јас се мразам самата себе поради некои мои особини _секогаш искрено со секого разговарам а не треба -лесно им верувам на сите -веднаш одговарам,импулсивна сум -брзо се лутам и бврзо се одлкутувам некогаш тоа треба подолго да трае -озбилна сум за некои работи и незнам уште што кога ќе ми текне ке си напишам -ааа во многу ситуации сум песимистицки настроена го мразааааааам тоа -сакам се да ризикувам некогаш не треба така хахахах
Како прво, многу голем инает сум. И тврдоглава. Како сакам, така мора да биде. Во некој случај тоа е добро, во некој е лошо. 2.. Лошо ми е што не сум цврст карактер, попуштам на се,и секого. 3.. исто,немам свое ЈАС во некои случаеви. Најискрено кажано. 4.. Многупати знам да ископирам нешто што ќе видам на пр. Облека на некој во град.. Некој текст на фб па да го стаам на топик.. итн итн. 5.. Лесно можам да заплачам. На преголема возбуда можам да заплачам. Тоа ми е најчудно 6.. Дефинитивно, на некој ако сака да ме ИМА за девојка, ќе му треба месец, два,три... Не сум лесна девојка и со 2 збора одма да му паѓам во прегратки. и последно, 7.. Кога ценам,ценам. Со цело срце го ценам тоа. Но ако некој ми го скрши тоа ценење, никогаш повеќе во живот немам доверба во него.
-Голем инает сум. И многу сум тврдоглава. Мора да биде онака како што јас сакам и никогаш не попуштам. -Многу сакам да се карам и при тоа да се дерам, не можам смирено да се искарам со некого. -Емотивна сум, премногу, се може да ме растажи, плачам било каде и со било кого да сум. -Знам многу долго и вистински да сакам, и ако некој ме повреди знам да простам но не и да заборавам. -Ги ценам пријателите и семејството, и лесно губам доверба во некои луѓе. -Наивна сум, понекогаш. Себична-премногу, иако само на моменти. -Често знам да лижам г*з, посебно кај некои одредени личности. Па тоа е отприлика најважното.
Епа вака:тврдоглава сум и никогаш не си признавам грешка,не сум амбициозна за ништо па така да ми бегаат многу шанси за успех,не сакам да се натпреварувам за ништо,брзо губам интерес,не верувам на никој,параноична сум и сметам дека сите мене нешто ме зборат-негативно и дека сите имаат скриени-лоши намери,интелигентна сум,затворена личност сум и скоро никогаш не ги откривам своите мисли,песимист во душа и подготвена за секое најлошо можно сценарио бидејќи мислам дека така нема ништо на лошо да тргне,сериозна сум и тоа многу,наивна сум,емотивец ама не сакам да си ги изразувам чувствата во јавност,на лице ми се познава секоја можна емоција па не можам баш добро да лажам ,многу брзо си менувам расположение,секогаш за ситници ми се крева притисок ама тоа го држам во себе,знам често и да бидам целосно спротивна на себе,но сепак разумна,перфекционис сум и секоја грешка ми боде во очи па ја мислам долго време и тн.... ова е доказ и дека кога ќе почнам да зборувам ми нема крај па така да изгубив надеж дека ќе имам и некој краток пост на форумов
Мразам што сум срамежлива и тоа само пред некои луѓе А со најблиските другарки сум тотално друг човек... Ми се допаѓа тоа што имам смисла за хумор и мислам дека до некаде ширам позитивна енергија
Голем реалист- ова е најзабележително кај мене, често пати ми го имаат кажано и луѓе со кои првпат се среќавам! Не сакам заблуди, непотребен отимизам, ниту сакам работите да ги правам трагични кога не се! Не ми е проблем да си кажам отворено за некои мани кои ги поседувам јас па и луѓето околу мене а знам дека често пати истите тие мани луѓето ги кријат! Не сакам да давам лажна надеж кога надеж воопшто нема! Тврдоглава- се инаетам особено кога мислам дека сум во право,често пати забележувам дека настојувам да си го наметнам моето мислење врз луѓето кои мислат поинаку од мене (оваа особина не си ја сакам баш) Кавгаџика - речиси секоја закачка со дечко ми ја претварам во кавга! Ептен ги ,,застегам,, работите и не попуштам додека не го извадам бесот од мене! (ова си го сметам за нааајнегативна моја особина) Морам во негативните особини да си го вбројам и тоа што вербално многу напагам, дури звучам многу невоспитано и некултурно кога ќе тренснам некој коментар кој соговорникот не сака да го слушне! Во последно време работам на контрола на тоа мое вербално напаѓање бидејќи сфатив дека да се каже тоа што се мисли не значи да се плесне вистината у фаца со најгрди зборови! Засега толку...Списокот на мои особини ќе го довршам др.пат!
Правам се за моите пријатели,што и не е така добор пошо ретко кој враќа!Импулсувна сум многу,избрзувам,малце нарцис знам многу да си инманипулирам,на што да ви кажам се гордеам,пошо кога сите би имале таклва способност сите би ја користеле!Екплозивна сум и тоа многу високо емотивна,(плачам за се).И последно и најлошо,очекувам премногу од луѓето и се надевам многу... Ама многу си се сакам и мислам дека самодовербата која ја имам многу луѓе само ја сонуваат
епа вака јас за себе ке кажам дека сум глупава а знаете зошто оти со сите сум искрена за сите подавам рака и помогнувам а тие за мене се најнеубо никогаш не ми помагаат секогаш зборуваат (некам да излези како да се фалам ама дека сум била убава ми биле љубоморни) кога некој ке ме навреди знам да се расплачам од лоша. верна сум (тоа ми е на прво место) , знам да сакам и да се радувам на мали нешта.љубоморна сум во граници а во целина многу често сум повредена од околината али то е то можеби некогаш и јас ке се опаметам и ке бидам цврста и "лоша" ама за тоа да го сторам ми треба совет како да го сторам тоа и за да не се нервирам за сите и за се
Горда сум на тоа што секогаш сум искрена, не можам ништо да преќутам се мора во вице да кажам, твроглава сум, инат, секогаш и секаде сакам да делам правда затоа што не поднесувам неправди.. а сакам да го сменам тоа што секогаш избувнувам и во миг на таа нервоза не можам да се контролирам
Горделива, реалистична, достоинствена, страмежлива , секогаш сум спремна да му помогнам некому, секогаш сакам да се разликувам од другите, импулсивна сум и немам самоконтрола, чувствителна сум ама не го покажувам тоа никому, лесно заљублива, го следам разумот, а не срцето, искрена, имам смисла за хумор, кога сакам да направам нешто никој и ништо не можи да ме запри, себична сум, мноогу љубопитна, не сакам да откривам многу за себеси - значи сум таинствена, сакам да се впуштам во ризици и авантури, саркастична сум, за да некој ми стани пријател треба да помини низ сито и решето(тешко стекнувам доверба во другите), перфекционист сум и во вечна потрага на совршенството кое не постои.
Љубопитна-се ме интересира и мразам тајни дружељубива расеана-често заборавам каде сум оставила нешто и барам пола саат а цело време било пред мене лесно навредлива дарежлива авантурист оптимист-очекувам многу од животот и од луѓето, "надежта последна умира" брблива
Искрена сум,дружељубива,прво гледам на другите да му е убаво а после за мене секогаш оптимистички расположена,добра другарка-никогаш не сум изневерила другарство,брзо избувнувам ама и брзо се смирувам,злопамтило сум ама се трудам да ги заборавам лошите работи што ми ги рекле или направиле,лесно се навредувам нестрплива сум многу,страмежлива...
мирна ,сталожена ,комуникативна ,лојална , преемотивна ,тврдоглава ,мразам лажење ,инаетливка , мразам кавги и мразам да се карам (ама добра сум во тоа ) сепак гледам да ги одбегнам , понекогаш расеана но само некој период (пмс или слично ) инаку сум организирана ... мразам да ми чепкаат по моите работи ... дрдорка сум знам за се да правам муабет лесно можеш да зборуваш со мене... колку и да дродорам нечива тајна не издавам ... искрена меѓутоа коге е потребно знам да кажам бели лаги за да заштитам некого (најчесто брат ми ) ... обожавам дечиња ... обожавам гушкање ... на секој начин пробувам да ги разберам луѓето и да се ставам на нивно место за да знам како им е и ако можам да помогнам зашто секое магаре носи свој товар ... е сега знам и да сум љубоморна ... и верувам на секој додека не се докаже дека не е вреден за доверба ... после во моите очи си тотално друг човек и не се враќаш на старо место... кога имам добиено сум нервозна и подобро да не ме чепкаат тогаш зашто само викам па што знам еве сабајлечки си се анализирав хаха
Која особина ја немате, а сакате да ја имате ? Лично јас би сакала да сум подобра и покреативна личност... И дефенитивно попозитивна и побезгрижна...Да живеам слободно без да се грижам за сите неважни ситници...
Која особина ја немате, а сакате да ја имате ? Сакам да можам да бидам КУЧКА !!! Како колешка ми од работа