Со оглед на тоа што по цел ден седиме дома поточно ние младите највеќе и само јадеме и спиеме,колку се здебеливте вие за време на карантин до сега? Јас 1,5 кг
Ниту сум покачила,ниту изгубила некој килограм,со оглед на фактот што скоро секој ден вежбам на стрпер по половина час. Но ништо не ветувам за празници- ве што следуваат
Немам проблем јас со килограмите, пошто јадам само зеленчук и овошје, некогаш благо ама во мала количина. Вежбам некогаш поради досада и од тоа немам потреба. Така да не се жалам.
Ослабнувам, изгубив 2-3 кила, воопшто немам апетит најверојатно поради тоа што немам никаква активност и не сум изморена, организмот не троши енергија. Лошото е во тоа што понекогаш јадам само 1 оброк дневно, ни со сила не можам повеќе. Не е од стрес или анксиозност затоа што воопшто не ме погодува ситуацијата, баш ми одговара седење дома и одмор од се. Не знам што ми е
Немам јас проблем со вишок на килограми, јас го имам обратниот проблем, никако не можам да се здебелам. А во оваа состојба, ослабнав уште 3-4 кила. Јадам исто како и секогаш. Изгледа стресот си го зема данокот. Секогаш слабеам под стрес.
Искрено се зачудив денес кога се мерев. Сум ослабела два килограми. А мислев дека малку претерав со јадење во количина, ама фактот што претежно внесувам зеленчук, овошје, мешункасти плодови, млечни производи во умерена доза и поприлично контролирана доза на благи, сфатив дека тоа е причината поради која килограмите се тие. Е сега малку зачинети со стрес, резултатот е тој. Ама одговара во секој случај.
Јас баш сериозно се нафатив со вежбање и засега супер сум, со резултати. Не знам колку кила сум, немам вага ама се гледа дека сум ослабена.
Колку подолго трае карантинов толку повеќе лаже вагата... Наводно се здебелив 3 кг...наводно... Вагава моја јес да станува се побезобразна периодов, ама почнав да вежбам по малце за секој случај.
Првите две недели кога бев во самоизолација, се стаив у некој филм Џеки Чен и вежбав ко удрена. Што се тиче ваге, покажуваше кило ипол минус, али баш се познаваа мускули што всушност и сакав. Е после тие две недели, прејако. Посебно последниве три дена, избегавам огледала, гаќите почнаа да ме стегаат. Ало ма! Потрчав двапати на кеј и си мислам иам фора да бутам.. Затоа од денес само зеље на мени и овоштија. Ако не иде планов како шо треба, се глеаме у Совети како да ослабам.
Килограмите секогаш ми се болна тема. Не би да се мерам и да се разочарувам или да кукам наоколу, не е крив карантинот, ЈАС сум.
Следам што јадам и пијам многу вода, за вежбање по дома малку слабо зошто подобар workout добивам во теретана.
Буквално со недели немав мрднато од 50ка.Сеа од коа стаив мускул на мене приметив дека вагата покажува 52 дури Ќе гледам бар 55 да фатам