Карактеристики на хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 30 јануари 2013.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    ОВЕН-Овие особи уште на прв поглед умеат да се наметнат и оставаат впечаток на околината.Нивниот физички изглед,однесувањето и стилот на изразување се главни адути што Овенот често ги користи за средби со различни особи.Но тоа го прават спонтано и несвесно.Овенот тежи кон страствени врски и потреба за доминирање,без разлика дали е тоа за партнерот или за некоја друга особа спрема која се наклонети.Има доволно храброст и смелост да ги изрази своите чуства без преправање.На својата околина јасно дава до знаење дали му се допање или не одредена особа.Во нивната природа,како и во нивните емоции господарат големи страсти.Доколку некој уште на старт не ја поттикне нивната страст,тогаш нема шанси да дојде до љубов.Овенот може да биде и романтичен и интересен и нежен и шармантен,но само ако е поткрепено со страст.



    БИК-Особа родена во овој знак ќе препознаете уште на прв,блиц поглед.Се препознаваат по својата заводлива,и помалку чудна природа.Се истакнуваат по своето однесување или темперамент,посебно на основ на физичкиот изглед.Делуваат пријатно,срдечно и симпатично за околината.Имаат смисол за добар вкус и нагласена потреба за уживање и комфор.Категорично држат до свои принципи.Поседуваат сензуалност,а и подложат на потреба за комфористичко уживање.Нивната верност за традицијата и семејниот живот,и прврзаноста на љубовниот партнер,претставува голема доблест,не треба да се заборави дека бикот цврсто,со двете нозе стои на земја.Првиот впечаток за нив може да биде лажен-привидно се чини дека нивната романтичност,сензитивност и изливи на емоции се контролирани или правилно дозирани,но не треба да се заборави дека бикот се држи под контрола додека во еден момент не ја изгуби својата контрола и на површина излегува неговата разорувачка енергија,деструктивна црта или сила на рушење.Среќа што вакви ситуации не се случуваат често,и што брзо поминуваат.Биковите умеат да уживаат во све што е убаво и затоа нивните сетила се многу изразени,а афинитети,интересирања или апетити,понекогаш се неумерени.Важни особини кои го осликуваат нивниот каракте р се:нагласена емотивност,но и љубомора.Кај нив нема толеранција на тема кокетирање или емотивна и сексуална слобода.Затоа не си играјте со оган,и немојте да правите нешто што ќе ви биде забрането,дури ни во мислите.



    БЛИЗНАК-Првиот впечаток за нив е дека се необични,интересни,шармантни и духовити.Вешти се при употреба на интелектуални,ментални или говорни стратегии.Исполнети се со желби за промени и истражувања.Радозналоста кај нив треба да се тумачи како желба за откривање нови искуства.Доколку кај близнаците постои заинтересираност за особа од спротивниот пол,таа треба да е атрактивна,или необично да се однесува.Близнаците своите емоции ги држат под совршена контрола,затоа што обично не успеваат правилно да дозираат одредени количини на емоции што треба да ги поклонат да одредена особа.Измеѓу Близнакот и неговиот партнер секогаш стои одредена емотивна дистанца,штит или ограда.Од нив не може да се очекува љубовна драма,срцепарателни сцени,жалење или солзи радосници.Нивни адути се интелегенција,вербални способности или шпекулации.


    РАК-Овие особи треба да се прифатат како романтични души,затоа што поседуваат нежна и сензитивна природа,и изострена интиуција.Нивни особини се:нагласена емотивност,пречуствителност,несигурност,страв,романтичност и сензитивност.Овие особи често го менуваат расположението или поминуваат преку разни психички или емоционални состојби.Они грижливо чуваат се што им е важно.Доколку вам ви е важно да го освоите нивното срце,мора да бидете спремни на различни тестови на издржливост и доверба,како и на емотивна приврзаност.Ракот од партнерот очекува потполна приврзаност,внимание,разбирање и психолошка,емотивна или матерјална сигурност.Во длабочината на својата душа раковите ги препознаваат вистинските емоции и чуствуваат искреност или добри намери.Ракот ужива во тоа да биде пазен и мазен,но има и преголеми очекувања – мора да пружите максимум во било која смисла,а за возврат ќе ви понуди приврзаност и верност.



    ЛАВ-Темпераментна особа но и достоинствена во своето однесување.Лавовите држат до своето изразување,до стилот.Важен е впечатокот што го оставаат на околината,и за да ги освоите неговите симпатии треба да го фалите,да му се воодушевувате.Нивната суета често ги доведува до театрално однесување,а нивната гордост често влијае на претерана субјективност,па различни работи,случки и луѓе ги тумачат во склад со својата претстава за високи критериуми.Не треба да се заборави дека лавовите многу бараат,и физичката убавина кај нив е пролазна,затоа што они добро ја разликуваат онаа вистинска убавина што доаѓа од длабочината на душата.Имаат потреба да ја фасцинираат својата околина па и својот партнер.Енергични се,доминантни .Страсни се,посесивно и љубоморно чуваат се што спаѓа во нивно власништво,а љубовниот партнер е дел од тоа.


    ДЕВИЦА-Не е тип на особа која скренува внимание на себе со своето ексентрично однесување.Се однесуваат одмерено,промислено,резервирано и дискретно.Понекогаш делуваат строго и униформирано.Критериумите на девицата се:сигурност,умереност,точност,доверба,разумност и аналитичност.Своите емоции ги држи под контрола.Не може да им се случи да изгубат глава од заљубеност,ниту својата памет.Од нив не може да се очекуваат изливи на емоции,затоа што добро владеат со своите чуства,поставува високи зидови позади кои го чува љубовниот живот.Нивниот партнер мора претходно да заслужи све што ќе добива во мали и строго контролирани дози.Девицата е секогаш спремна на разни ментални тестови,проверки и анализи.


    ВАГА-Имаат смисол за естетско изразување,посветуваат многу внимание на својот надворешен изглед.Вагите премногу се окупирани со тој надворешен изглед,така да забораваат на остатокот од светот.Инсистираат на високи критериуми и на таков начин прави селекција при избор на друштво кое би им одговарало.Би требало да сте атрактивни,привлечни и шармантни,но треба да исполните и други критериуми кои се на нивната листа.Треба да бидете романтични,да сте со забавен карактер,и неодоливи.Уредно ги проценуваат практичните способности,а посебно материјалните можности.Една типична вага многу брзо го исполнува својот телефонски именик со разни имиња,а повеќето од тие се особи од спротивниот пол,или симпатизери и останати таинствени личности.


    СКОРПИЈА-Делуваат занесно и привлечно за својата околина.Големи заводници и освојувачи.Шкорпиите се свесни за својата ахилова пета и знаат како да ја сочуваат својата емотивна чуствителност.Кога и како ќе проработи нивната позитивна или мрачна страна на личноста зависи од нивната психолошка состојба,од нивното емотивно расположение,Одговара на секој предизвик,поседува разорна сила огромна волја и борбен дух.Значи ако испровоцирате,или повредите некоја шкорпија,ве очекува отровна стрела.Ако се почуствува во некоја ситуација повреден,руши се пред себе и станува фатален.Така може да се уништи и сам себе,но не запира во своите намери.Возбудливи партнери се со фантазија,емотивни се,потентни,возбудливи,но и посесивни,љубоморни и осветољубиви.Може да ви дигне на царски пиедестал на љубовта но и да ве фрли на самото дно на очајот.



    СТРЕЛЕЦ-Карактеристични се по својот стил на отворено и екстравертно изразување.Делуваат одважно,смело,храбро и искрено.Темпераментни се,слободоумни.Имаат голема енергија,самодоверба и спремни се големи предизвици.Поради својата природа делуваат нестрпливи,а некои реакции им се нагли и неумерени.На стрелците им недостига нота на дипломатија,тактичност и умереност.Доколку за некого го врзуваат емоции,стрелецот ќе инсистира на фер плеј правила и вистина.Не придаваат важност на конвеционално однесување и наметнати правила.Ако некој им се допаѓа,отворено ги искажуваат своите симпатии и реагираат бурно или импулсивно.Со нив не може да ви биде досадно,а колку тоа ќе потрае зависи од вашата способност на прилагодување.



    ЈАРЕЦ-Особа која инсистира на традиционални улоги,на строги принципи,и реална е во своите ставови и процени.Но понекогаш тие ставови делуваат круто,затегнато или строго.Јарците делуваат трезвено,рационално и промислено.Тие го прават она што го мислат а не она што го чуствуваат.Добро ги контролира своите чуства и делува ладнокрвно.Имаат спартански дух и остри рогови кои подеднакво служат како за напад така и за одбрана.



    ВОДОЛИЈА- Имаат необичен вкус,специфичен стил на изразување.Необичноста се манифестира со:стил на облекување,изразување,реакции и непредвидливост во однесувањето.Способни се да ја искористат и најмалата шанса за онаа варијанта која ним би им донела успех и задоволство.Вистинско објаснување и тајната на нивниот успех се крие во фактот дека они делуваат хаотично во надворешниот свет,а во својата глава имаат зацртано цел.Водолиите свртуваат внимание на себе,дали е тоа во стил на облекување или однсување,но све во основа е провокација.Свесно го прават тоа,знаат како да привлечат нечие внимание или радозналост.Ги совладале сите лекции на заведување,и употреби на разни стратегии,од чедност до голема страст.Нивното расположение повремено е еуфорично,есцентрично и провокативно,но со нив нема да ви биде досадно.Радознали се и константно сакаат нови искуства.



    РИБИ-Имаат необичен сјај во очите и сонлив поглед.Особи кои делуваат хиперсензитивно,емотивно и пречуствително.Имаат развиено голема фантазија,и светот го доживуваат во склад со своите внатрешни или емотивни душевни потреби.Тешко ги контролираат своите чуства и душевни состојби.Имаат добри особини:племенити,нежност,склони се на пожртвуваност за оние кои им се блиски.По својата природа се заљубливи,,немаат храброст да ги изразат своите мисли,како и да се соочат со вистината и да ја прифатат грдата страна на животот.Рибите чекорат на самата граница на сонот и јавето.Од нив не очекувајте директна иницијатива,туку топли емоции кои се препознаваат во нивниот поглед.
     
    На Tajnaotrovna и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Точно е за мене (лав) :lol:
     
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    точно за рак
     
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Од збор до збор се точно...
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
  6. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Трите основни карактеристики на Вашиот хороскопски знак

    Сето она што го карактеризира вашиот знак во само три збора…

    Овен: амбициозни, тврдоглави, арогантни

    Бик: страсни, хедонисти, материјалисти

    Близнак: непостојани, несамокритични, забавни

    Рак: преемотивни, гурмани, весели

    Лав: нарцисоидни, снобови, лидери

    Девица:контролори, перфекционисти, креативни

    Вага: неодлучни, конформисти, естетичари

    Шкорпија: мрачни, сензуални, осветољубиви

    Стрелец: луцкасти, наивни, авантуристи

    Јарец: бескруполозни, традиционалисти и упорни

    Водолија: недопирливи, весели и себични

    Риба: фантазери, филозофи и ситничари

    ***

    Meне ми погоди :)
     
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Рак: преемотивни, гурмани, весели

    Весела и преемотивна, да. Другово онака, 50-50 :)
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Овие особи треба да се прифатат како романтични души,затоа што поседуваат нежна и сензитивна природа,и изострена интиуција.Нивни особини се:нагласена емотивност,пречуствителност,несигурност,романтичност и сензитивност.Овие особи често го менуваат расположението или поминуваат преку разни психички или емоционални состојби.Доколку вам ви е важно да го освоите нивното срце,мора да бидете спремни на различни тестови на издржливост и доверба,како и на емотивна приврзаност.Ракот од партнерот очекува потполна приврзаност,внимание,разбирање и психолошка,емотивна или матерјална сигурност.Во длабочината на својата душа раковите ги препознаваат вистинските емоции и чуствуваат искреност или добри намери.Ракот ужива во тоа да биде пазен и мазен,но има и преголеми очекувања – мора да пружите максимум во било која смисла,а за возврат ќе ви понуди приврзаност и верност.
     
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.173
    ВОДОЛИЈА
    ЕВЕ ЗОШТО ВОДОЛИЈАТА Е НАЈУБАВ ЗНАК
    AUGUST 29, 2016 ASTROLOG
    Водолиите не се замараат многу со тоа дали изгледаат добро или не, зошто знаат дека одвнатре се прекрасни, за ниввнатрешната убавина е секогаш на прво место.

    Ова треба да го знаете зошто е вистина. Еве неколку работи што ја прават Водолијата убав знак…

    1. Тие се “One of a kind“. Одвнатре и однадвор, секоја Водолија е уникатна и се истакнува меѓу другите.
    2. Не им треба признание од трето лице, тие се самостални, интелегентни и самобитни.
    3. Нивната имагинација и креативност “создава нови бои” и поставува нови трендови. Тие се секогаш први, а сите знаеме дека ниту една копија не е добра како оригиналот.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    25.276
    Пол:
    Женски
    Делумно точно .

    Делот со луцкасти .. Не баш
     
  11. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.125
    Допаѓања:
    33.866
    Пол:
    Женски
    Жена бик

    Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии.
    Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни. Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости. Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации.
    Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу. Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе. Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка.

    Тие сме.:?:
     
    Последна измена: 12 октомври 2016
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Близнацитесвоите емоции ги држат под совршена контрола,затоа што обично не успеваат правилно да дозираат одредени количини на емоции што треба да ги поклонат да одредена особа.Измеѓу Близнакот и неговиот партнер секогаш стои одредена емотивна дистанца,штит или ограда.Од нив не може да се очекува љубовна драма,срцепарателни сцени,жалење или солзи радосници. :nod:(facepalm)
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.125
    Допаѓања:
    33.866
    Пол:
    Женски
    Многу тешко покажувате емоции или совршено ги криете длабоко во себе.:)

    Еве ти нешто повеќе ако ти се читка.

    Жена близнаци


    Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши.
    Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек. Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно.
    Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат.
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Женски