Јас сум риби и скоро се ми е точно и ок, ама најмногу ме нервира тоа што сум песимист и што премногу им верувам на луѓето
Рак – Убавецот Најдобриот бакнувач. Многу привлечен. Неговата љубов е единствена. Многу романтичен. Најгрижливиот човек што некогаш ќе го запознаете. Многу креативен, најчесто уметник или луд. Експерт за секс. Многу спонтан. Голем фрик. Многу забавен. Најприметлив на забави. Ќе ве прими во неговото срце и ќе останете таму засекогаш. Најстраствен љубовник. Не е тепач, но тешко на вас ако стигне до тоа. Некој кого треба да го имате крај себе. Богами погодено
Вага – Досадниот Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда, забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Верен пријател до крај. Памети сè што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна. Безнадежно романтична. Оти бе досадниот? Не сум баш најгрижлива личност и уште помалку добра во спортови. Хахаха
Јас сум рак и се сложувам со се напишано. А сакам да искоментирам и за близнаци, бидејќи неодамна (ја имав честа ) да бидам во друштво на машко во знакот близнаци и навистина ми остави голем впечаток, под кожа ми се пикна буквално Близнаци – Близнакот Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив. Со сите болдирани се согласувам, а со последното најмногу...
Скорпија – Зависникот Екстремно шармантна. Сака да се шегува. Има смисла за хумор. Ќе проба сè наеднаш. Сака да ја разгалуваат. Енергична. Предвидлива. Одличен бакнувач. Секогаш го добива тоа што го сака. Атрактивна. Сака долги врски. Зборлеста. Сака да се забавува, но некогаш претерува. Го сака мирисот на парите, но колку што знае да ги направи толку брзо ќе ги потроши. Многу заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Вреден работник. Одличен пријател, но ако нешто згрешите, пријателството е завршено засекогаш. Брејј..ова совршени не направило :/ Сепак повеќето е точно ! А тоа дека брзо трошам пари..тоа е најМАЛКУ точно ♥
водолија-шкорпија точно рак-девица-точно Angie се што имам прочитано од тебе е точно Верувам во хороскоп,нумерологија мегутоа секогаш едно нешто ме зачудува јас сум водолија-шкорпија мажот ми рак-девица тоа се големи спротивности хороскопски не одговараме,нумеролошки сме"сјаен судбински спој"
Девица – Чекачот Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена. Oд збор до збор е точно!
Бик – Скитникот Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови. е зашо скитник ? се е погодено освен за дружељубивоста и нејкам да привлекувам внимание
Фин. Снаодлив. Интелигентен. Секси. Мрчатор. Некогаш досаден. Мрзелив и сака полека да ги завршува работите, но кога ќе најде нешто што го интересира тогаш целосно се посветува. Горделив. Разбран. Сладок. Неодолив. Сака долги врски.