Еве една тема која гласи дали сте кавгаџии т.е дали често се карате дома со домашните. И дали сте вие тие што се повлекуваат или одите до крај да ја истерате.
Па не обожавам да се карам, ама кога ме вадат од такт, ја терам до крај. Повишувам тон (до одредена мерка) и додека не се рабереме не ја завршувам дискусијата. Мразам да останам недоискажана.
Дали се случило при расправија со вашите родители да добиете шамар? Сега не зборувам за периодот кога сте биле деца туку еве да земене некаде од 15 години па нагоре, и што мислите доколку се случи тоа како ќе реагирате.
Па сум кавгаџика...Особено кога сум во право...Не попуштам додека не сфатат дека јас сум таа која е во право...
Дома со мајка ми нон стоп се караме за ситници оти не си суредила оти не си исчистила и секогаш јас прва си почутувам едноставно немам жифци да се карам
Па ретко се карам, само затоа што знам дека сум во право, иако после жалам што сум се ,,дерела'' толку
Не сум кавгаџика и секогаш премолчувам работи, трпам и собирам во себе, се додека не ми прелие чашата.
Не сум кавгаџија. Се карам кога границата е веќе премината. Колку што можам се воздржувам, но кога ќе пукне лошо е.