Карате и Аикидо

Дискусија во 'Фитнес' започната од blueeparadise, 6 декември 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    4.005
    Пребарав, но немаше некоја тема за боречки вештини како аикидо и карате, па направив една. Ме интересира што мислите воопшто за боречките вештини, дали ви се допаѓаат, за што помагаат, дали сте по нив? Дали некој од форумов наш практикува карате или аикидо? Како му оди, дали му се допаѓаат резултатите, за што е добро и што вклучуваат тренинзите. Запознаена сум и со карате и аикидо, но со аикидо повеќе зашто вујко ми има црн појас. Знам само дека аикидо е со виткање, нозе, раце и зглобови, т.е ако сакаш можеш да скршиш коска. А каратето нешто удирање со нозе повеќето. Сепак, ме интересира вашето мислење, тренира ли некој? Можеби ќе се запишам и на аикидо, зашто мајка ми не сака да ме пушти на бокс, па може на ова ќе ме пушти.. :) :*
     
  2. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    120
    Еве јас можам да ти кажам за карате.

    Веќе неколку години активно се занимавам со карате,сум идела на најразлични натпревари и првенства.

    Ако се искривуваш,ќе ти помогне каратето затоа што секогаш треба да имаш прави ставови.

    Каратето не е спорт,тоа е вештина.

    Не е само удирање со нозете,туку подеднакво како и со нозете така и со рацете се прават движења.

    Супер е кога си премногу нервозен,ќе отидеш на карате и ќе си ја потрошиш енергијата максимално,дома ќе си ко пајче :)

    Епа ете,тоа е моето мислење.Можеби малку долго,но се трудев да помогнам :) :hai:
     
    На RedHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    4.005

    Хахах, не бе нема везе и онака сакав да слушнам нечие мислење. И другарка ми иде на карате ама таа ништо не ни кажува :lol: Извини ако сум досадна, само едно прашање, одиш на натпревари ако сакаш, или онака клубот си организира? Ама не за оние натпревари во градот, туку да речеме на првенства, Балканско и слично? Не сваќам баш ни јас.. :^) :$
     
  4. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    120
    Епа види сеа,неможе они да ме праќаат а ја да си плаќам :P

    Сум била и на светско и на европско,државно...На државното обавезно се иде,а за другите ако сакаш +избираат поединци кои имаат стипендија или кои мора да идат(овде се подразбираат големи успеси) ;)
     
  5. Unknown69

    Unknown69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Аикидо е модерна јапонска боречка вештина што се одликува со широки, прецизни и моќни движења, кои се изведуваат со потполна концентрација и смиреност. Истовремено е и високо ефективна и потполно ненасилна. Во превод значи „Дисциплина за хармонизирање на енергијата“. Аикидо техниките се изградени врз принцип на искористување на силата на напаѓачот. Тоа значи дека на нападот не се одговара со судир или директни пресретнувања (блокови, удари и сл.), туку со избегнувачки движења. Аикидото е специфично затоа што оној што вежба аикидо ќе биде вешт не само да се одбрани, туку притоа и да не го повреди напаѓачот.
    Карате е јапонска боречка вештина која ги користи сите делови на телото со цел за самоодбрана. Каратето содржи повеке стиливи како што се Wado-Ryu(kai),Shotokan,Kenpo... Ударите во каратето се превземени од кинескиот бокс (кунг фу).
    Одлучете сами : http://www.youtube.com/watch?v=J_K6LOFBBCc
     
    На RedHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    4.005
    Па вујко ми е мајстор по аикидо.. и секад си ги испробува вежбите на мене хахаха :D И секогаш влучуваат виткање на раце. -.- Ми рече дека аикидото е всушност, ако употребиш доволно сила можеш да скршиш коска, а и тоа е поентата да го фатиш на пример напаѓачот да му ги свиткаш рацете, да го легнеш на земја за да неможе да мрда и слично... Каратето некако ми е поедноставно бар колку што глеам. Аикидото поинтересен спорт ми е, иако топ фаворит ми е бокс и што и да биде не се откажувам од него.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.822
    Допаѓања:
    102.725
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може тука да се зборува и за капуера, афро-бразилска борбена вештина, бидејќи донекаде е слична на каратето и аикидото. Инаку, се сомневам дека кај нас има курсеви по капуера, бидејќи не верувам дека има лиценцирани инструктори - веројатно ќе треба во странство да се обучуваат, па дури потоа кај нас да работат. Инаку, и мене ме интересираше оваа вештина еден период, ама бидејќи кај нас нема инструктори... :x

    Капуера е афро-бразилска уметност со комбинирани елементи од боречки вештини, музика и танц. Била создадена во Бразил од страна на робовите донесени од Африка, особено од оние од денешна Ангола некаде после 16-тиот век. Се развила во областа Куиломбо дос Палмерас, која се наоѓа во Бразилската држава Алагоас и имала големо влијание над Афро-Бразилските генерации, била застапена и во државите Баија, Пернамбуко, и во Рио Де Жанеиро. Учесниците во ходата или кругот, свират на музичките инструменти ( како што е Биримбао), пеат, и прават спаринг по парови во центарот на кругот.Спарингот го карактеризираат флуидна акробатска игра, финти, и екстензивно употребување на замавнувања, удари со нозе и удари со глава. Поретко се употребуваат техники кои вклучуваат удари со лакти, шлаканици, боксови. Историчарите се поделени на оние што веруваат дека таа е директен потомок на Африканските боречки стилови и на оние кои веруваат дека е уникатен Бразилски танц дестилиран од различни Африкански и Бразилски влијанија. Едно популарно објаснување тврди дека тоа е Африкански боречки стил кој бил развиен во Бразил, поставена од поборникот Салвано, кој кажал-,,Капуерата не може да постои без црниот човек, но нејзиното родно место е Бразил”.

    Ако сакате повеќе да дознаете за капуерата, прочитајте овде, иако Википедија баш и не е релевантен извор на информации за било што, сепак, тука може колку толку да се информирате за оваа вештина.
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.347
    девојки еве од сигурен извор ве известувам дека набрзо ќе се отвори клуб за капоеира со инструктор бразилец, штом ги завршиме сите подготовки ќе ве известам доколку сте заинтересирани, бидејќи газдата е странец треба некој период за виза и сите процедури па се надевам дека максимум за 2 месеца ќе се отвори. ако некој е заинтересиран ќе му пишам лп поздрав
     
  9. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Добро е да се вежба но нели е подобро да се гледа од страна други каде што вежбаат или го практикуваат.Гледајте си филм или на јутуб со ЏЕТ ЛИ или пак СТИВЕН СИГАЛ добри Кун-фу и Таквондо мајстори.
     
  10. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    јас одам на карате и можам слободно да ви кажам дека многу помага , и е многу интересно би ти препорачала и ти да пробаш , доколку сакаш мислам , затоа што ќе има каде да ја истрошиш вишок енергијата :P и ке добиеш облини [ ако ги немаш**] :) позз
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    4.005
    Баш вчера почнав да вежбам аикидо. Мислам не од што вежбав, го научив само основното движење и една вежба. :$ Мада и таа не ја научив како што треба..

    Сега, не сакам ова да звучи како реклама, ама ако некој е заинтересиран да тренира аикидо нека ми пише ЛП. ;)
     
  12. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.872
    тренирав карате долго време и стигнав до пред земање на црн појас и се откажав...Балетот го ставив на прво место и се откажав од сите други спортови вештини па дури и од каратето...но да знаете тоа што го научив нема никогаш да го заборавам, каратето не е само обична боречка вештина, туку нешто посебно што не се опишува со зборови...
    Сепак сум среќна што балетот ми е на прво место бидејќи ме исполнува максимално, со балетот го почуствував она кое нема име ;)

    -сепак феминки не ја правите мојата грешка ако ништо друго барем не се откажувајте пред земање на црн појас :/
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    3.255
    Пол:
    Женски
    Јас имам одено на аикидо и го имам само првиот појас земено.
    Супер е аикидото, многу добро за женски, зашто се учат техники како да се одпбраниш при напад, на пр. ако те грабне некој одпозади, ако ти ги фати рацете итн.
    Убаво е кога ќе отидеш и максимално ја истрошиш целата енергија, зашто сепак не трае тренингот кратко, пола час ние само се загревавме, а и на крајот пола час правевме вежби.
    Супер е и јас би продолжила доколку клубот не се растуреше. :)
     
    На XMaN и blueeparadise им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.681
    Пол:
    Женски
    Јас знам Карате, Аикидо, Џудо, и уште 50 други опасни зборови. :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    4.005
    ^ Секси, ако сеуште си заинтересирана да тренираш аикидо, пиши ми по ЛП. :) Инаку да, добро е ама треба да се учи долго време, мислам 6 години за да ги земеш сите појаси. А ти имаш жолт земено, така? Знам за загревањето, долго трае а и така треба да биде, треба цело тело убаво да се раздвижи за после да го издржи целиот тренинг. Сум била на семинар по аикидо, интересно е , не викам не ама сепак не е тоа мој спорт. И онака сум многу еластична и имам многу еластични зглобови па лесно можам нешто да си свиткам. Сепак, за да знаеш добро аикидо треба да тренираш долго време за да ги увежбаш техниките и да знаеш да ги примениш. А ти на што одеше, реален аикидо или традиционално аикидо? Јас инаку зборувам за реалното аикидо. :)

    Би можела да научам некои техники од аикидо да ми се најдат понатаму во животот, но сепак јас си останувам приврзана со боксот. :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    3.255
    Пол:
    Женски
    Пф, поим неам. :lol: :D :$
    Мислам дека реален аикидо - тоа ми е познато, за другово првпат слушам. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.353
    Девојка и бокс, чудна комбинација но браво во секој случај :).
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    1.310
    Каратето е многу здрава работа,но не терба да се сфати само како тепање , како што го бие статус изминативе Х години на македонсково тло.
    Ако најдеш вистински учител да те воведе во целата филозофија,тогаш е во ред.
    Елиминира бес,нервози,анксиозност,мускулите се зајакнуваат,психата е порелаксирана,дава чувство како да си направил/а нешто корисно (што е 100% вистина).
    Тренирав 11 години,имав привилегија да учествувам на најразлични натпревари и да се закитам со многу медали...Но (ете го големото НО),морав да изберам помеѓу карате и учење и ете ме,ем мајстор ем бубалица.
    И цел живот ќе се каам за тоа,ми влезе под кожа.
    Ми недостасуваат редовните тренинзи и натпреварите,посебно она чувство кога ти ја свират химната и ти се дуеш ко балон,ќе пукнеш од гордост.А и медалите-плус. Да цркнам!
     
    На okcenzi и unhappyy им се допаѓа ова.
  19. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    407
    Каратето за мене е живот.Тренирам 6 години и можам да кажам дека каратето е она што ме исполнува и го сакам најмногу.Се зајакнува цело тело,се градиш и физички и психички,создаваш карактер. Но за да успеам,сум жртвувала многу.Тренирам по 2 пати дневно,се хранам здраво,не пијам газирани сокови.Инаку ако си со цврст карактер и ако сакаш да победиш,можеш. За учество на Балкански,медитерански,европски и светски првенства,прво треба да се докажеш на државно и да влезеш во репрезентација.Ете баш сега сум во подготовки за медитеранско и балканско првенство.

    Подетално за тоа зошто да вежбате карате прочитајте тука. :*

    http://notformen.mk/zdravje-i-fitnes/sp ... arate.html
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.353
    Многу ми е мило кога ќе прочитам ваков пост од девојка :). Секоја чест за мотивацијата и желбата да тренираш борбен спорт затоа што се такви многу малку :) .

    Само внимавај со тек на годините да не се претренираш затоа што повеќето девојки се откажуваат до 18- сеттата година и многу ќе ми биде мило ако кај тебе тоа не се случи и каратето стане дел од твојот живот.

    Каратето дава прекрасна фигура и градба на телото и плус огромна самодоверба :).
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.