглед или груб тон на глас, можат лесно да го повредат ранливото срце на ракот. Кога е повреден, ракот или ќе се исплаче од срце или ќе „одмора„ во неговиот заштитен оклоп. Како и да е, не е типично за ракот да му се одмаздува на оној кој му згрешил. Доколку реши да се затвори во своето безбедно психичко катче, бидете сигурни дека никако нема да можете да пристапите до него. Тој нема да крева на телефон, нема ви отвори на врата кога ќе му заѕвоните, ниту ќе го проверува сандачето за имејл пораки.

    Имаат бујна фантазија
    Додека разговарате со некој рак, ќе забележите дека неговите фацијални експресии ќе се променат многупати, отсликувајќи ги неговите многубројни емоции. Секое животно искуство влијае врз неговиот карактер и се врежува во неговата меморија. Тие имаат навистина бујна фантазија и понекогаш успеваат да го пренесат нивното моментално расположение на другите луѓе. Раковите го помнат сето она на кое животот ги научил и се вистински патриоти. Минатото ги интригира, па поради тоа тие обожаваат и да колекционираат антички предмети и разни остатоци со богато историско значење. Раковите се одлични чувари на туѓите тајни, па не е чудно што луѓето им се доверуваат по автоматизам.
    Искрени пред себе, затворени пред другите

    Интересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.

    Потреба од емоционална безбедност
    Ракот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.

    Потенцијал да стекнат богатство
    Раковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.
    Животно мото: „Силната одбрана е најдобрата одбрана“.
    Омилени бои: зелена, сиво-сребренкаста, крем и бела
    Најсоодветни професии: поети, писатели, познати актери, фотографи, уметници, археолози, историчари, доктори, менаџери, политичари, менаџери на човечки ресурси, готвачи, социјални работници, наставници
    Најголема предност: способноста на раковите да се грижат за другите луѓе
    Најголема потенцијална слабост: чувствување страв дека лошото искуство од минатото ќе се повтори во иднината.


    срциња се нели? :) :inlove:
     
    На Dream-Girl, martovsko cveke, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Уфф и јас сум рак! типичен рак очигледно по извадокот на kosmar4e. Скоро све ми е погодено, емотивни сме, се љутиме брзо, мењаме расположение многу многу брзо :) од друга страна сакаме да помогнеме и да се грижиме за другите :) и тоа за интуицијата е стварно точно барем за мене :D се криеме во нашиот оклоп за да не не повредат другите и многу тешко се отвараме :) е единствено не се согласувам за поврзаноста со семејството, јас лично не сум нешто поврзана... :) добри се ракчињата :D
     
    На Mami3, blueberry93, kosmar4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Познавам многу луѓе што се ракови во хороскоп, далеку од тоа дека се сите исти, ама можам да издвојам некои карактеристики што им се заеднички: премногу, нагласувам ПРЕМНОГУ емотивни, да не речам плачковци, лесно се приврзуваат, прават се за семејството и блиските, сколни се кон самосожалување, често се песимисти, срамежливи се и чувствителни, ама повеќето што ги знам се добри личности.
     
    На Nate- princeza и blueberry93 им се допаѓа ова.
  4. ParadisoGirl

    ParadisoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Nie Rakovite sme dosta komplicirani :D Pocnuvajki od sramezlivosta,grizlivosta pa se do cuvstvitelnosta...Ponekogas dovolen e samo eden nenamerno kazan zbor od nekoja stranka da ne povredi i celosno da go smenime mislenjeto za taa licnost.Mozebi prostuvame no nikogas ne zaboravame...Ne za badijala naseto moto e: Jas cuvstvuvam... :$
     
    На Nate- princeza, cresa-jagoda, Бисерче95 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    јас ги обожавам раковите некако ми се мили :) ,добри пријатели , имам позитивно искуство со раковите ,мислам дека тоа се личности на кои можеш да им веруваш,не поседуваат ниту една негативна особина како на пр,лицемерие или злобни.Тоа што погоре прочитав дека се премногу емотивни ,грижливи и срамежливи јас не го сметам како некоја голема негативна карактеристика туку баш тоа ми се допаѓа :)
    пс.симпатијата ми е во хороскоп рак :wasntme:
     
    На Nate- princeza, cresa-jagoda и blueberry93 им се допаѓа ова.
  6. Jani

    Jani Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    не да се лутиме. се не фура и пошо незгодно е да се расплачеш ке се подсокриеш некаде и ке пуштиш некоја солзичка.И да додадам дека разделбите многу тешко ги преживуваме. денес мислев дека ке умрам.. И уште нешто да додадам. НАЈДОБРО Е ДА ИМАШ РАК РОДИТЕЛ А НАЈЛОШО Е ДА СИ РАК ДЕТЕ. (НЕЗНАМ КАЈ ГО ПРОЧИТАВ ОВА) :)))
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Па скоро се е точно,а најмногу болдираното...
     
  8. Menence

    Menence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Па видете точно е дека роковите сме преомиционални јас се навредувам за многу мали ситници но не покажувам лутина туку во себе тагувам ете вака јас најмногу на свет си го сакам семејството и кога бев помала единствена желба ми беше сега малку ќе ви е глупо и безвезално но мојата желба беше тато мама и брат ми да се здрави живи и среќни за мене нисшто не посакаував но никогаш не си ја откривав желбата кога ке ме прашаа што посака велев барбика или некој слична играчка еве вакво ракче сум јас ии многу си го сакам знакот иако е многу наивен.
    за мене е многу важно да сакам и да бидам сакана да имам вистински пријатели никогаш не се друќам од корист и не сакам никого да повредам бидејки знам како е кога си повреден но понекогач несакајки може да повредиш некој близок :(
    ии тоа е сее :*
     
    На SexyGirl2 и flowersss им се допаѓа ова.
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не се пронаоѓам.
    Изгледа јас не сум типичен претставник на знакот.

    Прифаќам дека сум голема лутка, и се навредувам за најмали ситници. :D

    Но за ова никако не можам да се сложам.
    Барем според мое мислење - јас сум најголемиот оптимист што светот некогаш го видел.

    Точно е и дека сум горделива, барам правда и сум многу многу нестрплива.
    :|
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sexykitty18

    sexykitty18 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Има ли некој искуство со личност во хороскоп РАК ?

    Знам дека се љутат за ситници |( ,ама луѓе има ли нешто со што ке им помине лутината?

    Како да му се извинам ? :( :( :( ;( ;( ;(
     
  11. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Кога ке се наљутиме ние раковите брзо ни поминува, ама никад нема да заборавиме и никогаш не би се извиниле први тоа гордоста не ни го дозволува.

    Иначе јас сум рак ама баш све што кажавте е точно. И си го мразам знакот ептен би сакала да си заменам со бил кој само не рак. Многу лош знак сме. Може другите не скаат бидејќи сме добри другари ама раковите не се сакаат себеси воопшто.
     
    На Nate- princeza, cresa-jagoda, sexykitty18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    За болдираното морам да признаам дека е точно. :|
    И јас приметив дека сите ракови напишале дека се би дале да си го сменат знакот. :D Кој било знак само не рак.
    А јас пак, обожавам што сум баш тој хороскопски знак и си го сакам. :!:

    Пуста јас, никогаш не би си го променила знакот. :lol:

    По другарките ракови што ги имам сум приметила дека се многу фини, мили, срамежливи, повлечени и тивки (што не е и во мојот случај )
    Доста добри другари се и не сакаат многу многу да се истакнуваат.
    Се би направиле за тебе доколку им значиш, и многу малку зборуваат за себе.

    А јас си се чудам како сум сосема спротивна од тоа.
    :?:
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Па тука има влијание и подзнакот. Јас на пример во подзнак сум девица и многу малку карактеристики имам од тој знак. Ама и јас исто така не сум нешто многу повлечена дрдорка сум си :$
     
    На Mami3 и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Јас поголема вистина од ова немам прочитано. Најозбилно.

    Љубовен астролошки профил за женски ракови

    Припадничките родени во знакот рак најчесто погрешно се сфатени како непристојни, арогантни и непријатни личности. Запомнете, пред да почнете со каков било план за заведување, најдобро е да ја разберете и осознаете нивната личност. Тие сакаат партнер кој ќе ја разбере нивната нескротлива и променлива природа. Дури кога изгледа дека е лута на вас, таа едноставно така се „празни“ и ја ослободува негативната енергија. Тие се многу емотивни и знаат да ги пренесат своите чувства на другите околу нив. Спаѓаат во групата на оние знаци на кои поважно им е да посакуваат и мечтаат, отколку вистински да поседуваат.

    Женските ракови се многу едноставни кога станува збор за љубовта. Или ќе бидете со неа, или ќе ја оставите. Но, тоа не значи дека тие се без емоции и страст. Напротив, тие можат да бидат пречувствителни и полни со страст. Чекорат по својот пат стабилно и им веруваат на донесените одлуки, без да се навраќаат на минатото. Затоа, најдобро е да ја заведете жената-рак кога таа е расположена. Доколку не ѝ е погоден денот, сите ваши надежи се осудени на пропаст.

    Како тогаш да ја „намамите“ жената-рак да се заинтересира токму за вас? Бидете директни. Таа сака партнер кој нема да биде материјалист и алчен. Бидејќи самите по природа се срамежливи и резервирани, тие се воодушевуваат и го ценат оној партнер кој е доверлив, искрен и секогаш отворен. Доколку не ги исполнувате овие услови, засекогаш ќе бидете избришани од нејзината листа. Кога оваа жена сака да биде со некого, без разлика дали ќе биде тоа врска или обична романса, работите ги сфаќа сериозно. Тие се личности кои не сакаат промени, освен во случај ако за тоа постои заедничка одлука.

    Таа ќе нема проблем доколку реши да ве остави. Звучи сурово и така е. Но, покрај целото студенило, тие се страсни мечтатели. Женските ракови се романтичари. Кога еднаш ќе го пробиете железниот оклоп, внатре ќе наидете на сладок пекол. Тие ја сакаат романсата и еротиката. Сакаат да бидат обожувани, сакани и чувани. Ако барате повеќе од пријател со бенефиции, тогаш направете сè за да допрете до нејзината емотивна страна. Кога е со вас, таа посакува да биде единственото нешто кое вие го гледате. Сака да биде сигурна дека вие сте тука само за неа и не постои друго место на светот каде би посакувале да бидете. Бели кринови или рози се одличен избор за подарок со што ќе ја добиете нивната наклоност. А верувајте, посакувате да станете нејзин миленик повеќе од што било на светот!

    Овие припаднички повеќе ја ценат самата помисла за некое дело, отколку остварување на истото. Случајно сте ѝ купиле сребрена брезлетна со месечинки, бидејќи таа спомнала дека има интерес за небесните работи. Со тоа сте ѝ покажале дека внимавате што зборува. Кога ѝ оставате утринска порака на нејзиниот автомобил после состанокот, ѝ покажувате дека мислите на неа. Ја изненадувате со вечера со свеќи кај вас дома, и таа знае дека сакате да се чувствува пријатно бидејќи немате планови за надвор. Овие напори ќе ја придобијат нејзината доверба и таа ќе посака да бидете заедно уште повеќе.

    Таа има традиционални ставови кога станува збор за состанувањето. Сака да биде сигурна во одлуката што ќе ја донесе. Немојте да бидете изненадени доколку „глуми“ недостижна и ве тера да ја освојувате по кој знае кој пат. Тоа е нејзиниот начин на кој ги елиминира идиотите и губитниците, од заштитниците. Тие се заситуваат и заминуваат. Жената-рак гледа на секој можен додворувач како потенцијален партнер кој ќе биде долгогодишен. Не, таа не очекува веднаш да ѝ понудите брак, само сака да знае дека го посакувате тоа што таа го мисли.Таа нема да очекува понуда за брак толку рано во врската, но вие ќе бидете тие кои ќе го посакувате тоа. Штом ќе го придобиете вниманието на оваа жена, нема да сакате лесно да се одвоите од неа. Овие жени-ракови поседуваат црти на домаќинки и мајки. Не, таа нема да ја има улогата на мајка во вашата врска, но верувајте, ќе имате сè што ви е потребно дома. Таа ќе се грижи за работите кои ви се потребни и на двајцата и вие ќе бидете изненадени како досега сте живееле без неа. Понекогаш токму ваквите особини на овие жени може да бидат причина за проблеми и караници во врската.

    Тие се личности кои секогаш ќе ве поддржуваат, што истовремено е и нивна слаба страна. Штом таа ве пушти во нејзиниот свет, ќе дознаете зошто било тешко да се освои уште првиот пат. Тие кои ја искористиле, длабоко ја уплашиле. Иако со текот на времето раните се лечат, кај овие жени тие никогаш не исчезнуваат. Затоа е важно да се разбере нивната личност. Понекогаш може да изгледа дека вие сте тие кои ја плаќате цената за другите, но тоа не е така. Оваа жена знае дека единствената личност која ќе ја заштити, е самата таа.Да, жената-рак е тешка да се освои, но затоа кога ќе ја имате, сфаќате дека вредел секој ваш напор. Нејзината страст се споредува со онаа што ја има хороскопскиот знак овен. Таа може да биде спонтана и возбудлива. Знае да сака длабоко и ужива во еротски љубовни сеанси со бакнежи од кои ѝ се свртува во главата. Никогаш не треба да се грижите дека ќе бидете напуштени, бидејќи таа е цврсто лојална. Таа нема да ве остави наеднаш без ништо, како што ја оставале неа.

    Не дозволувајте суровата реалност од нејзиниот живот да ве разубеди да бидете дел од него. Таа со сигурност ќе го заборави минатото и нема да се навраќа на него. Сака да продолжи понатаму и посакува да има некој со кој заедно ќе чекори напред. Дајте ѝ шанса, разберете го нејзиниот нарав и ќе бидете наградени. Ќе имате прекрасна жена покрај вас која ќе ви понуди удобен живот исполнет со задоволства. Ќе ви подари љубовна врска која ќе биде возбудлива и стабилна. Со неа ќе ја почувствувате страста толку длабоко, што никогаш нема да заборавите колку сте сакани. Затоа, само напред, скршете ја железната школка, а потоа уживајте во сите слатки нешта кои ги поседува оваа жена.
     
    На Nate- princeza, Antebellum, Esmeralda-MD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Се е ВИСТИНА особено болдираното. Останав без зборови. :x
     
    На Esmeralda-MD и Sara123 им се допаѓа ова.
  16. Chennole

    Chennole Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    23
    Се е точно освен овие 5 нешта :) Јас сум во хороскоп рак :)
     
  17. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    јас за жал сум рак.. туу како не сум се родила некое време подоцна или порано немаше да бидам сега некомукативна, сериозна и без смисла за хумор
     
  18. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.544
    Пол:
    Женски
    Се чудам како хороскопскиот знак може толку да влијае на една личност, јас сум рак и не видов нешто што не е точно :^) Иако многу во некои ситуации ни ги отежнува работите барем сме добри по душа, се гледаме во рајот :angel: :P
     
    На Nate- princeza и blueberry93 им се допаѓа ова.
  19. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Кај мене детето ми е хороскопски знак рак значи претешко е да испаднеш накрај со него никогаш неможам да сфатам што мисли,што сака додека си игра наеднаш ке му текне нешто ке се налути и ке исфрли се ..Многу тежок ми е поздрав до сите ракови :)
     
    На SexyGirl2 и blueberry93 им се допаѓа ова.
  20. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Е такви сме, тешко можат да не разберат.:D
     
    На Nate- princeza, blueberry93 и flowersss им се допаѓа ова.