Бебе вознемирено или возбудено, ама се спрема да излезе... 3 пати на цтг во 3 недели и 3 пати лудува... Утре сум пак, да видат дали е нешто поради папочната врвка (ја има стиснато со рамо и главче).. многу сум загрижена
Па папочната е кај главче и рамо (најверојатно потисната), незнам како каже докторот така. Утре сабајле пак на цтг сум...
Јас кога се пораѓав со второто на цтг имав такихардично бебе. Почнаа да се договараат за царски,но во меѓувреме ми ставија некоја инекција за смирување на бебето и се смири,па поминав природно.
Кај мене 3 пати па по ред е вака. Гладна, јадена, исто беше... Ама на ехо убаво се виде, папочната е стисната доле некако... а она е спуштена скроз доле со се рамења во карлица. На абдоминално ехо не се и гледаше главчето Па сум на цтг сабајлево, па ќе видиме...
Зошто велиш вака? Само поради претходниот ли царски? Се извинувам јас што се убацувам вака, ама собирам информации и искуства. Првиот царски ми е пред 2,8г породена во Мк, сега сум странство и последно Докторка ме убедуваше да одиме природно. Сега незнам наникаде сум и незнам што да одлучам иако може срцето ми вели повеќе за царски пак да бидам.
Јас немам искуство со царски. Но членката еднаш има завршено на итен царски. Сега бебето и е тахикардично. Сепак докторите ќе одлучат.
Два пати ме ставија денес на цтг, вториот пат беше добро цтгто. Петок сум пак на контрола. Докторот е секако со став за царски, би го послушала како каже така.. Рече да одмарам повеќе, да не се наведнувам ич. Бебе е многу спуштено доле, па со секое мое наведнување папочната што е кај главче и рамо се притиска..
Денес правев цтг и супер ми рекоа дека е, за една недела пак да одам, мислев почесто се оди. Дали тоа значи дека оваа недела сум раат нема да добијам болки или не се знае ништо во секој момент може да пукне водењакот на пример?
Ништо не се знае. Почесто се оди ако имаш некој проблем, ако е се добро, се оди еднаш неделно. Со првата бременост прво цтг ми беше на пораѓај
Ништо не ти е сигурно, пример мене цтг ми беше мирно сабајле правено. Попладне ми пукна водењакот и се породив.
Здраво, денес бев на прво цтг 33+6 матичната ми е отсутна и бев првпат кај замената. Ми направи два пати цтг од првото не беше нешто задоволна и после јадев благо и ми рече дека е ок. Јас не гледам некоја разлика. Дали можи мислење.
Zdravo. Nekoj sto bil skoro na ctg pregled vo Sistina 36ta nedela. Kako se odviva pregledot? Dali pravat samo ctg, ili zemaat i drugi merki, krvna slika ili slicno?