Фала ти многу мила. Се надевам дека и јас ќе бидам задоволна од Докторот. Уште не сум свесна дека утре одам на раѓање, тремата и паника сигурно ќе ме фатат по пат натаму. Дај Боже се' да биде добро. Го прашав Докторот што треба за таму да носам, ми рече само лична хигиена. Ти дали носеше нешто плус ? Ако сакаш тука пиши ми или пак во Лп. Ти благодарам.
Здраво женски, 38+3 сум. Денеска на ЦТГ покажа мали контракции. Должината на грлото на матката ми е ок.. исто и на ехо немаше некој знак. Сега ми закажаа за 3 дена. Ја осеќам дека имам чести стегања на стомакот и ретко послаби менструални болки. Дали некој има искуство со почеток на контракции и време до пораѓај? Испраќам и слика од ЦТГ.
Имаш контракции минимални припремни ама не се оние вистинските плус и не се на редовен интервал само бебка многу ти била успана за време на цтгто.
moze nekoj dami go procita. Dok nemi kaza nisto samo mi rece za 2 dena pak na ctg i deka sum 2 prsti otvorena no isto bev i minatata nedela inace utre mie termin
Здраво треба да идам првпат на цтг во чаир дали може да ми кажете фали треба упат? Прееска се јавив на информации тој ми кажа не треба само на шалтер ќе се пријавиш, а мојот доктор вика дека треба упат за првиот пат незнам да не отидам така па да ме вратат да се шетам само?
Дечки, некој да се разбира во цтг? Бев пред 2 недели на ГАК во 36та недела, рекоа супер е све, ама тек следнава недела ќе одам пак, значи ќе пројдат 3 недели.
Што значи ова доле Feed Speed:1cm/min? Сакав да прашам меѓутоа докторката беше некултурна не ни погледна само добро и толку.
Здраво девојки, досега не сум правела цтг. Бев последно на преглед 33+6 докторот ми рече следно за 2 недели тоа би било 35+6. Дали е касно за прво цтг на 35+6? Прворотка сум, се надевам не ми замерувате на вакви прашања. Поздрав ❤️