Мамички дали знаете до колку работат во Државна за ЦТГ. Имам приоритетен упат за на ГАК ама нр знам до колку работат, а би сакала покасно да одам попладне
Па со приоритетен би требало да е 24/7. Имаат цтг во итната амбуланта. Но со упатот а без болки, можеби ќе ти кажат и само додека се редовните, некаде до кај 15ч можеби. Не сум сигурна.
Како да имам прочитано низ форумов дека работат попладне затоа прашав немам точна информација да не биде џабе одење. Како и да е фала ти на одговорот
Цтг е само преглед со каиши, ама кај мене на пр. бидејќи покажа јаки контракции следеше и преглед со рака колку сум отворена
Девојки би сакала да ве прашам во врска цтг, јас сум веќе 36+5 и имам закажано за две недели цтг. Дали е тоа многу касно, и што би се случило ако пред тоа почнам да се пораѓам? Истотака најмногу страв ме фаќа за тој вагинален преглед кога проверуваат дали си отворена Кога и како се прави тој преглед? Дали кога кје правам цтг да очекувам таков преглед или тоа се прави денот кога те примаат за пораѓање? Помагајте
Мaлку е кaснo, нo немoрa дa знaчи. Акo пoчнaт пoрoдилни бoлки пред зaкaжaнoтo тoгaш пaк ќе ти нaпрaвaт цтг. Зa вaгинaлниoт преглед мaлку изгледa језивкo и неугoднo бидејќи се прoверувa сo рaкa дaли си oтвoренa a се прaви кoгa ќе прaвиш цтг aкo се регистрирaaт кoнтрaкции нa истoтo. Вaгинaлен преглед се прaви истo тaкa aкo гo пoминеш терминoт зa дa се испрoвoцирa пoрoдувaње a и кoгa ќе те примaт зa рaѓaње. Знaчи дa oчекувaш вaгинaлен преглед кoгa ќе oдиш нa цтг. Сo леснo.
Мешиња прво ЦТГ и одма паники. Чукањето на срценцето неколку пати беше повисоко, дури и апаратот свиреше и кај контракции како што разбрав се појавувале некои болки. Прво докторот ми рече ќе правиме на неколку дена, ама откако ги виде резултатите ми рече утре пак. Сега да одмарам до утре. А ние гости чекаме, нема одмарање. Искуство, совет?
А да не беше вознемирена? Мене така ми беше пред две недели кога ме задржаа во болница 34 недела бев. Бебо откуцаи 180-200 а сега супер ама сум многу посмирена зошто еве за некој ден 37. И зошто често ми правеа цтг приметив кога сум вознемирена јас и оно е, а и кога сум физички уморна исто почнува со многу откуцаи па постепено да се смирува. Пробај да бидеш смирена и одморена може нема врска муабетов ама ете јас мислам кај мене беше така. Која недела си,? Инаку сведов кафе и чоколадо на минимум да не се вознемирува од тоа.
@Chantal 35та недела сум. Инаку бев возбудена па можеби тоа има врска. Ќе одмарам за утре па ќе видиме. Мене ме исплашија и отчукувањата на бебето, што би требало тоа да значи уствари? И кај контракции гледам и до 75 отишло еднаш
Незнам мене никој ништо не ми кажа ме задржаа заради контракции, кој јас не ги осекав само бебе беше вознемирено. Јас имав крв малце затоа бев вознемирена и полошо си направив. Сега сум смирена ама зошто морувам заради скратен цервикс кога ќе стигнам таму ако одма ме стават на цтг знае од што сум уморна да почне со високи откуцаи што се намалуваат за 5 мин. Иначе за контракции ако не се константни не е страшно гледаат целосно дали се чести и. Дали се повторуваат.
Здраво девојки Може ли помош? Бев на Цтг, и ништо немаше не покажува ни контракции ни ништо и ме викнаа следната недела, а веќе сум 38+4. Но, на листот што ми го пиша докторот покрај тоа што пишува цтг реактивно, пишува OPV намалена?? Дури кога дојдов дома го приметив тоа. Докторот кажа се е во ред кога бев на контрола, ама тоа OPV ми боде очи Знаете ли што значи?? Ви благодарам
Подовата вода ти е намалена и треба да се следи на неколку дена, јас на 2 дена правев цтг, знае многу брзо да се намали, од петок поручелк до понеделник утрото останав без капка вода, не ми е намера да те плашам само да не чекаш една недела за ново цтг и ехо.