Еве јас бев вчера во ГАК и веднаш ме примија, ама бев околу 18 часот, немаше гужва, и си работеа нормално. На ЦТГ апаратот бев околу 10-15 минути и со резултатите се оди кај доктор на ехо, ја видовме бебушка во ред е и уште абер нема од излегување. Мислам дека 35 недела е уште рано за ЦТГ доколку имате нормална бременост, 37-38 недела може да се почне, мене и сега ме праша зошто толку рано ме пратиле на ЦТГ, а јас самата си побарав упат од матичниот, барем мирна сум видов дека се е во ред, добро е што истовремено и на ехо гледаат.
кај мене не се совпаѓаат неделите со големината на плодот. покасно настапила овулацијата така да според циклусот треба да сум 37ма ама докторов ми рече да се раководиме според големината на бебето и сум 35,цело време на ехо е 2 недели помалечко. затоа сега сме во недоумица кога да одам на цтг фала за информацијата дека работат на гак,ми олесна
денес јас бев на преглед кај матичната и освен со ехо, ме стави и на цтг,и ми кажа дека се е ок е сега наредно ми рече дека на цтг ке ме ставеле пред да се породам кога ке отидам на болница
Мене денес за прв пат ме ставија на цтг, околу 40 минути лежев, сестрата излезе и му рече на мм за 40тина мин.да ја викне да ме исклучи од апаратот, арно ама само што почна да запишува цтг-то на ливчето нели тоа шо си се откуцува и мене бебчо не престана да ми мрда, како да знаеше дека го снимаат и немаше мира, ептен активно беше и после кога заврши , го гледаше една докторка затоа што мојот доктор беше отсутен денес и ме прашува дали сум мрдала за време на цтг-то и и велам јас не, ама бебето мрдаше постојано и некако ми направи една фаца никаква,го гледа,не зборува ништо и ми го дава ливчето и ми вели ок, нека го види и твојот доктор па он знае најдобро Потоа одам во канцеларија кај еден колега од мојот др.и ми вика добро е, за 1 недела пак на контрола. Не ми беше јасно зошто едната докторка ми вели вака , а оној така, што воопшто значи ако мрда бебето или јас? Погрешни резултати ќе се запишат? Или што? Навистина не ми е јасно и не ми ни објаснија
не се секирај изгледа и таа што го гледала резултатот толку се разбира ,јас кога одев на цтг керка ми мрдаше без престан само што ке ми ги ставеа тие каишите јадното не престануваше да клоца мислам цела се превртуваше тоа е нормално и срценцето им се забрзува од толку клоцање ,го чувствуваат притисокот од каишот ,поздрав
Па и јас така мислам, нормално е да мрда, а загрижувачко е да не мрда и на таа докторката толку чудно и падна што мрдало бебето, мислам стварно А кога мрда се поместуваат каишите и срцето како да се губи не се слуша толку јако како на почеток кога го стават каишот директно на местото каде што му е срценцето и мислам дека и тоа е нормално ама сепак ќе видам во понеделник оној мојот др.што ќе каже.
Нормално е да мрда и треба да мрда..затоа и препорачуваат благо да се јаде пред ЦТГ...Мене не ми мрдаше првиот пат и ми реко не чини ЦТГ, дека не мрдало(бар така сватив)..јас мртва гладна отидов и најверојатно ради тоа...За 2 дена беше ок...
да ви кажам за тие шо се од битола... ве носат во една соба, мислам дека таа му е само за снимање за на тв, ептем средена, а жени таму немаше и ке ви до стават на мешко тоа незнам како се вика за да ги бележи тоновите, и ке мора сами да до држите пола сат со рака, а после тоа раката нема да ја чувстувате никакви каиши, лепенки и слично нема...
Љубичица сигурно ова е в болница. А кај матичните доктори во приватните ординации нема? Тешко нас со таква опрема, а го фалат гинеколошкото одделение реновирано било
да реновирано е само за на тв, а таму опремата е хаос... пишав вчера дека цтг им беше расипано а тие сите доктори се собраа не му чукало срцето на бебето а мораш на болница да одиш на цтг, заради тоа што те гледааат и на ехо,и дали си отворена... кај матичната јас бев само еднаш на цтг п.с немаа хартија за цтг, зато шо била многу скапа, а исто немаа хартија ни за да те избришат од гелот што го ставаат на мешко за да те гледа со ехо...
морам и ова да кажам битола на болница со еден упат можиш да одиш само 3 пати на цгт, и се плака 150 ден, а не важи цел месец како скопје... како да сме во различни држави
Женски од која недела ке почнете со цтг ? што ви рекоа матичните ? мислам на мешињава со априлски термин ?
Src mene mi rece ako pocuvstvuvam promeni ( poslabo mrda bebeto) da odam ke mi dala upat,a ako e se vo red koga ke mi projde terminot Ama imam doktorka tamu vo drzavna I sakam da odam krajov na nedelava da me dzirne do kaj sum,ke I se javam denovive
Мане ми рече кога ќе влезам во 9ти ќе почнам со ЦТГ а колку често било зависно од бебето. 250ден едно ЦТГ абе опасни се
Forko а каде одиш мила?Во државна? Јас ич не се сеќавам дали платив нешто за цтг минатиот пат , а сега уште не сум била
Не кај матичниот кај Коруновски во МВР.Можело и во државна ама не сакам кај имам уплав што ќе се порашам таму уште таму цтг ми фали