1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карактеристики на разгалените личности

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од jEwElRy, 3 јуни 2013.

  1. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Мислам дека добро проверив и дека слична тема нема. Ако има-слободно избришете ја оваа.
    Според мене, оние кои се премногу мирни и срамежливи во јавноста се доста разгалени. Или барем јас така мислам :$ !!! Па, ќе ми го кажете ли вашето мислење за оваа тема :hai:
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Не срцка разгалени се оние што незнат повеке што да направат во животот од што се презадоволени од се, тие се баш оние што глумат главни "фаци" во градот, а и оние што немаат две по банка дома, а надвор се најјаките фраери,јас не пијам ова не јадам она. Познавам лично такво девојче(другарка) што нема завршено ни средно, има 19години оди вондредно но не го заврши, апсолутно нема никаква активност,само од сабајле ( читај 12часот) станува оди на кафе(или две) со различни луге секако, потоа кај некој дома на кафе, па кај 18часот си оди дома седи на фб, и по некој сат е топ спремна за лудо поминување по кафулиња и потоа се разбира во нокен клуб(сите можни во градот) како кузнај колку да работела во текот на денот... ова е секој ден!Јас разбирам еднаш во седмицата петок-сабота ама секој ден од понеделник до недела?..и што ми е најтрагично нејзините абе како потресени кутрите,му плакаат школување(кое не го заврши), пари за секој ден кафиња се чудам кај наоѓаат кутрите а и да имаат..сепак не навлегувам толку далобоко. Е ова е еден пример на разгалено детиште, што незнам како ке се снајди во животот понатаму..ваљда исто како досега.
     
    На Cinderfakinrella, LittlePinky и jEwElRy им се допаѓа ова.
  3. TheItGirl

    TheItGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Не мора да значи дека сите разгалени се како твојата другарка.

    Јас сум разгалена од страна на моите родители и роднини, но не сум никаква "фаца" , туку напротив, срамежлива сум и не сум многу отворена во јавноста.
    Потоа, не користам никакви социјални мрежи, само Instagram - страна која ми стана чиста опсесија.
    Не излегувам секоја Сабота, не одам по дискотеки и не се шетам по високи потпетици на моите 12 години, туку напротив, би отишла на прошетка со вистинска и добра другарка или некој од родителите, или би отишла во кино или театар.
    Кога станува збор за образованието, се издвјувам меѓу најдобрите ученички во училиштето.

    Секој има различен карактер и сфаќање на одредени работи, а ако за тебе разгаленоста е дефиниција за неучење и некултура, и шлаање по уличите, океј, нема проблем. ;) Почитувам јас туѓи мислења.
     
  4. diamondss

    diamondss Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Разгалена личност значи личност што постојано се фали колку е богата, личност која се прави многу јака, личност која не ја воспитале родителите, па затоа сега нема никаков ред во животот,... јас мислам дека е тоа :)
     
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Елеле мн мразам разгалени дечишта ај ова да прајме, ај она, ај сега да играме, ај сега незнам шо на нерви ми одат жими се!!!!!!!!!! :envy:
     
  6. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Па имам една таква другарка, па ќе се обидам да ги опишам карактеристиките според неа.
    Секогаш кога не и оди некој по кејф, поточно кога ја нервираат веднаш ќе отиде кај класната ќе се пожали, ќе почне да вика по сите, ќе заплаче.Па дури и на класната и скисна од тоа нејзино нонстоп жалење.Кога ќе отиде кај некого бара да јаде, му брчка по работите, а кај неа никој не смее да и фати нешто, а ако на некој му се пријаде, нема да му понуди да јаде, туку ќе му рече да оди да си купи храна.Од што толку е допуштена, и се дере дома на поголемата сестра, таа ја гушка, а оваа и вика марш мори и ја турка.И мене ме разгалиле по дома, ама никогаш не сум се однесувала на еден таков начин. Навистина неможам да ги разберам оние разгалените како си го организираат животот, не ми е јасно воопшто. :?:
     
  7. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Ауу тука ги има многу :D Ќе опишам една, значи буквално разгалена особа! Богата е и се прави најважна, неа сите мора да ја сакаат, ако некој не и го исполни ќејфот се прави како да не постои, и не само тоа и нејзините другарки ги тера да ги мразат тие што таа ги мрази - без причина :| На другарка ми и е братучедка, значи буквално си игра со неа, еднаш ја гушка се праи дека многу ја сака, а утредента слушаш јадела го*на за неа :^) Има ајфон 5ц што и го купија пред 1 месец, сеа сака Самсунг Галакси од најновиот :^) Буквално ги жалам нејзините родители, предобри се луѓето и и ја исполнуваат секоја желба. Има три свои соби и сега и` прават четврта :^) Имам слушнато дека сечела вени за да и купат ајфон, не знам колку е точно. Мајка и во телефон и е пишана со име, кога ќе и се јави и се дере Што е ма, што сакаш? Другарка ми вели дека пред неа и рекла курво на мајка и :^) Има слепа баба, и кога е изнервирана секогаш и се дере и и вели ебатти слепата старица :( Девојкава си игра и со машките, има многу машки што ја сакаат, денес е со еден, утре со друг. Ако и требаш нешто најмногу те сака, а кога не и треба ништо не се познаваме. Шета до колку сака, 13 години е, а се фарба, се облекува како проститутка :puke: Не и личи на годините, за мене ова е пример за разгалена девојка.
     
  8. SweetGirl234

    SweetGirl234 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Не се мирни и срамежливи сите разгалени.
    Например јас сум мирна и срамежлива ама не сум разгалена. :inlove: :angel: И сестра ми исто како мене но разгалена е 100% :@
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    обично богатите оние кој мислат дека цел свет се врти околу нив се прават главни се лигават и од пари незнаат што со себе толку се преполнети со се.. :@
     
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Себичноста, Еве сега кој сум јас и многу друго...
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Мирни и срамежливи немаат врска со разгаленост, напротив, разгалените сакаат внимание, се што ќе посакаат да имаат, нивниот збор да е најважен, да бидат центар на внимание. Еве ќе пишам еден пример кога бев сведок на едно скопско разгалено детиште кое бараше телефон (не се сеќавам на моделот) да биде син. Продавачката упорно кажуваше дека нема син, само сив и бел, дека не ни постои син модел на тој телефон, а таткото на детето зборуваше дека некаде виделе син, детето го бендисало и син морало да купат. И излегоа да бараат во друга продавница таков телефон. Значи страшно.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Вечни жртви.
     
    На kikkki и elimkd им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Љубоморни, користољубливи, паметни, натпреварувачи.
     
    На Caci55 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Аииии, зошто ли се активирала темава, па да го прочитам ова?! :worried: :|
    Од wanna be психолошки анализи и поврзување на надворешни манифестации со особини, ова го прогласувам за најголема глупост некогаш напишана! (facepalm)
     
    На mode-kristina, Lella, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Разгалена особа ти е онаа особа која у животот не слушнала НЕ од своите родители и од поблиските (баба, дедо, вујко, чичко)
    Дома се понаша како да е од величенственото кралство на Англија, па мора да има се што ќе посака. Јаде и пие само бренд-производи. Се мршти кога мора да се вози во автомобил кој не е во нејзината омилена боја, мора да го има најскапиот телефон, и ако не дај боже види нешто што таа особа го нема, мора тоа под итно да се купи!!
    Типичен сноб.

    И сето ова го има една особа.. Иако е прва средно. Не, не... ТАКВА ЌЕРКА МИ ДА ЈА ПРАВАМ, Е БОГАМИ НЕ ЧУ!
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Најчесто се нешто не им чини:puke:
    Иначе разгаленоста нема некоја врска со парите
     
    На Petra777 и fallenangel им се допаѓа ова.
  17. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    О, да има верувај... И ја сум била разгалена, и сум од дечко ми, ама да станувам Drama Queen... Нееееее!!
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Веројатно не се имаме разбрано за какво разгалување станува збор, не сите деца на богати родители се разгалени, а знам и родители со помали примања што и те како ги разгалуваат децата, ете на тоа мислев, а однос дечко девојка не би рекла дека е разгалување туку начин на покажување љубов и респект
     
    На Bitter-Sweet и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  19. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам дека има различни типови на разгалување... Дечко ми има пари, но сите сам си ги заработил. Не е ич разгален иако потекнува од богато семејство. Не значи дека сите се исти, но ова беше ужас!
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    @Cinderfakinrella
    Незнам зошто ме цитираш кога истото и погоре го пишав, ајде уште еднаш, значи не сите богати деца се разгалени. Толку