1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карате и Аикидо

Дискусија во 'Фитнес' започната од blueeparadise, 6 декември 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Ејј, па Иксмен и ти веќе претера, како сељак ако те држи ова-она, тебе изгледа спортов ама навистина не ти се допаѓа па така зборуваш за него. :) Не дека јас нешто го бранам, ова воопшто не е мој спорт ама сум била на тренинзи и знам како е. Имаше еден мајстор од Србија и му викаше на еден дечко, удри ме по твој избор, бокс, шамар, му удри овој нешто како директ кај нас во бокс кога му ја фати раката овој почна да цивка веќе. :D Ама добро, ептен силен стисок имаше овој. И мислам дека е многу корисно на пример ако некој држи скршено шише во раце и сака да те удри со него по глава, му ја фаќаш раката и готов е.

    Е сега, кога веќе зборуваме за искусен боксер и некој што тренира аикидо, мислам дека ти си во право. Сега можеби вака викам дека јас тренирам бокс, ама стварно е така. Ама, на пример ако и двајцата тренирале ист временски период и со ист интензитет, значи се добро истренирани не мора да значи дека баш боксерот ќе победи или пак тој што тренира аикидо. Мислам дека тоа зависи и од самата физичка сила на човекот, па после брзината, прецизноста итн итн.

    Имам слушнато за хапкидо, имам читано и на википедија а зашто јас сметам дека таеквондото е прилично корисно, овој микс мислам дека е супер. :) Тие што тренираат таеквондо се поприлично силни и брзи. Тие од аикидо се побавни ама тоа е затоа што на тренинзите нели ги прават техниките полека за да не му направат нешто на противникот.

    Е да, истата филозофија ја користи и вујко ми , ми има кажано во неколку наврати ако веќе користам нозе да не ги користам над појас зашто некој што тренира на пример аикидо може да ти ја фати ногата и да ти го скрши коленото на пример а тоа е многу тешко за заздравување. Исто, дека кога веќе имаш борба со некој што тренира друга борбена вештина од твојата, треба ти да не дозволиш да ја играш неговата игра, туку да му ја наметнеш твојата. На пример, ако ти знаеш бокс, треба да удираш и веднаш да ја вратиш раката а не да фаќаш некој за рака што знае аикидо, зашто веќе знаеш дека ако го направиш тој будалест потег ќе ти ја свитка раката и готово. Или пак, неможеш ти да се бориш со некој во нешто во што е тој подобар од тебе. Нема јас да се тепам долу на земја кога мојата игра е горе. Туку, ќе го користиш тоа во што си ти најдобар и така ќе гледаш да го победиш противникот.

    Знам за каратето дека е така, дури они мислам не се удираат така сериозно на натпревари што се вика само ќе го допре противникот, и со тоа добива поен. Ама, ако веќе дојде до вистинска борба надвор, тогаш тие удари ќе бидат многу посилни и побрзи а со тоа и поефективни. Ама, ако веќе каратистите се така тренирани да не удираат многу јако, мислам дека во вистинска борба нема да бидат навикнати да постапат така, да удрат со сета сила.. :?:

    А тоа дека помага за самодовербата, си ептен во право, јас откако тренирам бокс сум многу самоуверена, не во смисла еј знаеш јас тренирам бокс па многу сум јака и затоа да се прчам нешто, океј де сум имала и такви моменти ама повеќето биле на шала.. :lol: Повеќе ми е дека со тоа што тренирам знам и дека изгледам подобро, телото ми се оформува и секако, сум многу поздрава. Вежбањето ме прави среќна, а со тоа и самоуверена. Освен тоа, најважната работа, ако некогаш ми притреба да знам да се одбранам.

    Туку, сакав јас да те замолам ако знаеш да ми кажеш нешто повеќе за џудото, и дали има некои клубови во Скопје. Нема сигурно сега да одам ама сепак ме интересира. Пиши ми само по ЛП, да не полниме оф-топици овде. :)
     
  2. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Братучед ми оди на карате и тоа што него го гледав мене ми се допадна но и братучедка ми оди на аикидо и тоа што таа ми го покажа ми се допадна. Сега не знам што да правам. Мене карате и аикидо ми се некако повеќе за машки. Ми е страв некој да не ми се смее. :(
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мене ни едното ни другото не ми лежат и јас си почнав со кинеска мека вештина ама таа сеуште нема каде ја тренираш кај нас. Така да би ти рекол да идеш еден месец на карате и еден месец на аикидо па да си одлучиш на што ќе продужиш.

    Но во право си и двете не се баш вештини за женско ама па друг избор и немаш. Инаку нема никој да ти се смее, тоа со гаранција :).
     
  4. RoseMarie

    RoseMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    18
    Јас одам на аикидо и не ми е срам да признаам .тоа е потполно обратно ,никој не ти се смее него несака ни да создава проблеми со тебе (како да се плашат) :^) .Повеќе ми се допаѓа аикидо бидејки таму се е со лицност со тебе а не како во карате има и со замислена личност.
    Аикидо е за релаксирање како што кажа една феминка појдуваш нервозен а се враќаш смирен.
    Целата енергија ја потрошиш таму.
    Иако девојчинњата се повеќе за балет,лизгање и така јас за разлика обожавам да тепам машки. :) :rofl:
    Бидете свои и изберете тоа што срцето сака :!: .Верувајте ми нема да погрешите ;)

    Позз и да кажете дали сте се запишале на аикидо :hai: :*
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Испуштив да ти кажам претходно, било која борбена вештина е 200 пати подобра од никоја, така да одбери една од овие која ти се свиѓа и уживај во тренингот :).

    Никој нема да ти се смее туку баш напротив, ќе ти порасне самодовербата и плус ќе ти користи за здравје ако тренираш и се храниш правилно :).

    Почни и пиши како ти оди :).
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Абе шо зборите кога аикидото нема конкуренција?! :^) (не се лутете, ама ств нема)

    Ке фатиш некој и лом ќе го направиш, после ќе биде на земја и ке те моли да го пуштиш. Фино-лепо котеагејши и ај да ве видам. Од лично искуство зборувам. Имав страшен проблем со манијаци од мојата генерација, а прво бев одлучена да не го користам аикидото вон тренинг. Ама толку од таа работа, малце карате, малце аикидо, и нема живо дете што би ми се приближило ;) Имам шинато рака на еден, а на друг ќе му го скршев коленото, ама жал ме фати, во 4то ми беше симпатија.. :D
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    На 14 секако нема, посебно со машки од твој клас кој не тренираат и се со нежна конституција :D. Да видам некој покрупен од тебе што се има тепано да го фатиш на котегаеши и да ми се јавиш :D.

    Инаку супер дека тренираш за девојчиња и девојки е одлична вештина :).
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Одам на аикидо и супер ми е.
    Зошто да одиш на аикидо?

    - Тоа е исто како спорт. Ти се подобрува здравјето и се затегнуваш.
    - Многу одмара и секоја непотребна енергија таму ја исфрлаш.
    - Запознаваш нови пријатели.
    - Се чуствуваш многу по слободна после вежбањето/тренирање.
    - На Аикидо највеќе се учи за концентрација.
    - Учиш како да се одбраниш.

    Така да све на све животот станува по интересен. ;)

    Е оваа задното баш го за*бав
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    ^ Па и СПОРТ е. Ти викаш како спорт е. :D Инаку немам ништо против аикидото, јас веќе неколку страни уназад само него и го бранам ама морам да НЕ се согласам околу некои твои точки што си ги набројала. :) Ти го подобрува здравјето да, тоа сигурно, впрочем секој спорт придонесува за подобро здравје е сега дека те затегнува и не верувам, тоа повеќе од пилатес, фитнес, аеробик можеш да се затегнеш.. Мене па воопшто не ме одмара зашто кога ќе ми ги свиткаат рацете, умирам од болка и не ми е баш одмарање тоа :rofl: а на аикидо никако не би можела да си ја исфрлам негативната енергија зашто некако пасивен ми е спортов, немаш напади како на пример во бокс, кик бокс, карате па да маваш со сета сила.. Океј, сега освен делот со виткањето раце, нозе ама тоа па ако претерам можам на некој нешто да му скршам, истегнам така да не е на арно. :D Послободна.. хм, па што знам. Јас после аикидо тренинг не би била доволно истрошена и негативната енергија сеуште би била во мене зашто нема да можам да ја исфрлам на тренинг заради горенаведените причини. За концентрацијата се согласувам, и за одбраната исто ама јас сепак преферирам спортови со нанесување удари на противникот. И да те прашам нешто, вие имате одбрани во аикидо зашто баш за тоа не сум се интересирала многу. На пример те напаѓа противникот, ти витка рака, нога и ти стоиш така безпомошен или имате ескиважи или нешто да го избегнете тоа?
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    За најбитното не си се интересирала, срамота :D.

    Ако те нападне боксерски, брзо и правилно или ќе ескивираш или ќе те удри, да му фатиш рака нема шанси.
    .
    Да те нападне со аикидо и да ти свитка рака ако му држиш правилно растојание и си трениран исто нема шанси.

    Туку да не ви се мешам во женски муабет, ќе ве читам од дистанца побезбедно ми е :D.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Има полно техники од кои има да се тргнеш од линија на напад. А и ако одиш повеќе време, имаш претчуство дека некој сака да те удри. ДЕнеска што ме изнервира еден мој другар што оди исто со мене на аикидо и пред сите ме фати онаа ..ќе ме ,,гуши,, тоа така ме фати и се прави важен ми се идеше да го уапам и цел живот да му остане модица, но велев ајде другарите ќе му се смејат.

    Уфф , Алегриа имаш мозок ко на коза. :tmi: :@
     
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас тренирав карате до пред некоја година, после ме фати пуста мрза :yawn:
    Битно основите за самоодбрана ги имам :)
     
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јас одев на карете али вјке не немам време па кај секој различно....на мене не ми даде некои посебни ефекти освен што знам да се тепам :rofl: :rofl: :rofl: некој сега ен смее да ме чепне :D :D :D :D
     
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Јас тренирам карате (и кошарка). Бел појас сум. Во декември ке полагам за жолт.
    П.С Мислам дека темата е за „Спорт“.
     
  15. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Јас одам на Аикидо и можам да кажам дека е многу подобро од карате.
    На Аикидо не си стегнат како на Карате, туку ја собираш енергијата од небото и земјата (како што би кажал сенсеј) :lol:
    Аикидото е за опуштање, а не за да знаеш да се тепаш... Каратето многу крвнички ми звучи.
    За мене многу подобро е да се тренира Аикидо отколку Карате. ;)
    Моите тренинзи не се фиксирани само во сала, одиме во други градови и држави како Бугарија. :)
    Ако сакате линк од моите сенсеи пишете во ЛП, има тренинзи во Радишани и Центар до паркот кај Томче Софка. :)
     
  16. Karategirl99

    Karategirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Јас тренирам карате веке 2 години.Уште од првиот тренинг се заљубив во тој спорт.За 1 година полагав за 4 појаси.Не беше лесно но положив и бев најдобра на полагање. :D Навистина сум задоволна од овој спорт,досега не сум била на турнири,но оваа година планирам да одам. :)
    Имам многу добар тренер,тој бил европски шампион,затоа сега во нашиот клуб имаме и една балканска шампионка од 14 години!!!!
    Јас навистина се надевам дека еден ден ке станам како неа.
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Јас одам на Аикидо и некој само да ме допре, ќе го Аикидисам!!! :rofl:
    Тренерите се ученици на учениците на главниот сенсеј на Аикидото, т.е основачот.
    Не се брзаме многу со појасите зошто ако се брзаме може лесно да се заборави од славата.
    И кажуваат дека не треба да ги прифаќаме појасите како за пофалби, треба да се прифатат како одговорност, должност, за да ги учиме помалите од нас, но и да ги сослушаме дека можеби и тие знаат нешто што ние не знаеме.
    Ако сакате да се запишете можете во секое време да ми пишете по ЛП и ќе ви го кажам нивниот сајт за информации.
    Одиме и на семинари како во Охрид, Дојран па дури и Бугарија.
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Или не тренираш аикидо, или не ти го кажале ова...
    Значи нема врска за покрупен или поситен, ако ја собереш енергијата од земјата и небото можеш.
    Јас сега тренирам за жолт појас и се разбира сенсејот погрубо ги прави техниките. А, и тој што е покрупен од мене можам Ирими наге лесно да му направам ако ја префрлам силата во харата т.е центарот на телото.
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Зш бе крвнички ти звучи?
     
  20. IrinaMorgen

    IrinaMorgen Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    jas idam na karate interesniot del mi se natprevarite i ne mora da bidesh stegnat zavisi od shto na primer na borba mora da si opushten a na kati stegnat

    [mod-kirilica:2qqs6rss][/mod-kirilica:2qqs6rss]
     
    На Karategirl99 му/ѝ се допаѓа ова.