Otidov so ogromni bolki otkako prethodno me vratija. Me stavija na ctg. Edvaj izdrzav. Ctg nisto ne pokazuva. Momentalno mi puka zamaten vodenjak. Do boks dodeka da otidam dete mi izleta megju noze.
Јас не знам зошто толку често ми закажа цтг..од крај на 35та почнав со цтг, два пати неделно..а немам индикации за толку чести цтг, ни болки, ни контракции...ама ајде..како ќе кажат, така ќе правиме
Јас се породив 42 недела последен ден со провокации и кај мене ништо не покажува а јас огромни болки завршив како хитен случај на гак и се породив по 15 минути откако стасавме арно не се роди во комбето по пат..
Здраво жени. Јас сум 38ма недела, денес бев на ЦТГ и отчукувањата на бебето беа од 120 до 130 (најчесто). Докотор рече се е во ред,бебето спиело тој период. А јас малце бев каснала едно мало чоколадо, па ме фаќа страв да нема некој проблем. Да нема некоја со слично искуство?
И на мене кај матичниот во 38 недела ми покажа послабо отчукување,бебето по неактивно,матичнит ми кажа бебето ти е поспано,ќе одиш во болница таму да ти направат цтг. Отидов по 3 часа,се си беше во ред,бебето активно. Немај гајле,сигурно се си е во ред
Контракции нема, за срцевата реакција на бебето доктор мора да ти каже, најдобро они знаат. Вака по искуство мое е океј, било прво на почетокот будно и доста активно, а после се смирило, може и дремнало
@monik55 денес сум на ЦТГ на ГАК , матичниот ми закажа кај д-р Лазарова по моја желба иако ми рекоа дека она не гледала вакви големи бремености. Ти како помина на цтг кај неа, да не те прегледуваше и вагинално со рака, има ли шанси да ме врати? Ако сум отворена или нешто слично или имам контракции може ли да ме задржи?
Она само ке те прегледа и ќе те прати на цтг после ќе го прочита. Вагинално мене ме прегледаа дента кога ме примија за раѓање. Јас кај неа 8 месеци поминав одлично се додека денот за пораѓај ме пушти низ вода уствари ме остави со болки и пукнат водењак да чекам до утре дента.
За првото ЦТГ во 37гн треба, за следните не. Или ако одите на дежурен лекар исто нема потреба од упат.
Првите три ги правев кај матичен но се плаќа. Од утре сум пред термин па веројатно ќе ме пуштат без упат.
Девојки утре имам закажано во Чаир, прв пат кај Др Младен.. Со ивф сме, благо зголемена плодова вода, бебе понапредни две недели и пред две недели имав мал розев исцедок, грлото на матката е омекнато..инаку сме 35+4..само преглед е, ехо или и цтг ? Некое искуство, фала...
Правата линија најдоле се контракциите или само откуцаите горе се мерени? Др ми спомна само дека срцева реакција е супер,па ме интересира дали се тоа доле контракции или не.
Немаш контракции затоа е права Јас до сега вакво цтг не сум имала, на последното цтг покажуваше контракции нешто над 60 и тоа во исти интервали, а јас ни б од болки.. (може безболно ќе се породам )