вистински болки нема , и тие доле идат до 40 слаби бракстон хикс , тоновите на бебче му се супер околу 150 .... рано е уживај прикачив во труднички ЦТГ , еве и тука ќе го ставам... вистински болки како планини треба да бидат со широки врвови , лажните се со остри врвови па макар и до 100 ка да идат .... гледајте ја долната линија
тоновите тоест отчукувањата на срцето на бебето се горната линија која нормално би требало да се движи од 130 до 160 , ако е под 130 бебето е малку успано или мајката не е јадена , па може да ве вратат после 2 часа на уште едно ЦТГ .....
Ве молам дали ова покажува болки..? И како се тоновите на бебето.. јас на одредени периоди цел ден имам ужасни болки кои траат по неколку секунди кои се доле во стомакот и се шират надолу целосно, сега на дежурен само ми викаат дека припремни болки биле немало ништо, бебето уште било горе..инаку сум 39+6
Може мала помош кој знае да прочита? Дали се лажни контракции или се ближи пороѓајот некако докторката ми објасна како без врска ништо не разбрав
Имаш една контракција што личи на правилните, после втората половина на ливчето е, на долната крива, до 60 оди (горната е срцето на бебето) . Така отприлика изгледаат вистинските контракции, само до 100 одат. А кога ќе се породиш никој не може да погоди, нем правила..
Според она на мене што ми го објаснуваа, ова е добро цтг. Нема вистински контракции ама се спрема телото. И бебето добро реагира на контракциите. Кога ке се породиш не се знае. Чепот ти падна ли? Која недела си? Те прегледаа ли со рака дали си отворена и грлото омекнато ли е?
40 недела и на секои 7 минути имам болки и така веќе два дена за никаде сум не ми е паднат чепот вчера имав вагинален преглед омекнато било грлото ама не сум отворена,ми е чудно болки страшни имам веќе два дена