Карате и Аикидо

Дискусија во 'Фитнес' започната од blueeparadise, 6 декември 2010.

  1. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Се сложувам со се што кажа.Мене каратето ми е дел од животот.Неможам да замислам ден без тренинг. А околу мене имам екипа со позитивна енергија и голема мотивација,така да, тренирањето за мене веќе не е во рекреативна фаза. поздрав,и благодарам на убавите зборови. :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Во кој клуб тренираш?
     
  3. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Јас се натпреварувам во кумите,активно и попрофесионално последните 3-4 години. Тренинг имам 7 пати во неделата,а сега кога е сезоната и по 14 тренинга. Тренингот започнува со загревање(warm up),продолжува со техника,најизменично се работи,па се работи класична борба ( со напади ). Тренингот завршува со истегнување и релаксација на мускулатура.
    Кондиционите тренинзи се нешто друго.Тие претставуваат високо интензивни тренинзи,каде се практикува спринт,кратки полигони,скокање јаже итн. итн. со цел за зголемување на кондиционата спремност за во борба.Телото го навикнуваме на повеќе.Редовно се прават стомачни вежби за 3-те типа на стомачните (горни,долни и средни) 6pack ,грбни и склекови.Се работи и за зголемување на снагата,но почесто за брзината бидејќи е поважна. Тренинзите се мноогу напорни,бараат посебна исхрана,одмореност,физичка и психичка подготвеност и пред се концентрација. Не се работи само механички ( што би се рекло без мозок). Што се однесува до исхраната, избегнувам леб- ја задружувам тежината бидејки сум - категорија.Внесувам протеини преку месото,приготвено без масло (сварено). Не јадам сувомеснато,не пијам газирано,само свежи сокови,пијам обавезно по 3 литри вода во денот,бидејки со секое дехидрирање се губи енергијата. Од мене толку :) поздрав
     
    На blueeparadise и XMaN им се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Девојка во кумите, респект :clap: .

    Имаш луд тренинг во позитивна конотација ама многу напорен и браво како го издржуваш. Тренираш скоро како професионален борец, немам зборови :o .

    И јас го смалив лебот на минимум и почнав да не мешам скроб со протеини, многу подобро се абсорбира така да храната ни е слична на сите што се бавиме со борбени вештини :) .

    Утре ќе напишам нешто за настанокот на каратето за тие што сеуште не се запознати си корените на вештината :).
     
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Тренирав Карате пред неколку години, но мал временски период. Се трудев многу и неверојатно како ми успеваше брзо и правилно да научам, кога се изгледаше толку комплицирано навидум. Одев на уште две други активности (кои ги посетував веќе неколку години) и доста напорно ми беше, немав време на сите да обратам внимание, а и школото не смеев да го изоставам. Бев принудена да се откажам.

    Незнам сега дали би примале 14 годишни затоа што тогаш се почнуваше од мали години. :D
     
  6. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Зошто да не ? :) Никогаш не е доцна.. Ако веќе имаш основа ( а разбрав дека имаш) продолжи си. :D

    Поздрав :*
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Никогаш не е касно да почнеш со некоја борбена вештина а ќе ти се врати десеткратно :). Знам за луѓе што почнале на 20 или 30 години и постигнале врвни резултати, така да ако имаш желба go for it ;).
     
    На LoveRain, pink4ever и stevocar им се допаѓа ова.
  8. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Јас вежбав во основно и во средно карате до трета година после се откажав и криво ми е шо не наставив
     
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Јас тренирам аикидо . Сега и џиу џица :) И корисно е :muscle:
     
    На blueeparadise, XMaN и funkygirl им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Фанкигрл, да ти кажам право воодушевена сум од тебе, од твојата упорност и истрајност да успееш во каратето. :) А инаку, се извинувам на неинформираноста :$ ама што се тоа куми?

    Од моја страна, јас сепак го преферирам повеќе аикидото, ми се чини дека е покорисно и поубав начин на самоодбрана. Сепак, тоа е само мое мислење.
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Одлична е Фанкигрл, длабок респект од мене :) .

    Но ако сме реални ни едното ни другото нема да те спасат од тренирано машко а од нетренирано само ако е исто физички јако како тебе, со појак маж од тебе и со двете ќе имаш мака :). Инаку со аикидо да се одбраниш малку тешко поготово ако не те нападне како идиот, ова од искуство ти зборам, тука каратето е поефикасно (не се лути и двете сум ги пробал) :). Но за жени кои не тренирале ќе ги правите партал :D.

    Сепак како тренинг аикидото е секако интересно и забавно и за секого многу фино да помине еден период во тренинг барем да се научат основните зафати :).

    Пс. Кумите се борби :).
     
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Ејј, Иксмен дај не ме нервирај тука, само дојди ми ти па ќе видиме колку трениран ќе бидеш кога ќе те испокршам. ;) Мала шала сега, добро е и да се посмееме малце де. :) Ама да ти кажам право има такви женски што маф прават ма и машко и женско и мало и големо. И не само на филмови, да се разбереме. :!:
    А инаку не дека се перчам сега нешто ама многу машки ми рекле дека сум прилично силна за женско, имам тешка рака и стисок. :wasntme: Затоа можда се одлучив за боксот, како поагресивен спорт да си ја изнесам сета негативна енергија и бес од мене.

    А дека вујко ми има црн појас од аикидо а кафеав од карате, затоа сметам дека аикидото е поефикасно. Сум го прашала во неколку наврати, според него каратето е послабо спрема аикидото. И нема зашто да се лутам, само си кажав што мислам. :) Аикидото вклучува зафати, виткања на раце и ако притиснеш малку повеќе на зглобот готово отиде, си скршил коска. И да, мислам дека колку и да е силно машкото, па и женското ако правилно го фатиш и го извршиш зафатот тој од самото виткање, болката ќе го принуди да падне на земја а ако се противи нешто ќе стиснеш уште повеќе и то. Само јас си знам колку ме боли кога ќе ме фати вујко ми, па кога ќе ми ја свитка раката.

    Сега малку ќе забегам од темава, ама многу голема желба ми е кога ќе станам полнолетна да влезам во ринг, уфф сонувам за тој ден .. :inlove:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Топче си, како ме изнасмеа :rofl:. Е баш да видам како ќе ме скршиш :lol: :rofl:.

    Сакаш да ти пишам со зезање и да се паѓаме од смеење или да бидам полусериозен со тенденција малку да ти дигнам притисок зашто за борбени вештини можам со ќеиф да си дебатирам ама и ќе те нервирам малку со контрирање :D.

    Касно ми е сега утре на раат ќе те зеам на запче за виртуелна борба :rofl:.
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Пааа.. вака. Ти само седи си мирен, а јас ќе ти удирам колку што можам повеќе крошеа во нос или незнам, брада се додека не почнеш да крвариш и не паднеш во несвест. ]:) :wasntme: :D
    Не бе, што зборам и јас кај можам со тебе.. тука сите можни боречки вештини си ги тренирал, ќе ме скршиш од ќутек. :D Јас со бедниов ми бокс ништо не правам кај тебе.

    А иначе ако, сакам така некој да ме нервира, така станувам пожестока и порасположена сум си за дебати. Ама така кога сум нервозна малце неаргументирани мислења давам, ни мислам што зборам ни ништо и после кога ќе ми текне што сум кажала.. :D

    Е ајде, да се спремам и јас за утре. :lol:
     
  15. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Благодарам мило, да не мислиш на кумите ? :$
    Инаку во карате можеш да се натпреваруваш во ката ( борба со замислен противник )
    или во кумите ( овде се работи за спарингување,односно се води борба помегу двајцата противници од времетраење 2-3 минути,а победник е оној кој ке му земе на противникот повеќе поени )

    Инаку,ја сакам секоја боречка вештина,и секоја посебно е своја приказна.. И никој не може да ме убеди дека не е тешко да се вежба аикидо или карате или џиу-џицу..


    Ии специјален поздрав до тебе blueeparadise :* :* и до XMaN
     
    На blueeparadise и XMaN им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ме изненади дека тренираш бокс па со бокс започнав и повеќе години го тренирав а сега го комбинирам со еден кинески борбен систем и многу добра комбинација се :) . Кинескава е страшно добра за блиска борба а боксот за борба на дистанца ама движењата од двете страшно добро се комбинираат, посебно кинескава со кружните движења мене ептен ми лежи така да јас си го најдов мојот совршен систем за борба :) .

    Инаку аикидото и каратето како вештини се одлични ама си имаат мани и предности.

    Аикидото е одлично за нетрениран противник ама чим си тренирала бокс знаеш колку е брз лев директ и ако не те нападнам сељачки туку кружам околу тебе и ти упатувам брзи удари нема шанси да ми фатиш рака со аикидо. Впрочем и самото аикидо вели да го извадиш противникот од рамнотежа но јас нема да дозволам туку ќе се борам за позиција да те удрам, ќе си држам дистанца и ќе кружам околу тебе.

    Но со нетрениран што ќе те нападне тупаво, со аикидо ќе го средиш и за тоа е супер. Но тоа дека девојче со аикидо ќе среди појак од неа е бајка, ако не е девојката и физички јака и плус да знае бокс, лошо ќе помине.

    Но и јас во мојот систем на борба ќе убацам едно 5-6 трика од аикидо што ми се чинат најефикасни :) .

    Инаку и каратистите во реална борба на улица исто користат боксерски удари што само кажува колку е западниот бокс комбиниран со ножни удари одлична вештина :).
     
    На blueeparadise и funkygirl им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    Еј, Иксмен сега ме потсети на една случка. :) Зашто вујко ми тренира повеќе спортови, моментално оди со мене и на бокс ама почетници сме и двајцата, и го прашав која шанса ја има против најјаките од клубот со аикидо, на пример тие што влегле веќе во ринг. И ми призна дека во боксот научени се брзо да удираат и уште побрзо да си ја враќаат назад раката а во аикидото се е побавно, нели за да на самиот тренинг не дај боже да не му направиш нешто на некој и затоа потешко е да му ја фати раката и да му направи нешто. Но, ако веќе го фати, му нема бегање.. ќе му ја свитка раката, па овој колку сака нека удира ќе го стегне уште повеќе и готово.

    На зафрканција му удирав и јас директи за да види дали може да ми ја фати раката и искрено ми ја фати 1-2 пати, и не ми попушташе. :!: И да, точно е дека сите боречки вештини си имаат свои мани и предности. Јас дури мислам дека мене девојче што тренирало кик-бокс, исто време како мене и со иста физичка сила може да ме суреди, зашто боксерите немаат издржливи нозе и кик-боксерите тоа го знаат и веднаш напаѓаат со нозе, дури не ни употребуваат раце. Ама, јас сепак си го одбрав боксот како мој спорт и си го сакам, можеби од една страна дека е најлесен за учење (за 3 месеци научив многу, добив сила, брзина па дури и малку бицепси и трицепси :D) но можеби и дека е по малку агресивен и насилен, па дозволува да ја исфрлиш сета негативна енергија од тебе.

    Туку, да не навлегувам јас сега оф топик, да си кажам уште два-три збора за аикидото. Мислам дека за девојки е добро, ете може и некоја девојка да не нападне, па макар била и посилна ако не е тренирана мислам дека ништо не ни може. А и девојките го немаат истиот оној истинкт за тепање како машките, па да знаат како и каде да удрат, така да ќе бидат лесно средени. Ама, може да има и ефект кај машки, зборувам повеќе за оние нетренираните, ете барем некако ќе се одбраниш, што би правела на пример ако не би знаела никаква боречка вештина? А и мислам дека аикидото е баш погодно за одбрана од оружје, вујко ми ми покажуваше некои техники за одбрана од пиштол, нож, шише.. такви ствари, ама слабо ми влагаат во глава мене. :D

    Од каратето ми се допаѓаат ножните удари, тие со раце не ми се допаѓаат зашто кога удираат не се штитат и отворени се за удар, а кај нас во бокс сме заштитени во секое време, значи удираш и одма враќаш рака. Ама, се согласувам со тебе дека најдобро е да се комбинираат повеќе боречки вештини, зашто така би можел многу подобро да се одбраниш отколку само со една.

    Но, која и вештина да ја одбереш, треба прво добро да ја научиш и увежбаш зашто можеш да налеташ на некој/а добро истрениран/а и за џабе да му се испофалиш, еј знаеш кој/а сум јас, што ќе ти направам сега.. и го гледаш овој/оваа ќе ти лупне едно кроше и на земја си. :D Баш имаше таква случка со едно другарче на брат ми, тренирал таеквондо неколку месеци и ајде одма се перчел нешто пред некои и овие наравно си го срамниле на земја, и овој после да го видевте каков беше со подвиткана опашка, се отпиша и од таеквондо и од све. Абе смешки. :rofl:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Еј за се' се согласувам,но не вели 2 пати дека каратистите не се бранат (штитат) при удар. Еве ке ти кажам,при удар во тело едната рака напага а другата стои фиксирана за блок.Повлекувањето е многу брзо.Еве гледај доколку те интересира една борба на Rafael Aghayev. Исто така фокусирањето на рачните удари во една точка и силината е дел од борбата.А за нозете да не зборувам,овие денови нозете ми окапаа на тренинг,неможам да ги придвижувам веќе...Техниките со нозе носат најмногу поени,но и најтешки се за работење.Е сега со труд се бидува..Зборот ми беше.. Дека каратистите работат рака претежно,а ги надоврзуваат техниките со ножни удари.Односно сакав да кажам ножна техника не се работи без рака (има и исклучоци).Бидејќи неможеш да бидеш целосен без да работиш се' заедно.

    Поздрав боксерке :*
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  19. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Еј за се' се согласувам,но не вели 2 пати дека каратистите не се бранат (штитат) при удар. Еве ке ти кажам,при удар во тело едната рака напага а другата стои фиксирана за блок.Повлекувањето е многу брзо.Еве гледај доколку те интересира една борба на Rafael Aghayev. Исто така фокусирањето на рачните удари во една точка и силината е дел од борбата.А за нозете да не зборувам,овие денови нозете ми окапаа на тренинг,неможам да ги придвижувам веќе...Техниките со нозе носат најмногу поени,но и најтешки се за работење.Е сега со труд се бидува..Зборот ми беше.. Дека каратистите работат рака претежно,а ги надоврзуваат техниките со ножни удари.Односно сакав да кажам ножна техника не се работи без рака (има и исклучоци).Бидејќи неможеш да бидеш целосен без да работиш се' заедно.

    Поздрав боксерке :*
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Во право си што викаш ако успееш да му фатиш рака дека ќе му ја свиткаш со аикидо ама проблемот е што сите демонстрации во аикидо што се вежбаат се наместени како да те напаѓа некој кој појма нема од борба и или веќе те држи за рака или иде накај тебе као сељак што појма нема од борба.

    Во реална борба со трениран борец односно боксер ти гарантирам нема шанси со аикидо да му фатиш рака а дури и да успеееш некако да му ја пипнеш он нема да ти седи мирен туку одма ќе измести позиција за да не го фатиш како што сакаш а да не речам и деке ќе те удри со другата рака или со нога.

    Сеа сериозно збориме нели, не си правиме лице оваа или онаа вештина е најдобра туку ти кажувам од мое искуство како стојат работите во реална примена.

    Погледни борби Хапкидо, тоа ти е некоја комбинација на теквондо и аикидо и кога гледаш демонстрации се фрлаат и си виткаат раце исто како во аикидо ама кога има борба во ринг ниту еден единствен пат никој не успеа некого да му фати рака.

    Исто гледај Алтимит Фајт за жени и исто ќе видиш работат комбинација од кик бокс и џудо затоа што е стварно реално применливо во борба ама ниедна не успева со аикидо да и свитка на другата рака.

    Јас почнав со бокс за да ги научам добро техниките со раце а после ги додадов и ножните удари ама јас имам филозофија дека нозете се за удар до појас а рацете над појас така да може да те удрам до подколено или максимум до појас ама се нагоре работам исклучиво со раце и тоа со отворена рака, јас не користам тупаници туку прсти и шуто (знаат од карате). Прстите и шаките посебно ги тренирам да ги зајакнам зашто ако не ти се тренирани лесно може да се повредиш во реална борба.

    Нормално вежбан сум да се бранам од високи и ниски ножни удари и сметам дека стварно треба да си глуп да дозволиш некој да те мавне со висок ножен удар што значи комплетно си го промашил растојанието за удар и не си се тргнал на време. Ништо не е побрзо од добро изведен лев директ.

    Секоја борбена вештина е подобра од никаква и јасно дека дали вежбате карате, кик бокс или аикидо е феноменално зашто тоа е добра база ако некоја сака и повеќе, да прејде и на некоја повисока фаза на тренинг. Жени и слаби мажи веројатно ќе ги средите така да супер е дека вежбате, ќе беше одлично секоја девојка да помине неколку години борбен тренинг.

    Инаку каратистите мораат да форсираат ножни удари затоа што се фул контакт а рачните им се со задршка и не смеат да те удрат сериозно што е штета и го претвара каратето во малку поспортска вештина него што треба но и такво е прекрасно за фигура, кондиција, сила и пред се самодоверба.

    Инаку само два пати во живот се имам тепано а повеќе пати не ни дошло до тепачка зашто кога сте двајцата тренирани не сакате да се осакатите и знаете одма да се препознаете дека сте под тренинг така да многу помага за самодоверба а плус сакам понатаму и да станам тренер :).

    Пс. Само едно смајли сум ставил ова е сензација :D.