Бик – Скитникот Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови. Па поприлично точно е
хахахахахаххаа .. иако еднаш имам коментирано не можев да не се изнасмеам за тоа не се закачајте со бикот како божем сме сите бикови забегани и си носиме нож во џеб онака за секој случај ... и не сме агресивни де... освен ако не си го бара некој ама ептен иако до сега ме нема никој изнервирано до толку Другото горе доле точно си е
Јас сум Близнак, стварно има многу точни работи во текстов.Еве за сите близнаци..се надевам ќе се препознаете во описот ЖЕНА БЛИЗНАЦИ Заљубени сте во ова прекрасна, шармантна и духовита жена ? Одушевени сте од Вашето омилено јадење спремено на нејзин начин? Малку Ви е чудно што следниот пат наместо со ручек Ве понуди со вчерашно парче пица? Повторно се изненадивте кога почна цинично да Ве критикува, а следниот ден Ве изненади со подарок? Дали сте Вие целото време со истата жена ? На некој начин сте, зависи како на тоа гледате. Во овој случај, во пакетот добивате не една, туку две, некогаш можеби и три, а за време на празници можеби и четири жени . Не грижете се, Вашата драга не е подвоена личност, само е многу сложена. Таа може да биде воодушевена од Вашата духовитост, интелигенција или од вашата смисла за хумор . Од друга страна, во некои моменти многу ќе и пречи што недоволно се занимавате со уметност и музика, барем не во таа мера во која таа очекува. Во младоста на оваа дама многу и е тешко да се посвети на една личност. Таа мечтае да биде среќна и заљубена, но поради овие чудни конфликти кои ги има во себе често брка празни соништа. Тоа не значи дека не треба да и дадете шанса, затоа што ако баш во Вас го најде човекот кој ги задоволува сите нејзини потреби, сметајте се за вистински среќник. Вашата жена Близнак ќе Ве освојува со својот шарм, спонтаност и духовитост. Со неа можете да правите се – од одење на фудбалски натпревари, преку екстремни спортови, посети на музеи, изучување на стари филозофски дела и излегување по ексклузивни ресторани каде Вашата дама ќе биде сигурно забележана. Во неа ќе најдете се, од дома ќинка до интелектуалка, нормално во зависност од личноста која во тој момент доминира , не заборавајте дека ги има повеќе. Претставничките на овој знак се амбициозни жени кои сакаат предизвик и авантура, затоа имајте на ум дека потребно е секогаш да бидете во близина, да ја врзете за себе со прстен, затоа што во спротивно ќе Ве заборави, едноставно ќе исчезне. Од таа причина, не може секој маж да го задржи интересот на оваа заводничка. Таа нема да ги прекине активностите кои ги работела пред влегувањето во брак, посебно ако во некое поле се истакнала. Генерално, Вашата куќа ќе трпи поради нејзините лутања и секојдневни активности кои и се така неопходни, но тоа воедно ќе им послужи пример на Вашите деца како да бидат слободни и независни . Но исто така, може да биде и многу добра домаќинка која умее да направи специјално јадење за секој гостин, за чије спремање инспирацијата е неговата личност. Многумина ќе Ви завидуваат што покрај себе имате толку убава и витка жена која секогаш се грижи за својот изглед и се облекува по последна мода. А за да добиете максимум од жената Близнак потребно е доволно да и се посветите и помогнете да го среди хаосот од мисли кои се мотаат по главата. За возврат баш со Вас ќе ги подели сите Ваши сништа. Ако успеете да го смирите овој немир во неа, ќе видите една романтична и ранлива жена на која и е потребна можеби баш Вашата љубов и поддршка. Се на се, нема да Ви биде лошо. Додека останатите несреќници ќе се досадуваат во моногамни бракови со своите досадни и еднолични жени, Вие со својата жена Близнак ќе бидете како султан во својот личен харем. Во една жена ќе добиете пет, за викенд можеби и повеќе… Можеби баш Вие сте оној кој ќе го освои нејзиното срце и ќе ги разбуди во неа најдобрите страни на нејзината комплексна личност , па затоа имајте разбирање и бидете стрпливи. Оваа сестрана и шармантна дама ќе Ве обожава и ќе Ви биде верна. И не заборавајте, таа бара многу, но и многу дава. Клучни зборови: прекрасна, шармантна и духовита жена, духовитост, интелигенција, смисла за хумор, жена Близнак, од домаќинка до интелектуалка, доминира, амбициозни жени, заводничка, слободни и независни, убава и витка жена, комплексна личност, сестрана и шармантна
Стрелец – Промискуитетниот Спонтан. Добро изгледа. Редок да се најде. Одличен кога ќе го најдете. Сака долги врски. Има многу љубов да даде. Самотник. Лесно губи трпение и не трпи глупости од никого. Ако е лошо расположен, бегајте подалеку од него. Лесно се навредува и тоа го памети засекогаш. Сака искрено, но некогаш тоа нема да го покаже затоа што мисли дека тоа е знак на слабост. Има многу стравови, но не ги покажува. Многу затворена личност. Ги штити саканите по секоја цена и со секое средство. Детинест. Не се закачајте со него. Убав. Романтичен. Фин со сите што ќе ги запознае. Неговата љубов е единствена. Луд, забавен и сладок. Најгрижливот човек што некогаш ќе го запознаете. Одличен во кревет! Не се закачајте со него за да не завршите плачејќи. баш така
Девица – Чекачот Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена. Се ми е погодено од прво до последно
Вага – Досадниот Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда, забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Верен пријател до крај. Памети сè што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна. Безнадежно романтична. Доста вистинито, браво
јас сум шкорпија и можам да кажам дека буквалноооо се ми е погодено , како ја да сум се опишувала хехехе
До некаде да. Не мислам дека целосно се посветувам на тоа што ме интересира, можеби моментално, но брзо таа сконцентрираност поминува. Под горделив подразбирам тоа што тешко ги искажувам чувствата и оставам да ми тежат, а бидејки никој не може да чита мисли не ја знае мојата страна и мисли дека сум горда или дигната И те како сакам добри, луксузни ресторани. Ама многу ретко го добивам тоа што го сакам, скоро никогаш. Што е пак тоа Мрчатор?
Cамо во болдираното е точно и почетните реченици,освен сака да го има последниот збор,им верува на лугето и животниот партнер пинк мрчатор мислам дека е човек што нонстоп зборува без престан,мајка ми често така ме викаше мене
Близнаци – Близнакот Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив. Поголем дел е погодено освен дека лесно губи работи и е расеан...Баш напротив јас сум си организирана мн мн ретко губам работи....Но сепак преостанатото поголем дел е точно.