Која особина ја немате, а сакате да ја имате ? Сакам да бидам потрпелива да не избувнувам пребрзо и да бидам по ладна во врска со работите,а не да се да си ставам на срце
Горда сум што сум позитивна, паметна, разбирлива и дружељубива, а и упорна. Само сакам да не бидам толку добра, да бидам посмирена и ненервозна и поотворена
Да бидам повеќе упорна во некои работи, да бидам поиздржлива во физички и психички смисол, да не бидам толку емотивна и да не се нервирам за ситни работи и небитни луѓе! И сепак да не бидам така импусливна, пошто во последно време многу станав избувлива и за најмала работа ја боксови сегде кај шо ќе успеам мавам хахаха И следниот пат да бидам мноогу поразумна и на моменти сакам да бидам поприбрана и да не бидам таква ко полудена и потресена целата Добро е што не ми се дешава тоолку често.
би сакала да бидам потрпелива, да не избувнувам за секоја ситница, да не си ставам се на срце, да бидам покумуникативна, да се научам да се сакам себеси каква што сум
Мојата трпеливост и упорност се мојата доблест на мојот карактер, ама осетливоста и понекогаш тврдоглавоста ке ме убијат. Дружељубивоста е исто така моја карактерна особина а срамот е резил за мојата душа. Борбеноста и истрајноста го красат мојот карактер.
Горда, тврдоглава,понекогаш знаам премногу да зборувам, лесно менувам расположение, премногу сум упорна
Горда(во огромни размери), тврдоглава, трпелива, упорна, љубопитна, интуитивна.. кога сакам нешто не прифаќам НЕ за одговор Но за моите најмили сум една таква добрица, и душата им ја давам... кај мене е тоа кој како заслужил Само мана ми е искреноста, не знам да лажам (Гревче) и мразам кога ме лажат.. тоа нешто најмногу ме вади од контакт
Добри особини:Искрена(премногу мразам лажење и лицемерие,од кожа ме вади),отворена,реална,шеговита ,верна секогаш на луѓето што мислам дека заслужуваат,дружељубива,многу трпелива и упорна.. лоши особини:понекогаш тврдоглава,повеќе отколку што треба самокритична...
Добри особини: Искрена, одговорна, упорна, секогаш исполнувам ветувања Лоши особини: Брзоплета, чувствителна..
Добри- упорна, амбициозна, искрена (во смисла плескам се што мислам во фаца и иако многумина викаат дека сакаат да им се кажат некои работи в лице, откако ќе им кажам не е баш така), кога сакам давам се, дружељубива, имам смисла за хумор. Лоши- чувствителна (додека некој не ми стапне на нервот), премногу тврдоглава, брзоплета, иронична, а на прв поглед морам да признаам ми рекле дека делувам арогантно (што не се покажало како точно подоцна )
Јас порано бев многу голем оптимист, и сеев позитивна енергија секаде, но тоа повеќе го немам, а забележав дека сум го имала баш кога почна да им недостига на моите пријатели, така да моите карактерни особини позитивни сега се: Добродушност, преголема искреност, секогаш сакам да помогнам, сочувствам со сите, реална сум, одговорна, толерирам многу, скромна сум а од негативните: се што ми лежи на душа си кажувам најискрено, многу занесување и потценување не поднесувам, и многу пати се има сличено личности со кои прв пат се запознавам, по 2-3 реда муабет, да ги оставам со подотворена уста, и брзопотезно да ги спуштам на земја,и да им кажам колку не ми се допаѓаат, за што после ми е криво избувлива, инаетлива, тврдоглава, никој не слушам освен себеси, во реалниот живот никој не давам да ме надзборува ако ми се контра за нешто, критикувам, исто и сум дупло самокритична... ауу негативниве не можам да ги добројам..
Горда сум на тоа што кај другите сум стекнала впечаток на весела, добра и дружељубива девојка. Мразам што сум прееееемногу избувлива, лесно можам да се изнервирам и често дури плачам откако така ќе избувнам и ќе се издерам. Исто, сум можела да бидам малку посебична, да не гледам да им угодам на сите а после себеси зашто вака само збирам во мене(и избувливоста се појавува на погрешно место, време и кон погрешна особа).
Како позитивни карактерни особини ги сметам добрината, интелегентноста, комуникативноста, љубопитноста, тоа што сум реалист , а како негативни карактеристики тврдоглавоста, секогаш сметам дека сум во право, знам да ислушам, но пак си сметам дека е како што јас мислам, и сакам работите да ги завршам во моментот кога сакам, па често знам да избувнам ако тоа не е можно во тој момент
Особина која ја поседувам и ја мразам најмногу е тоа што кога некој ќе ми рече нешто а мене не ми се свиѓа одма СЕ ДЕРАМ незнам со убаво и полека да кажам !! А добра сакам на секого да му помогнам кога можам .
Добри особини Добра сум, не му мислам никому лошо. Друштвена,шегаџија сум. Сакам да им помогнам на другите. Амбициозна сум. Трудољублива сум. Знам да сакам. Искрена сум но понекогаш знам да премолчам нешто. толку ми текнуваат сега за сега. Лоши особини Инат.Тврдоглава.Не сум злопамтило, а би требала да сум така подобро ќе ми е мене. Многу гледам за другите па затоа некогаш се запоставувам самата.Попуштам многу ама само понекогаш. Мрзлива сум. Ги има уште ама доста се.
Ми се допаѓа што сум тврдоглава,ама да бидам во помала доза,искрена,хумана...не ми се допаѓа што сум премногу,ама премногу емотивна,ми се плаче на секоја лоша човечка судбина,дури и за оние кои не ги знам.. што да правам таква сум