Сите знаеме каква е караоке забавата... Аматерски ''пејачи'' пеат претходно снимени песни,секако преку микрофон и екран на кој е прикажан текстот на песната(чија боја синхронизирано се менува како што продолжува песната). Караокето најпрво било популаризирано во Јапонија,каде била изработена првата караоке машина во 1971 год. Колку често посетувате караоке забави? Дали ви се допаѓаат? Дали некогаш сте пееле/би сакале да пеете на ваква забава? Чачкав низ форумот барајќи ваква тема,но не најдов!Ако случајно е дупла или не и е тука местото слободно средете ја
Јас обожавам да пеам караоке, да се снимам интересно ми е, а не пеам убаво ама со кеф и од срце тоа е најбитно Овој Александар Блажевски во Прилеп водеше караоке и убавезно микрофонот му го земав. Мераклика бе за пеење тешко на тие одоколу, али поднапиени не се слуша толку и редактирам за сите љубителки на акање по дома www.karaokeparty.com, и со оцени е според тоа како си испеал. Јас секогаш sound deaf излегувам, али битно е да се дружиме
Ако нешто вистински сакам, тоа е караоке парти. 7 микрофони rip, на повидок е осмиот кој ќе го скршиме. Моето друштво не е од оние кои се срамат да пејат или да земат микрофон в рака, ние се тепаме кој попрво ќе пее! Морам да ги пофалам, имаме стварно добри таленти, а и тие што не се сјајни, после третата пијачка блеснуваат Колку често посетувате караоке забави? Дали ви се допаѓаат? Дали некогаш сте пееле/би сакале да пеете на ваква забава? Ретко, бидејќи ретко и се прават. Сум била на караоке со Ненад, колку и да не го поднесувам го истрпев за пустото караоке и во недела во Кастро со Марко. Многу ми се допаѓаат, у пм ОБОЖАВАМ КАРАОКЕ!!! Сум пеела, пејам и ќе пејам, нема жива сила која ќе ме сопре. Си пеам со друштво, надвор на вакви журки и сама по дома. Си симнуваме матрици, печатиме текстови, ги ставаме во стаклен сад и влечеме. Песните се лудница, од детски и рок, до блесаво поп хитче и тежок турбо-фолкерај. Да живее караокето, крал на журките, кој го измислил нека му е алал.
Морам да се согласам, нема поголема забава од караоке! Караоке - закон! Море устав! Е сега не познавам караоке барови, но кога прави другарка ми журки обавезно пуштаме караоке и пееме. После алкохолизирање како ти излагаат нешто налик на тонови од уста, абе чудо! Секогаш се смееме до паѓање. Е сега, утре ми излезе спонтана домашна журка кај другарки, кааако би пеела караоке. Има да им предложам! Сакам да ја дочекам новата весело и со фалширани тонови. Идол може да ни завидува! Ако дознаете за некој караоке бар - кажете, ете таму може да направиме фемина собиранка
Јас ако дојдам во контакт со микрофонот, било караоке или не, тогаш ќе има голема штета, ќе појдат пенџерињата . Значи поголем антиталент од мене нема. Сепак како што кажаа погоре форумџивкиве, после неколку чашки, и тоа како знам да се распеам. Понекогаш ептен високи октави ако фатам, добивам саркастичен поглед, со кој си знам дека треба да прекинам. П.С ако сакате караоке битка, јас гарантирам дека ако јас учествувам, пола од нас ќе си заминат со главоболка, и можно трајно оштетување на ушното тапанче, па и на внатрешните слушни ковчиња
Многу е забавно, отсекогаш ми било мерак, ама пусти срам не ми дава да се фатам за микрофон. Ако правите караоке собиранка, ќе дојдам само да ве слушам, ако?
Животна желба ми е да посетам караоке забава иако не сум била на ниту една таква досега зошто друштвото не ми е за такви забави ...А имам голема желба да си набавам такво едно дома, или ако не дома, барем во подрум со глувците (да не им пречиме на комшииве) и да си пееме на раат . Никој не ми треба зошто дома со часови пеам ништо не ме запира. Па и немам толку лош глас во суштина добро пеам одредени песни.
Јас имам караоке правено дома Си спуштив таква програма, си го зедов микрофонот, ги снабдив комшиите со тампони и почнав да пеам А инаку ретко одам на караоке забави
Бреј колку ми е мерак еднаш барем да испеам една песничка на караоке - не сте свесни! Таман ќе дојде време желбата да си ја исполнам, оп крајниците. Инаку на караоке парти страната редовно си се забављам, и акаунт си имам. Ако има некоја друга форумџика пишете - ќе правиме еден дует. Можеме вака да си се договориме сите женчиња од форумчево, заедно нешто да си испееме на страничкава, таман од први нет доаѓа ,м?
На караоке имам пеено 4-5 пати (рок песни во суштина). Ако некаде начекам квалитетно караоке - би сакала да испеам една песна )
Бев на странава, се зачленив и си ја одбрав јас прво најтешката песна I will always love you и баш ми е зарѓан гласов и ми даде 6000 и нешто бода и на крај ми рече дека сум Wannabe А после тоа како можеш да се најдеш на страната дека си пеел, пошто гледам има Recordings, ама на тие луѓе што повеќе гласале за нив..
За да се регистрирам ми бара некаков Promotion code. Од преска пишувам безвеза бројки и никако не ми прифаќа. Што е работата?
Па,се знае..На тие што прекрасно пеат го саакат караоке,за тие што не знаат да пеат,не го сакат караоке..Многу мразам некои што ќе седнат да пеат караоке и ич не пеат убаво,како што би рекла како банана да имаат голтнато
Не пишувај ништо ништо на тоа место, прескокни го и ке те носи понатаму... и мене вчера така ми правеше кога се регистрирав, какви ли се бројки не напишав
Нема врска тоа кој колку гласал... Секој зачленет може да снима свои Recordings, коишто ке ги има на својот профил при што другите ке можат да ги слушаат и да гласаат за нив. Пред да почнеш да пееш имаш од страната едно квадратче до кое пишува Recordings и треба него да го штиклираш за да те снима... Единствена разлика е тоа што тие што се STAR можат да снимаат повеке Recordings, а останатите можат само по 3 .Се надевам дека добро објаснив Поздрав
И да ви кажам има битки горе кај home, односно battles и си се натпреваруваш со други За таму ги поканив певалкиве од форумов да си попееме. И ти дава бодови, интересно е. Странава ми е втора посетувана после фемина, па нели кој пее зло не мисли
Ова интересно било море. Незнам да ги наместам слушалките ( на нив имам микрофон ) , ама утре ќе си пејам. Гледам нешто и да погодуваш тонови има, така? И да учиш да пееш ? пишете ми ги акаунтите да ви дадам поени .