Обожувам караоке, штета што кај нас ретко се прават,... но и ако никој не е поднапиен, нејќе ни да пее кога ќе се собереме со другарките, си ја отвораме караокепарти, прилично добра... нема којзнае колку песни, нели треба да бидеш премиум или што ти знам каков јузер.... ама е интересна секогаш добивам tone deaf,... да напоменам дека врска немам од пеење, но, караокето е толку проклето забавно Еднаш, пеевме со другарка ми кај неа дома,... беше сама ( барем така мислевме ) и добив Аматер на I did it my way од Френк Синатра... ама толкаво дерење, ауу После испадна дека баба и била доле,... и утредента ја прашала - Бабе, шо пиевте вие вчера ?? :geek: ....
Караоке? Какво караоке бе, жива свирка праам Али за караоке, ако дојдам до микрофон го заменувам тој што го води
Во мојот град ретко се организираат караоке забави за жал , на забавите од таков тип најопуштена атмосфера има . Не би имала храброст да го земам микрофонот и пеам пред толку народ Ама затоа растурам на karaokeparty.com Македонија шуд би прауд оф ми
Сега првпат ја отворив караокепарти.ком, растурив, 6633 поени, Wannabe сум била. Инаку да, јас и микрофон се сложуваме само кога имам алкохол во мене.
Кој е за караоке битка оваа недела? ајде кфорум ? (ќе ви дадам 100 поени предност ) edit: да не ве заплашувам, ама ај....за денес - нумеро уно и тоа не распеан http://fotografija.com.mk/?v=screenshot20110405at.png
Луѓе си пеев ден-два и после не сакаше да ми отвара баттле, бараше да платам или да станам ѕвезда или незнам што... Шо е работата како иде тоа?
Обожавам караоке, и дома имам појачало со микрофонии поврзано со компјутер и често си правиме караоке со друштво
Абе како да си ослободам повеќе песни на караоке парти ? Тоа изгледа треба да се стане Star ? Енибади?
Да, треба да си Стар за да можеш повеке песни да пееш, а за тие што не се има ограничено колку може на ден
Пред некој месец пеев прв пат караоке во живо, врска немам од пеење така да сигурно сум звучела катастрофално, ама битно мене ми беше забавно Инаку ова што е на karaokeparty.com како да направам да ми се бројат поени од моето пеење? Зашто кога пеам во придружба на друг вокал и да не пеам јас пак се прават поени. Да не треба да се зачленам?
Голема желба имам да пеам, ама пуста желба..никаков талент. Никогаш досега не сум пеела, а имав неколку пати можност. Жал ми е за околината. Кога јас пеам..блазе си им на глувите Многу ми се с виѓаат караоке забавите, но кај нас ги нема често. Се надевам летово ќе налетам на некоја па ќе си ја остварам желбата. Нека трпат другите, гајле ми е
Многу ми се допаѓаат караоке забавите,некако посебна атмосфера ми прават незнам зошто Но,јас да пејам нема шанси,толку сум ужасна што има цел кафич да се испразни со брзина на светлината Уфф одамна немам појдено,ми недостига една таква журка