11 – Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш. Точно точно Баш денес во скд зборев во врска со ветувањата А за тоа за изневерувањето..па незнам дали е опасно , ама во истиот момент престанувам да имам чуства кон таа личност , колку и да сакам да му простам некако со други очи го гледам и оладувам од него
Датумот на раѓање го открива вашиот карактер Датумот на кој сте родени открива дел од вашите карактеристики. Проверете колку има вистина и поврзаност меѓу денот на раѓање и вашата личност. 1 – Луѓето родени на први во месецот се како шеќер и сол. Бурни се во љубовта и никогаш не се повлекуваат во тишина. Не се замерувајте со нив. 2 – Родените на втори се карпи и трње. Да се биде со нив е голема чест, но и ризик. Никогаш не простуваат предавство. 3 – Родените на трети се како камен и афион. Опиеноста од себе често им удира во глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно. 4 – Родените на четврти се како мали кутриња. И умеат да гризаат, зар не? Со нив во љубовта никогаш не сте сигурни. Дали ќе остане со вас или нема? 5 – Се споредуваат со чаша полна мед, а под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго ќе останете жедни. 6 – Луѓето родени на 6-ти се како врани. Она што ќе го најават, тоа и ќе го исполнат. Лесно е да ги повредите. Многу се чувствителни. 7 – Тие се како птица во лет. Малку на небото, малку на земјата. Набљудуваат. Знаат да бидат мошне забавни во друштво. 8 – Родените на осми се како театарски актери. Долго чекаат улога, а кога ќе ја добијат ја завршуваат како што треба. По свое. 9 – родените на деветти се како ларви. Се развиваат во убави пеперутки, но брзо се “гаснат“ ако не се хранат со љубов. 10 – родените на десеттиот ден од месецот имаат карактеристики на желка. Секогаш доаѓаат до целта, без оглед на патот кој треба да го изодат. Ништо не им е тешко. 11 – Тие се како море. Неистражени и привлечни, но и опасни ако ги изневериш. Немој ништо да им ветуваш, ако не си во состојба да го исполниш. 12 – Родените на 12-ти имаат карактеристики на патка. Немирна од надвор, мирна од внатре. Прават добри дела на сопствена штета. 13 – Луѓето родени на 13-ти во месецот се тешко дофатливи. Карактеристики на коприва. Додека сакаат простуваат дури и невертво. Иако не сакаат да заповедаат, папучи носат само на нозете. 14 – Лавовски број за лавовски карактер. Ловат додека не уловат, но и одбиваат ако не им одговара “мирисот“. Многу се паметни и итри. 15 – Родените на 15-ти се како кртови. Не се откажуваат по ниту една цена. Сакаат додека не се изгорат. Се држат до стилот. 16 – Родените на 16-ти се како бамбусово дрво. Флексибилни и итри. Лесно е да им пријдеш затоа што се приемчиви кон секого. Дарежливи додека некој не ги изневери. 17 – Родените на 17-ти се како плима и осека. Добри, но внимателни во одлуките. Клучот секогаш лежи во нивни раце. 18 – Родените на 18-ти се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога ќе ги освоиш даваат мир и сигурност. Внатре горат, но од надвор тешко ќе забележите. 19 – Истрајни во она што ќе наумат. Оставаат трага и впечаток каде и да се појават. Тежок и специфичен карактер. 20 – Родените на 20-ти имаат карактеристики на полжав. Бараат сигурност, а би патувале доживотно. Тешко е да им се погодите бидејќи се несигурни во себе. 21 – Карактер на стоногалка. Необичен спој на љубов и војна. Премногу сакаат од еднаш. Се шират на сите страни, па тешко се враќаат назад. 22 – Луѓе – срни. Топли и отворени, полни сочувство за останатите. Свесни се за своите можности и способности и никогаш не се преценуваат. 23 – Родените на 23-ти се како перја од гуска. Од една страна глатки, но со другата бодат право во грб. Често се непредвидливи. 24 – Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Често пати знаат да се преморат од работа, но упорноста е нивна главна карактеристика. 25– Како коњите. Малку бараат за себе, а прават многу работи за останатите. Прашуваат за да не погрешат. И туѓите грешки не ги прифаќаат лесно. 26 – Карактер на слон. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот отколку да вратат со навреда. 27 – Карактер на видра. Среќата не ги заобиколува, но ја чекаат долго време. Иако слушаат, често не ги дослушуваат соговорниците. 28 – Секогаш се борат за правда иако често ја губат битката. Активни и жестоки, настојуваат да го променат светот и правилата. 29 – Родените на 29-ти имаат карактер на петел. Ги чуваат блиските од секакв напад. Големи романтичари (но, кријат). Сакаат да покажуваат на дело. 30 – На 30-ти се родени луѓето – мачки. Ненаметливи и постојани. Она што ќе го кажат навистина и го мислат. 31 – Совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат многу, не откриваат многу за себе. Знаат да донесуваат брзоплети одлуки често.
Датумот на раѓање го открива вашиот карактер Јас сум на 12ти и точно е напишаното Никој не ме знае каква сум , ни дечко ми . Немирна му изгледам , а уствари мирна сум . Можда така само се претставувам а мирна како пајче сум
5 – Се споредуваат со чаша полна мед, а под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго ќе останете жедни. сигурно мојот зажеднал пред да ме фати
Да, ама погледни ги временските разлики. Овие постови се напишани пред да се отвори темата. Модераторите ќе ги префрлат овие мислења (мислењата во врска со датумот на раѓање) во соодветната тема.
Јас сум шкорпија , а дечко ми овен, се што напишале во карактеристики е сосема точно :up:, посебно тоа за мирисот на парите, кога ке ми згреши некој пријателството е завршено засекогаш и сл.
18 – Родените на 18-ти се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога ќе ги освоиш даваат мир и сигурност. Внатре горат, но од надвор тешко ќе забележите. Баш како за мене пишувано!
6 – Луѓето родени на 6-ти се како врани. Она што ќе го најават, тоа и ќе го исполнат. Лесно е да ги повредите. Многу се чувствителни. Tочно
За хороскопскиот знак ..како јас да сум го пишувала буквално се ми е точно, се ми е погодено Скорпија – Зависникот Екстремно шармантна. Сака да се шегува. Има смисла за хумор. Ќе проба сè наеднаш. Сака да ја разгалуваат. Енергична. Предвидлива. Одличен бакнувач. Секогаш го добива тоа што го сака. Атрактивна. Сака долги врски. Зборлеста. Сака да се забавува, но некогаш претерува. Го сака мирисот на парите, но колку што знае да ги направи толку брзо ќе ги потроши. Многу заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Вреден работник. Одличен пријател, но ако нешто згрешите, пријателството е завршено засекогаш. ..а за датумот па и не би рекла 24 – Бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Често пати знаат да се преморат од работа, но упорноста е нивна главна карактеристика.
Риби – Животниот партнер Грижлива и фина. Паметна. Сака да биде во центар на внимание. Многу организирана. Привлечна за спротивниот пол. Сака да го има последниот збор. Лесно се наоѓа, но тешко се задржува. Страствен прекрасен љубовник. Забавно е да се биде со неа. Премногу им верува на луѓето и затоа често е повредена. Секогаш се труди да ги направи вистинските работи. Екстремно чудна, но во позитивна смисла. Има смисла за хумор. Внимателна. Сака да се шегува. Многу популарна. Добар пријател, но треба да внимава повеќе како ги избира. Делумно е точно, но на пример дома имам уште една риба и сме како небо и земја така да некои општи карактеристики да точно е инаку не верувам многу. Ама пак од друга старна интересно е онака кога ќе се препознаеш во нешто па често си се занимавам со хороскоп
Близнаци – Близнакот Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив. можам да кажам дека е точно, има некои исклучоци, но сепак е точно
Водолија – Непредвидливиот Доверлива. Атрактивна. Добар бакнувач. Единствена. Сака долги врски. Упорна е. Ќе се нафати на сè. Се гордеат со себе за сè што ќе направат. Неуредна и неорганизирана. Мрчатор. Одличен љубовник кога не спие. Премногу анализира. Го сака миленичето повеќе од семејството. Знае да ги нервира другите кога раскажува некоја приказна. Непредвидлива. Ќе ги надмине вашите очекувања. Не е тепач, но не се закачајте со неа. Сè ми е погодено. Посебно ова последново. Не не не како јас да сум си се опишувала.