Горда сум на тоа што знам да чувам тајни и секогаш се трудам да им помогнам на оние кои бараат моја помош, но најмногу од се го мразам тоа што сум тврдоглава,премногу добра спрема оние кои тоа не го заслужуваат,брзоплета сум и многу често знам да ги навредам несакајќи(од брзање ќе стропам некоја зелена иако не сум мислела тоа да го кажам) оние кои што најмногу ги сакам !
Мои карактерни особини е то шо сум малку повеќе горделива , некогаш тврдоглава , организирана, прецизна, искрена, секогаш пријателски расположена , упорна сум, тешко се откажувам од нештото кое сум го започнала, добронамерна сум , понекогаш сум многу неодлучна, зборлеста , можи некогаш сум избувлива , ама тоа ретко се дешава и така...
Секогаш сум позитивна, насмеана, друштвена и спремна за забава. Знам да ги расположам луѓето околу мене. Искрена сум и реална но големо злопамтило. Мрза кога треба да ги завршам работите кои не ми се допаѓаат па обично ги одложувам.
Искрена, и често се наоѓам во незгодна ситуација заради таа моја искреност. Срамежлива пред некој непознат. Мрзлива за многу работи. Чуствителна..
Мн чуден карактер имам си признавам позитивна особина ми е тоа што сум компромисна личност , знам да држам биланс , никогаш не издавам тајни , борба за правда , негативни особини тоа што имам поган јазик , некогаш мн брзам али не се каам , амбициозна , нервозен тип , мн тешко ги поднесувам работите кои не одат во моја полза , ако некој си има работа со мене и ме навреди ке го згазнам како цигарче оговарање зад грб не можам да замислам
На која карактерна особина сум горда? На тоа што сум верна, лојална, човек на мене може да се потпре. На мојата смисла за хумор, на дозата на иронија и сарказам која ја поседувам. На мојата уникатност и креативност, на мојата емотивност. На мојата приземјеност. А што би сакала да поседувам како карактерна особнина? Поголема храброст и зрелост.
Мои карактерни особини...абе турлитава, ете такви ми се сите, ниедна не ми е 100процентна прочистена,мора да имам по некој фелер..уууууууууууууууф...колку сум језива.....ама тоа што сум ибава ми ги покрива маните...
реалист (НЕ ПЕСИМИСТ), ги прифаќам работите такви какви што се, не обожавам шеги, смеења и урлања, инат НАЈГОЛЕМ!