Лав – Лавот Одличен соговорник. Атрактивен и страствен. Опуштен. Најчесто среќен, но кога не е тогаш е намуртен и детинест. Неговиот проблем е сечив проблем. Предвидлив и некогаш монотон. Знае да се забавува. Во сè е добар. Одличен бакнувач. Дружељубив. Спуштен на земја. Зависни сте од него. Гласен. Сака долги врски. Зборлив. Не се закачајте со него. Редок да се најде. Добар кога ќе се најде. лелееллелее од збор до збор погоденоооооо!!!!!!!
Вага – Досадниот Фина со сите што ќе ги запознае. Овде само слатко ќе си се изнасмеам,вака нешто Нејзината љубов е единствена. Овде само превртувам очи. Луда, забавна и слатка. Да секако,како што и секој рак,овен и риба си мисли дека е. Има единствен изглед. А кој нема единствен изглед? Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Зависи,зависи... од 10000 фактори. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Е како да не! Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Како и секој друг хороскопски знак. Верен пријател до крај. Не за сите и не секогаш,which means нема веза. Памети сè што ќе и направите. Познавам многу ваги со дупки во меморија. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Секогаш,дури и кога не ви е јасно зошто. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Охоооо ова е веќе претеризам. Многу креативна. Има свои моменти,ама многу можеби е пресилен збор. Безнадежно романтична. I don`t think so. Заклучок не верувајте во хороскоп!
Јас сум исто како тебе Вага во поднак Шкорпија, но верувам во Хороскоп (еве уште една теза која ти оди во прилог ) Но не во овие `општите` кои најчесто и не ги пишуваат астролози туку верувам во натална карта и во човек кој знае правилно да ја протолкува истата (а такви за жал се премногу ретки )
За Стрелец и за Вага е исто само различно се распоредени речениците Вага – Досадниот Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда, забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Верен пријател до крај. Памети сè што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна. Безнадежно романтична. Стрелец – Промискуитетниот Спонтан. Добро изгледа. Редок да се најде. Одличен кога ќе го најдете. Сака долги врски. Има многу љубов да даде. Самотник. Лесно губи трпение и не трпи глупости од никого. Ако е лошо расположен, бегајте подалеку од него. Лесно се навредува и тоа го памети засекогаш. Сака искрено, но некогаш тоа нема да го покаже затоа што мисли дека тоа е знак на слабост. Има многу стравови, но не ги покажува. Многу затворена личност. Ги штити саканите по секоја цена и со секое средство. Детинест. Не се закачајте со него. Убав. Романтичен. Фин со сите што ќе ги запознае. Неговата љубов е единствена. Луд, забавен и сладок. Најгрижливот човек што некогаш ќе го запознаете. Одличен во кревет! Не се закачајте со него за да не завршите плачејќи.
За тезава немам што да додадам,ако кажам "Гледаш дека сум во право" ќе испадне фалење. Сериозно,не сакам да вршам пропаганди,секој има право да си верува во што сака и знам дека со моиве коментари ниту ќе разубедам некој да не верува ниту имам намера во тоа.Само вакви тези имам многу собрано па никој и мене не може да ме убеди да почнам да верувам во хороскоп.Само ќе кажам дека многу глупаво е генерализирањето во поглед на луѓето и нивните карактери по било која основа,не се однесува ова само на хороскопот,туку на се`..
Водолија – Непредвидливиот Доверлива. Атрактивна. Добар бакнувач. Единствена. Сака долги врски. Упорна е. Ќе се нафати на сè. Се гордеат со себе за сè што ќе направат. Неуредна и неорганизирана. Мрчатор. Одличен љубовник кога не спие. Премногу анализира. Го сака миленичето повеќе од семејството. Знае да ги нервира другите кога раскажува некоја приказна. Непредвидлива. Ќе ги надмине вашите очекувања. Не е тепач, но не се закачајте со неа. Не мрчам скоро никогаш, толерантна сум и знам да се приспособам и не го сакам миленичето повеќе од семејството. Останатото е горе - доле точно
Точно речиси од збор до збор Тоа за долгите врски не баш Стрелец – Промискуитетниот Спонтан. Добро изгледа. Редок да се најде. Одличен кога ќе го најдете. Сака долги врски. Има многу љубов да даде. Самотник. Лесно губи трпение и не трпи глупости од никого. Ако е лошо расположен, бегајте подалеку од него. Лесно се навредува и тоа го памети засекогаш. Сака искрено, но некогаш тоа нема да го покаже затоа што мисли дека тоа е знак на слабост. Има многу стравови, но не ги покажува. Многу затворена личност. Ги штити саканите по секоја цена и со секое средство. Детинест. Не се закачајте со него. Убав. Романтичен. Фин со сите што ќе ги запознае. Неговата љубов е единствена. Луд, забавен и сладок. Најгрижливот човек што некогаш ќе го запознаете. Одличен во кревет! Не се закачајте со него за да не завршите плачејќи.
Да го реализирам малце. Дружељубив... Па сум, со тие што ги знам ,правам се за да останат со мене, и сакам запознавања со други. Симпатичен.. Незнам ова, други треба да кажат Спонтан .. Дефинитивно ДА! Не се закачајте со него.. Незнам во која смисла е кажано Забавен.. Незнам ни ова. Одличен бакнувач.. Незнам, но 2ца дечковци ми имаат потврдено дека е така. Ексремно шармантен.. Паааа, малце увеличиле Сака врски и семејството му е многу важно... Да да да да! Овновите се познати по тоа што се дарежливи.. Кога имам, секогаш давам. Секогаш мора да биде во право. Ќе се расправа со часови за да докаже дека е во право... Ова и ќе болдирам...ДА!! Погодено ми е од почетна до крајна точка.
А карактерот според денот на раѓање? Датумот на кој сте родени открива дел од вашите карактеристики. Проверете колку има вистина и поврзаност меѓу денот на раѓање и вашата личност. 1 – Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Бурни се во љубовта и никогаш не се повлекуваат во тишина. Не се замерувајте со нив. 2 – Родените на втори се карпи и трње. Да се биде со нив е голема чест, но и ризик. Никогаш не простуваат предавство. 3 – Родените на трети се како камен и афион. Опиеноста од себе често им удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно. 4 – Родените на четврти се како мали кутриња. И умеат да гризаат, зар не? Со нив во љубовта никогаш не сте сигурни. Дали ќе остане со вас или нема? 5 – Се споредуваат со чаша полна мед, а под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго ќе останете жедни. 6 – Луѓето родени на 6-ти се како врани. Она што ќе го најават, тоа и ќе го исполнат. Лесно е да ги повредите. Многу се чувствителни. 7 – Тие се како птица во лет. Малку на небото, малку на земјата. Набљудуваат. Знаат да бидат мошне забавни во друштво. 8 – Родените на осми се како театарски актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат ја завршуваат како што треба. По свое. 9 – родените на деветти се како ларви. Се развиваат во убави пеперутки, но брзо се “гаснат“ ако не се хранат со љубов. 10 – родените на десеттиот ден од месецот имаат карактеристики на желка. Секогаш доаѓаат до целта, без оглед на патот кој треба да го изодат. Ништо не им е тешко. 11 – Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш. 12 – Родените на 12-ти имаат карактеристики на патка. Немирна од надвор, мирна од внатре. Прават добри дела на сопствена штета. 13 – Луѓето родени на 13-ти во месецот се тешко дофатливи. Карактеристики на коприва. Додека сакаат простуваат дури и невертво. Иако не сакаат да заповедаат, папучи носат само на нозете. 14 – Лавовски број за лавовски карактер. Ловат додека не уловат, но и одбиваат ако не им одговара “мирисот“. Многу се паметни и итри. 15 – Родените на 15-ти се како кртови. Не се откажуваат по ниту една цена. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот. 16 – Родените на 16-ти се како бамбусово дрво. Флексибилни и итри. Лесно е да им пријдеш затоа што се приемчиви кон секого. Дарежливи додека некој не ги изневери. 17 – Родените на 17-ти се како плима и осека. Добри, но внимателни во одлуките. Клучот секогаш лежи во нивни раце. 18 – Родените на 18-ти се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога ќе ги освоиш даваат мир и сигурност. Внатре горат, но од надвор тешко ќе забележите. 19 – Истрајни во она што ќе наумат. Оставаат трага и впечаток каде и да се појават. Тежок и специфичен карактер. 20 – Родените на 20-ти имаат карактеристики на полжав. Бараат сигурност, а би патувале доживотно. Тешко е да им се погодите бидејќи се несигурни во себе. 21 – Карактер на стоногалка. Необичен спој на љубов и војна. Премногу сакаат од еднаш. Се шират на сите страни, па тешко се враќаат назад. 22 – Луѓе – срни. Топли и отворени, полни сочувство за останатите. Свесни се за своите можности и способности и никогаш не се преценуваат. 23 – Родените на 23-ти се како перја од гуска. Од една страна глатки, но со другата бодат право во грб. Често се непредвидливи. 24 – Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Често пати знаат да се преморат од работа, но упорноста е нивна главна карактеристика. 25 – Како коњите. Малку бараат за себе, а прават многу работи за останатите. Прашуваат за да не погрешат. И туѓите грешки не ги прифаќаат лесно. 26 – Карактер на слон. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот отколку да вратат со навреда. 27 – Карактер на видра. Среќата не ги заобиколува, но ја чекаат долго време. Иако слушаат, често не ги дослушуваат соговорниците. 28 – Секогаш се борат за правда иако често ја губат битката. Активни и жестоки, настојуваат да го променат светот и правилата. 29 – Родените на 29-ти имаат карактер на петел. Ги чуваат блиските од секакв напад. Големи романтичари (но, кријат). Сакаат да покажуваат на дело. 30 – На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат. 31 – Совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат многу, не откриваат многу за себе. Знаат да донесуваат брзоплети одлуки често. Превземено од crnobelo.com