Спојлер CTG, ang. Cardiotocography, е технички термин за начинот на регистрирање (снимање) на отчукувањата на феталното срце и контракциите на матката. Обично се започнува со ЦТГ прегледи по 37 недела од бременоста кај нормалните бремености, кај пренесените бремености, а по индикација и порано. Пред чинот на раѓањето, кога бремените жени се примени во родилиште, од нивниот прием па сè до породувањето,трудницата е постојано приклучена на ЦТГ апаратот. На тој начин се прати состојбата на бебето и контракциите на матката, и по потреба се преземаат одредени активности за подобрување на состојбата на фетусот ако истиот е загрозен или итно оперативно се завршува раѓањето. CTG-уред се состои од две сонди (еден за снимање на срцето на бебето, втората за снимање на контракции), посебно форматирана CTG-хартија на која се запишуваат сигналите од сондите во форма на криви линии. Сондите се поставени на стомакот на мајката, претходно намачкани со гел за подобар контакт помеѓу сондата и кожата. Онаму каде што ќе се најде местото на абдоменот на мајката каде што најјасно се слуша чукањето на срцето на бебето, сондата се фиксира со еластичен појас. На CTG-записот се анализираат повеќе компоненти и толкувањето на сите нив заедно дава информација за состојбата на фетусот. Горната крива регистри срцевата фетална акција, и долната крива дава информации за утерината активност (контракции на матката). Кога вие првпат бевте на CTG? Мене матичниот ми даде упат за CTG, но нагласи дека поради штрајковите не примале на ГАК. Со оглед на тоа што сум 36 недела и 3 дена сакам да одам на CTG, дали некој знае каква е ситуацијата на ГАК, дали примаат или да барам приватни клиники кои прават CTG?
neznam kakva e situacijata sega na GAK ali jas pocnav da odam na CTG vo39 nedela togas prvpat i mi rekoa da odam posle 4-5 dena ako ima nesto i porano posto navlegov vo 41,3 odev sekoj den posle terminot i najubavo e vtora smena da odis posto nema mn.guzva jas barem taka odev letoska
Маја, моја другарка се породи вчера на клиника, а претходно си идеше најнормално на ЦТГ, ако штрајкуваат докториве, сепак има по некој таму. А плус ако идеш поручек уште поубаво. Они штрајкуваат од 13 саат. По приватниве е сигурно огин и пламен.
Кога вие првпат бевте на CTG? Мене матичниот ми даде упат за CTG, но нагласи дека поради штрајковите не примале на ГАК. Со оглед на тоа што сум 36 недела и 3 дена сакам да одам на CTG, дали некој знае каква е ситуацијата на ГАК, дали примаат или да барам приватни клиники кои прават CTG? da i ti treba da zames upat od maticen i se naplaka 150 denari eho i ctg ednas plakas i si ja cuvas beleskata ti vazi cel mesec gledaj da fatis pocetok na dekemvri i za upat i za plakanje
Мене цтг ми направија уште во 29 недела но добро тоа беше вонреден случај. Завчера бев на контрола на ГАК и повторно ми направија но срека се погоди мојата докторка па некако средивме. Самата таа ми рече трудниците само ако имаат болки ги ставаме на цтг во спротивно ке се почека дека штрајкот е сеуште во функција. А се знае какво лудило е на гак а сега кога бев имаше само 3 пациентки во чекалната.
Мене прв пат ми направија 37 недела и 2 дена кога бев , тогаш ме држеа на апаратов 2 часа , нешто чудно им се виде , изгледа сум имала некоја контракција што не сум ја чувствувала па ме прашуваа да не сум кашлала , да не сум сакала да потстанам од креветот итн тоа беше 24 март и по 2 дена ќерка ми не изненади
Девојки кога те ставаат на ЦТГ треба цело време да се лежи на грб? мене од 5 минути лежење на грб ме боли кичмата и тоа ептен многу и неможам после да станам од кревет. колку време трае прегледот? дали може да се стави нешто под кичмата,перниче на пример,додека трае прегледот?
pa na ctg lezos edno 10-15 min. zavisi od bebeto ako spie poveke ke treba kasni nesto blago edno saat vreme pred da ides na ctg a moze i vo sedecka polozba kazii ina sestrata deka nemozes da lezis i taka
Уште нешто ме интересира, кога се оди на ЦТГ во ГАК гледаат и на ехо или само со тоа каишите мерат контракции и срцева акција?
da so upat od maticen ti vazi cel mesec do kraj na 31.12 i plakas eednas 150 denari i si ja cuvas beleskata najubavo ti e da ides popladne jas togas idev i nemase mn.guzva a sabajle e katanga i kasni nesto blago eden saat pred da odis da se razbudi bebeto posto moeto spiese i mi go tresea stomakot pa aj svrtise levo ili desno znaes da go mrdnes bebeto pa zatoa blakce kasni ali so ova strajkov neznam kako e sega so lesno neka tie i pisi kako si prosla
Фала многу за советите со штрајков сигурно нема да ми сварат кафенце треба да одам кај матичниот да се договориме што како, само да не треба во чаир да одам ич несакам таму
јас сум скоро 35 недела и баш сега треба да почнам со цтг, треба да отидам кај матичниот наредната недела да ме види на ехо и да ми земе брисеви ( само незнам кај да ги однесам,во пролеце амбулантата работат брисеви?) и ќе го прашам кога да почнам со цтг. ми е страв дека нема да ме примат во гак пошто штрајкуваат а во чаир несакам оти таму отидов два пати на почеток на бременоста ( со препорака од матичниов ) и двапати ми ја погрешија дијагнозата ,сакаа да ми прават киретажа од тогаш си реков во чаир ни под разно! ако треба дома ќе се пораѓам
CTG se pravi od 36 ta nedela, se odi ednas nedelno.. do 40 posle 40 sekoj den. jas pocnav od 39 odev 1 i poslem 10 dena odev sekoj den..