99% е точно. Бик – Скитникот Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови.
Девица – Чекачот Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена. Од самиот под назив што следуваше знаев дека што и да е напишано ќе биде точно. Девица - чекачот. Па во глобала тоа е типично за мене. Попрво ќе пристигнам час порано на закажано место отколку да доцнам пет минути. Само за доминантна во врската не сум сигурна, другото е точно. За една и единствена, ако се мисли откачена и уникатна на свој начин тогаш да.
Жените Ваги, па и самите Ваги, важат за премногу интелигентни личности кои многу читаат, информирани се за сè и упатени во сè што се случува околу нив. Ќе ве изненади начинот на кој зборуваат, со своите интелигентни шеги, но и со досетливоста и мудроста. http://www.kafepauza.mk/astrologija/8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-zhenite-vagi/
Во основа, може да се прифати дека одредени базични карактеристики за одреден знак се во поголем дел застапени. Секако дека сите не сме исти. Играат улога и голем број други фактори во формирање на личноста и карактерот (вродени и стекнати).
Луѓе кои се во хороскоп близнаци , со какви луѓе сакате да се дружите ? Што ве привлекува во човекот најповеќе какви карактеристики ? ( каков треба да е еден/а идеална пријател/ка?)
Отворени луѓе, секогаш спремни за нова авантура, луѓе што зборуваат за идеи, планови.. јас сум близнак и со вакви луѓе сакам да се дружам