1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карактерот според датумот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Snow-Queen, 28 декември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Датумот на кој сте родени открива дел од вашите карактеристики. Проверете колку има вистина и поврзаност меѓу денот на раѓање и вашата личност.



    1 – Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Бурни се во љубовта и никогаш не се повлекуваат во тишина. Не се замерувајте со нив.

    2 – Родените на втори се карпи и трње. Да се биде со нив е голема чест, но и ризик. Никогаш не простуваат предавство.

    3 – Родените на трети се како камен и афион. Опиеноста од себе често им удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.

    4 – Родените на четврти се како мали кутриња. И умеат да гризаат, зар не? Со нив во љубовта никогаш не сте сигурни. Дали ќе остане со вас или нема?

    5 – Се споредуваат со чаша полна мед, а под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго ќе останете жедни.

    6 – Луѓето родени на 6-ти се како врани. Она што ќе го најават, тоа и ќе го исполнат. Лесно е да ги повредите. Многу се чувствителни.

    7 – Тие се како птица во лет. Малку на небото, малку на земјата. Набљудуваат. Знаат да бидат мошне забавни во друштво.

    8 – Родените на осми се како театарски актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат ја завршуваат како што треба. По свое.

    9 – родените на деветти се како ларви. Се развиваат во убави пеперутки, но брзо се “гаснат“ ако не се хранат со љубов.

    10 – родените на десеттиот ден од месецот имаат карактеристики на желка. Секогаш доаѓаат до целта, без оглед на патот кој треба да го изодат. Ништо не им е тешко.

    11 – Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш.

    12 – Родените на 12-ти имаат карактеристики на патка. Немирна од надвор, мирна од внатре. Прават добри дела на сопствена штета.

    13 – Луѓето родени на 13-ти во месецот се тешко дофатливи. Карактеристики на коприва. Додека сакаат простуваат дури и невертво. Иако не сакаат да заповедаат, папучи носат само на нозете.

    14 – Лавовски број за лавовски карактер. Ловат додека не уловат, но и одбиваат ако не им одговара “мирисот“. Многу се паметни и итри.

    15 – Родените на 15-ти се како кртови. Не се откажуваат по ниту една цена. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот.

    16 – Родените на 16-ти се како бамбусово дрво. Флексибилни и итри. Лесно е да им пријдеш затоа што се приемчиви кон секого. Дарежливи додека некој не ги изневери.

    17 – Родените на 17-ти се како плима и осека. Добри, но внимателни во одлуките. Клучот секогаш лежи во нивни раце.

    18 – Родените на 18-ти се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога ќе ги освоиш даваат мир и сигурност. Внатре горат, но од надвор тешко ќе забележите.

    19 – Истрајни во она што ќе наумат. Оставаат трага и впечаток каде и да се појават. Тежок и специфичен карактер.

    20 – Родените на 20-ти имаат карактеристики на полжав. Бараат сигурност, а би патувале доживотно. Тешко е да им се погодите бидејќи се несигурни во себе.

    21 – Карактер на стоногалка. Необичен спој на љубов и војна. Премногу сакаат од еднаш. Се шират на сите страни, па тешко се враќаат назад.

    22 – Луѓе – срни. Топли и отворени, полни сочувство за останатите. Свесни се за своите можности и способности и никогаш не се преценуваат.

    23 – Родените на 23-ти се како перја од гуска. Од една страна глатки, но со другата бодат право во грб. Често се непредвидливи.

    24 – Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Често пати знаат да се преморат од работа, но упорноста е нивна главна карактеристика.

    25 – Како коњите. Малку бараат за себе, а прават многу работи за останатите. Прашуваат за да не погрешат. И туѓите грешки не ги прифаќаат лесно.

    26 – Карактер на слон. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот отколку да вратат со навреда.

    27 – Карактер на видра. Среќата не ги заобиколува, но ја чекаат долго време. Иако слушаат, често не ги дослушуваат соговорниците.

    28 – Секогаш се борат за правда иако често ја губат битката. Активни и жестоки, настојуваат да го променат светот и правилата.

    29 – Родените на 29-ти имаат карактер на петел. Ги чуваат блиските од секакв напад. Големи романтичари (но, кријат). Сакаат да покажуваат на дело.

    30 – На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат.

    31 – Совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат многу, не откриваат многу за себе. Знаат да донесуваат брзоплети одлуки често.

    Извор
     
    На Martka и crazylady им се допаѓа ова.
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Го видов ова на ЦрноБело ама не го отворив зашто не верувам во вакви работи, демек некој знае според датумот да определи карактер. И ете сега кога се "зезнав" тука признавам дека ми погодиле, али верувам дека е некоја случајност... Па сигурно има и други кои "Среќата не ги заобиколува, но ја чекаат долго време. Иако слушаат, често не ги дослушуваат соговорниците.", а не се родени на 27ми и обратно. Имам многу добра другарка родена на истиот датум и е тотална спротивност од она што е напишано.
     
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Ниту сум топла,ниту отворена баш напротив :) .Сочувство - да но зависи за кои луѓе.Само ова последното е малку точно.
    Инаку јас не верувам воопшто во вакви работи но последниот пат кога отворив вакви статии за многу работи ми погодија но ова е дефинитивно промашено.
     
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    13 – Луѓето родени на 13-ти во месецот се тешко дофатливи. Карактеристики на коприва. Додека сакаат простуваат дури и невертво. Иако не сакаат да заповедаат, папучи носат само на нозете.

    Па ништо не е точно за ова. А за тие што се родени на втори , точно е. Барем за луѓето што ги познавам.
     
  5. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    не е нисто тоцно за 13
     
  6. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    1 – Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Бурни се во љубовта и никогаш не се повлекуваат во тишина. Не се замерувајте со нив
    да точно е
     
  7. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Ќе се објави некоја ваква статија на нет, и 90% фејсбукџии не се живи ако не го напишат тоа на профил. Не брат стварно незнаев дека покрај твојата груба надворешност се криело кротко маче :tmi: Сега кога напиша на нет почна ненадејно да ме привлекуваш |(
    А меѓу друго и не е точно, барем не за мене... Несакам вакви просветлувачки ствари...
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    19 – Истрајни во она што ќе наумат. Оставаат трага и впечаток каде и да се појават. Тежок и специфичен карактер.

    Па од толку многу вакви хороскопски определби мора некоја да се трефне како точна, како сега во случајов за мене 8)
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    30 – На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат.

    Паа да ... така е. А за ова мачка :?: ... нека кажат другите ... :wasntme:
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    10 – родените на десеттиот ден од месецот имаат карактеристики на желка. Секогаш доаѓаат до целта, без оглед на патот кој треба да го изодат. Ништо не им е тешко.

    Добро. Желче.
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Ептен е точно за мене :sun:
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    За мене е многу погодено. ;)
     
  13. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    И за мене погодија!
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    7 – Тие се како птица во лет. Малку на небото, малку на земјата. Набљудуваат. Знаат да бидат мошне забавни во друштво.


    Хахахааххаха 8) епа може да се каже дека погодиле нешто
     
  15. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Случајно или не..мене се ми погодиле и е навистина точно !!!
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    4-ките сме подобри од ова, нема веза...
     
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    14 – Лавовски број за лавовски карактер. Ловат додека не уловат, но и одбиваат ако не им одговара “мирисот“. Многу се паметни и итри.


    Тоа паметни погодено 8) .... ловам ловам ... гаврани ловам јас ...

    70% точно
     
  18. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    11 – Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш.


    Колку е само точно..Најточно особено втората реченица за мене. :)
     
  19. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат.

    Точно :up:
     
  20. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    8 – Родените на осми се како театарски актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат ја завршуваат како што треба. По свое.

    ова е најточно,а и за 30 пошто знам повеќе на 30ти што се родени...сите се такви..ненаметливи и кажуваат што мислат.