во неделата бев на караоке журка во пивница во стара чаршија и прекрасно беше абе скроз одлепивме многу е добро ви препорачувам секоја недела има караоке журка да идете барем еднаш нема ич да зажалите..
Со едн збор -ОБОЖАВАМ караоке.Прв пат пеев на еден мој роденден (цела вечер микрофонот беше на нашата маса и сите во нас гледаа ) Штета што ретко се организираат вакви забави затоа и одамна не сум била.
Дечки, љубителки на караоке - престојувачи или жители на Скопје, пробајте во среда да тркнете до Парадизо, има караоке со Ненад. Немав некои очекувања ама атмосферата е стварно супер - особено ако успеете да го повлечете Ненад кај вас у сепаре и да се издерете во микрофон поштено Доброто е што кога има гужва, колку и да пеете лошо, никој не ве перцепира затоа што никој не гледа ко то тамо пева, односно вришти И така. Стварно е супер!
Ма обожааааавам!!! Дома постојано тоа правам со друштвово мое.Искрено низ градов не сум затекнала добра караоке журка,еве слушам у Парадизо ама не искачам таму,така да ќе барам некое друго!
Уфф како ми се иде на караоке со Ненад !! Штета што неможам да влезам во Парадизо.Ај уште малце,кај и да е па и јас полнолетна
Љубителки на караоке, благовремено ве известувам дека караокето во Liquid (Охрид) e тапа. Да си знаете Е така да си кажам, да не ме јаде подсвеста. п.с. Последно пеев на забавата во понеделникот
^Во право си Брајтче за караокето во Ликвид, секоја среда истиот репетоар како и минатите 2 години (од кога почнав да излегувам таму), само разликата е што секоја година додаваат по 2-3 новоизлезени хитови. Има музика од сите жанрови- англиски, српски и македонски: рок, хип-хоп, поп, па и некои турски песни, на пример од Таркан... Со оглед на тоа што кога ќе си излезам на било какво журче си сум топ расположена, на моменти и не ми е толку битно дека се вртат истите песни, па дури и една иста песна повеќе пати во истата вечер. После неколку чашки вотка веќе и се ми е рамно и си играм, го грабам микрофонот и пеам Вчера ја пеев Time of my life и праќав поздрави..Абе зависи и од друштвото .. Инаку порано (во осмолетка) пеев на родендени за без пари -другите се срамеа да пеат и јас им правев караоке
Не сум била на караоке забави (а и не ни планирам со оглед на мојот "талент" за пеење ) ама затоа пак си правам караоке во домашен амбиент на karaokeparty.com страната и реметам комшии
Девојки...микрофонот не ми работи на karaokeparty.com! Како да го вклучам? а другарка ми на мсн ме слуша дека и зборувам. Во што е проблемот и што треба да сторам?
karaokeparty.com rules... me like it o.O често пеам на странава ^^ и најчесто се натпреварувам и секогаш сум во топ 3 x]
КАРАОКЕ Девојки, како можам да симнам програма за караоке каде што ќе може да се снима тоа што се пее, да не е демо и да не се плаќа
Јас го користам овој програм http://www.mp3mymp3.com/mp3_my_mp3_recorder.html и интересно е, ама не е типично караоке програмче, можеш да снимаш било што - јас на пример си пуштам инструменталка од јутјуб или од оние караоке-видеата во позадина и си пеам. Многу е интересно, милион песни ''преработив''.
и ја пеам на karaokeparty. нема баш многу голем избор на песни додека оние што се star тие сите можат да ги пеат. плус секој месец мислам дека додаваа нови песни. ѕвезди добиваат оние кои ги испејале сите отклучени песни а потоа за нив ги отклучуваат и другите. ѕвездите можат да пеат и на partymode шо е мн интересно чув.
Кога има караоке забави најчесто присуствувам, сакам да пеам но срамежлива сум во тој поглед...Еднаш само пеев на караоке забава бидејки бев поднапиена, а друг пат не сум се осудила а мислам и дека нема...Ама се на се ми се допагаат такви забави
секогаш тоа кога ке сум расположена за пеенје и си пуштам караоке или на јутуб или на www.karaokeparty.com и си пеам како удрена на цел глас.Бог знае што си мислат комшиите за мене.Ххаха ллудаа