1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карактерот според хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од angie, 27 септември 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    За Рипчињата донекаде е точно. :)
     
  2. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Бик – Скитникот
    Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови.

    Со црвено се оние кои ми се погодени :)
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Колку е само точно за близнаците :)
    Додека останатите несреќници ќе се досадуваат во моногамни бракови со своите досадни и еднолични жени, Вие со својата жена Близнак ќе бидете како султан во својот личен харем. :rock: :lol:
    ЖЕНА БЛИЗНАЦИ
    Заљубени сте во ова прекрасна, шармантна и духовита жена ? Одушевени сте од Вашето омилено јадење спремено на нејзин начин? Малку Ви е чудно што следниот пат наместо со ручек Ве понуди со вчерашно парче пица? Повторно се изненадивте кога почна цинично да Ве критикува, а следниот ден Ве изненади со подарок? Дали сте Вие целото време со истата жена ? На некој начин сте, зависи како на тоа гледате. Во овој случај, во пакетот добивате не една, туку две, некогаш можеби и три, а за време на празници можеби и четири жени .

    Не грижете се, Вашата драга не е подвоена личност, само е многу сложена. Таа може да биде воодушевена од Вашата духовитост, интелигенција или од вашата смисла за хумор . Од друга страна, во некои моменти многу ќе и пречи што недоволно се занимавате со уметност и музика, барем не во таа мера во која таа очекува. Во младоста на оваа дама многу и е тешко да се посвети на една личност. Таа мечтае да биде среќна и заљубена, но поради овие чудни конфликти кои ги има во себе често брка празни соништа. Тоа не значи дека не треба да и дадете шанса, затоа што ако баш во Вас го најде човекот кој ги задоволува сите нејзини потреби, сметајте се за вистински среќник.

    Вашата жена Близнак ќе Ве освојува со својот шарм, спонтаност и духовитост. Со неа можете да правите се – од одење на фудбалски натпревари, преку екстремни спортови, посети на музеи, изучување на стари филозофски дела и излегување по ексклузивни ресторани каде Вашата дама ќе биде сигурно забележана. Во неа ќе најдете се, од дома ќинка до интелектуалка, нормално во зависност од личноста која во тој момент доминира , не заборавајте дека ги има повеќе. Претставничките на овој знак се амбициозни жени кои сакаат предизвик и авантура, затоа имајте на ум дека потребно е секогаш да бидете во близина, да ја врзете за себе со прстен, затоа што во спротивно ќе Ве заборави, едноставно ќе исчезне. Од таа причина, не може секој маж да го задржи интересот на оваа заводничка. Таа нема да ги прекине активностите кои ги работела пред влегувањето во брак, посебно ако во некое поле се истакнала. Генерално, Вашата куќа ќе трпи поради нејзините лутања и секојдневни активности кои и се така неопходни, но тоа воедно ќе им послужи пример на Вашите деца како да бидат слободни и независни . Но исто така, може да биде и многу добра домаќинка која умее да направи специјално јадење за секој гостин, за чије спремање инспирацијата е неговата личност. Многумина ќе Ви завидуваат што покрај себе имате толку убава и витка жена која секогаш се грижи за својот изглед и се облекува по последна мода. А за да добиете максимум од жената Близнак потребно е доволно да и се посветите и помогнете да го среди хаосот од мисли кои се мотаат по главата. За возврат баш со Вас ќе ги подели сите Ваши сништа. Ако успеете да го смирите овој немир во неа, ќе видите една романтична и ранлива жена на која и е потребна можеби баш Вашата љубов и поддршка.

    Се на се, нема да Ви биде лошо. Додека останатите несреќници ќе се досадуваат во моногамни бракови со своите досадни и еднолични жени, Вие со својата жена Близнак ќе бидете како султан во својот личен харем. Во една жена ќе добиете пет, за викенд можеби и повеќе… Можеби баш Вие сте оној кој ќе го освои нејзиното срце и ќе ги разбуди во неа најдобрите страни на нејзината комплексна личност , па затоа имајте разбирање и бидете стрпливи. Оваа сестрана и шармантна дама ќе Ве обожава и ќе Ви биде верна. И не заборавајте, таа бара многу, но и многу дава.

    Клучни зборови: прекрасна, шармантна и духовита жена, духовитост, интелигенција, смисла за хумор, жена Близнак, од домаќинка до интелектуалка, доминира, амбициозни жени, заводничка, слободни и независни, убава и витка жена, комплексна личност, сестрана и шармантна
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    Истото што го имаш обележано со црвено се однесувам и за мене :) :)
     
  5. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    да да точно е и мене ми погоди :) јас сум рак интересно што нема напишано дека е премногу приврзан за семејството тоа го пишува во секој хороскоп :P
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Не само мажите туку и жените се многу приврзани за семејството.Во глобала жената рак од сите зодијачки знаци претставува најцврст столб за одржување на една брачна заедница.Не постои друга жена која е повеќе приврзана од ракот. ;)
     
  7. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Риби – Животниот партнер
    Грижлива и фина. Паметна. Сака да биде во центар на внимание. Многу организирана. Привлечна за спротивниот пол. Сака да го има последниот збор. Лесно се наоѓа, но тешко се задржува. Страствен прекрасен љубовник. Забавно е да се биде со неа. Премногу им верува на луѓето и затоа често е повредена. Секогаш се труди да ги направи вистинксите работи. Екстремно чудна, но во позитивна смисла. Има смисла за хумор. Внимателна. Сака да се шегува. Многу популарна. Добар пријател, но треба да внимава повеќе како ги избира.


    Се е погодено, браво!

    П.С - Многу романтична! :inlove:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    За мене се е погодено. Типичен претставник на знакот сум. Тврдоглаво бикче :rofl:
     
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Бик – Скитникот
    Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови.

    ^^ Делумно ме опиша. Не сакам да се спротиставувам, тука не ми погодиле. Не сум па ни некоја спанка и мрза, баш напротив. А тоа дека најатрактивните луѓе се бикови, посебно ми се допаѓа :lol:
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Леле колку е се само точно за близнаци!! вау! :lol:
     
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Леле се точно ми погоди ама скроз :rofl:
     
  12. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Близнаци – Близнакот
    Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив.


    Точно од збор до збор! :clap:
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Скорпија – Зависникот
    Екстремно шармантна. Сака да се шегува. Има смисла за хумор. Ќе проба сè наеднаш. Сака да ја разгалуваат. Енергична. Предвидлива. Одличен бакнувач. Секогаш го добива тоа што го сака. Атрактивна. Сака долги врски. Зборлеста. Сака да се забавува, но некогаш претерува. Го сака мирисот на парите, но колку што знае да ги направи толку брзо ќе ги потроши. Многу заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Вреден работник. Одличен пријател, но ако нешто згрешите, пријателството е завршено засекогаш.

    Точно и тоа како :)
     
  14. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Премногу сум комплицирана. Во хороскоп сум риби, ама на граница со водолија, ми одговараат и двете.
    Подзнак сум скорпија, и тоа ми одговара.

    Перфектен микс сум од сите три
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575


    Ова е првпат да се ми се погоди хороскоп,просто не ми се верува, I like it a lot!!!!!
     
  16. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Јас сум Шкорпија и све ми е погодено ама сме од збор до збор
     
  17. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Јас сум вага и можам да кажам дека се е точно :) Супер, ми се допаѓа.
     
  18. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Близнаци сум...Целата сум јас....Кој сака да ме запознае слободно нека го прочита тоа и ќе ме запознаее ;) :) :) :)
     
  19. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Стрелец – Промискуитетниот
    Спонтан. Добро изгледа. Редок да се најде. Одличен кога ќе го најдете. Сака долги врски. Има многу љубов да даде. Самотник. Лесно губи трпение и не трпи глупости од никого. Ако е лошо расположен, бегајте подалеку од него. Лесно се навредува и тоа го памети засекогаш. Сака искрено, но некогаш тоа нема да го покаже затоа што мисли дека тоа е знак на слабост. Има многу стравови, но не ги покажува. Многу затворена личност. Ги штити саканите по секоја цена и со секое средство. Детинест. Не се закачајте со него. Убав. Романтичен. Фин со сите што ќе ги запознае. Неговата љубов е единствена. Луд, забавен и сладок. Најгрижливот човек што некогаш ќе го запознаете. Одличен во кревет! Не се закачајте со него за да не завршите плачејќи. :lol:

    Се е точно!
     
  20. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Вага – Досадниот
    Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда, забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Верен пријател до крај. Памети сè што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна. Безнадежно романтична.


    Јас сум Вага... точно е се, освен она со екстремните спортови...
    Ама зошто Вага - Досадниот???? :D