Скорпија – Зависникот Екстремно шармантна. Сака да се шегува. Има смисла за хумор. Ќе проба сè наеднаш. Сака да ја разгалуваат. Енергична. Предвидлива. Одличен бакнувач. Секогаш го добива тоа што го сака. Атрактивна. Сака долги врски. Зборлеста. Сака да се забавува, но некогаш претерува. Го сака мирисот на парите, но колку што знае да ги направи толку брзо ќе ги потроши. Многу заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Вреден работник. Одличен пријател, но ако нешто згрешите, пријателството е завршено засекогаш. Скоро се е погодено
26 – Карактер на слон. Чувството на припадност им е најважно. Попрво ќе го премолчат нападот отколку да вратат со навреда. Јаоо последнава реченица е 100% точно!Барем за мене!
Браво за креаторката на темата. Значи јас сум водолија со подзнак рак и кога ке ги спојам двете анализи, со исклучок на тоа дека ги сакам миленичињата повеќе од семејството- можам да кажам дека се ми е погодено. Уште еднаш браво, иако не верувам во вакви работи пријатно се изненадив.
Девица – Чекачот Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена. се е точнооо.. дури се изненадиф како најблиската другарка да ме опишува
Бик – Скитникот Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови. Се ми погодиле баш сум таква инаетлива и спанка
Девица – Чекачот Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена. Се ми е погодено освен тоа дека сум гласна, напротив јас сум толку тивка што се жалат дека одвај ме слушале, а јас пак мислам дека којзнае колку викам. И тоа дека не простувам, и тоа не е погодено. А се останато, that's me. 22 – Луѓе – срни. Топли и отворени, полни сочувство за останатите. Свесни се за своите можности и способности и никогаш не се преценуваат. That's true.. so true..
Овен – Агресивецот Дружељубив. Симпатичен. Спонтан. Не се закачајте со него. Забавен. Одличен бакнувач. Екстремно шармантен. Сака врски и семејството му е многу важно. Овновите се познати по тоа што се дарежливи. Зависни сте од него. Секогаш мора да биде во право. Ќе се расправа со часови за да докаже дека е во право. Некои од најпрекрасните луѓе на светот се овен во хороскоп. Таква сум
ова само за жени или и за мажи е ? јас сум јарец , апсолутно се ми е погодено, али за партнерот скоро па ништо
*Рак – Убавецот Најдобриот бакнувач. Многу привлечен. Неговата љубов е единствена. Многу романтичен. Најгрижливиот човек што некогаш ќе го запознаете. Многу креативен, најчесто уметник или луд. Експерт за секс. Многу спонтан. Голем фрик. Многу забавен. Најприметлив на забави. Ќе ве прими во неговото срце и ќе останете таму засекогаш. Најстраствен љубовник. Не е тепач, но тешко на вас ако стигне до тоа. Некој кого треба да го имате крај себе. *Традиционалното кафе е одличен избор за ракот. За него е најважно опуштено да го пие кафето, удобно сместен во својот кревет или фотелја, но понекогаш може да направи промена и да ве изненади со својот избор. Како е погодено.