1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Карлос Руиз Зафон

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од WhiteAngel, 4 февруари 2012.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Карлос Руиз Зафон, шпански автор, е роден во Бареселона во 1964 година. Кариерата ја почнал пишувајќи книги за млади и за таа работа добил многу награди и признанија. Од 1994 до 2006 година живеел во Лос Анџелес и, паралелно со пишување на книги, пишувал и сценарија во Холивуд. Од 2006 пак живее во Барселона.
    Својата кариера ја започнал со Принцот на маглата за кој ја добил наградата Edebe за најдобар младинско-возрасен роман. Следната година го објавува вториот роман, Полноќна палата, а веднаш по него, во 1995, и третиот младинско-возрасен роман, Септемвриски светлини. Овие три негови романи спаѓаат во Трилогија на маглата, независни приказни обединети во серијал од три книги кои се поврзани со мотивите море, светлина и темнина, сеништа и тајни. Четири години по објавувањето на третиот роман, го објавува четвртиот и (засега) последен младинско-возрасен роман, Марина во 1999 година, роман за кој самиот вели дека „од сите книги кои ги објавив откако се обидов, во 1992 година, во чудната професија романописец, Марина ми е една од најомилените.“ Тоа е можеби затоа што додека го пишувал истиот во периодот од 1996 до 1997 година, засекогаш се збогувал и оставил некој дел од него засекогаш заробен во книгата, како што вели самиот тој.
    Својот прв роман за возрасни, Сенка на ветрот, го напишал во 2001 година и наидел на многу меѓународни признанија и пофалби од критичарите ширум светот и стана еден од најчитаните романи во последните неколку години на шпанската е европската книжевност.
    По неколку години, Зафон го објави и вториот роман за возрасни, своевидно продолжение на Сенка на ветрот, Играта на Ангелот, кој исто така доживеа голем успех и го потврди значајното место на Зафон во книжевноста.
    Овие шест негови дела се преведени на македонски јазик во издание на Матица.
    Во ноември 2011, Карлос Руиз Зафон го издаде и третото продолжение кое не води во Гробиштата на заборавените книги, Затвореникот на небото кое се уште не ни е достапно на македонски јазик.

    Имате прочитано некое дело на Зафон? Ви се допаѓа или не?
    Јас ја прочитав Сенка на ветрот, Марина и ја привршувам Играта на Ангелот, а си ја набавиви и Трилогијата на маглата. Воодушевена сум од неговите дела.
     
    На КикиМаус и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    37.833
    Пол:
    Женски
    Зошто јас мислам цело време дека има тема за него :?: Јас коментирав за делата негови некаде ама дали беше баш за некое од делата или за него, не знам, како и да е ќе си кажам пак.
    Карлоз ми е омилен автор.
    Прво ја прочитав Играта на ангелот, значи толку големо дело да го прочитам за толку кратко време не ми се имаше случено.Магично.Прекрасна книга.Потоа ја добив на поклон и Сенка на ветрот ја читав едно по друго двапати затоа што не можев да ја оставам, ги имам препрочитано заедно со Марина по неколку пати.
    Толку добро ги опишува ликовите, толку му се целосни што добиваш впечаток како секој лик да го познаваш лично, како ти да си дел од приказната и да ја доживуваш секоја емоција на ликовите.
    Неговиот стил на пишување често го споредувам со оној на Маркез, долги приказни, многу детали, многу ликови...како и да е прекрасни дела имаат и двајцата автори.
    Јас лично немам зборови за да кажам колку сум воодушевена од н еговите книги...инзвонредни и единствени се.
    Единствено Септемвриски светлини ми остана непрочитана, ама секако планирам да ги набавам сите за домашната библиотека па ќе ја прочитам и неа.
     
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Кога се плашев од тоа да започнам со читање на тешка литература, а љубовните романчиња ми здосадија, посегнав по Зафон. И во ниту еден момент не почуствував како само залудно си го губам времето. Напротив, по само една прочитана книга, ми прирасна за срце. Толку многу што бев решена да ги прочитам сите негови, останати дела. Во 2011година, малку потешко ми беа на дофат неговите романи, но за среќа во локалната библиотека набрзо ги донесоа и останатите дела. Прва книга што ја прочитав, а воедно и моја најдрага, е Марина. Сум прочитала далеку подобри приказни од неа, но во неа има нешто посебно и магично, што не се наоѓа така лесно на друго место. Традиционално, ја препрочитувам секоја година и одново и одново наоѓам детали кои што сум ги пропуштила, цитати кои не сум ги запишала, ја доживувам поразлично секој нов пат. Следуваше триологијата на маглата. Принцот на маглата, Полноќна палата и Септемвриски светлини. Делумно сум разочарана од втората, не знам зошто, приказната не ми е на ниво на Зафон. Затоа пак од триологијата за гробиштата на заборавените книги сум фасцинирана. Must read!

    • Океанот на времето, порано или подоцна, ни ги враќа сеќавањата што сме ги закопале во него. - Марина

      Понекогаш вистинските работи се случуваат само во фантазијата. Се сеќаваме само на тоа што не се случило никогаш. - Марина

      Парите не се важни, освен ако немаш пари. - Марина

      Времето не не прави помудри, туку само поголеми страшливци. - Марина

      Забавата е како опиум: не издига од бедата и болката, иако само за кратко. - Принцот на маглата

      За жалење поради грешките направени во минатото, иднината ни носи повеќе време отколку што е потребно. - Полноќна палата

      Човек не треба да си го губи времето обидувајќи се да го измени светот, доволно тешко е тоа што се обидува да избегне светот да го измени него. - Септемвриски светлини

      Оделото сепак го прави човекот; тоа е тажната вистина на ова несреќно време. - Сенка на ветрот

      Чудно е како ги осудуваме другите, а не забележуваме колку е кутар нашиот презир додека не заминат, додека не ни ги земат. А, ни ги земаат зошто никогаш не биле наши. - Сенка на ветрот

      Има разочарувања, кои му служат на чест на оној, кој ги предизвикува. - Сенка на ветрот

      Тајната вреди толку колку што вредат оние од кои треба да биде чувана. - Сенка на ветрот

      Познато е дека на највискоите степени на кретенизмот недостигот на идеи се надоместува со вишок на идеологија. - Играта на ангелот

      Добриот лажго знае дека најефикасната лага секогаш е вистината од која е изваден клучниот дел. - Заточеник на небото
     
  4. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Зафон е еден од моите омилени писатели, го обожавам неговиот стил на пишување, тој стил на книги најмногу ги сакам. Кој сака мистерија, неочекуван пресврти, моменти исполнети со страв, љубов, тага, болка, а некогаш и горчина и гнев кои ги терат луѓето да прават работи кои некомуне одат во полза, а некој се насладува на сето тоа нека повели слободно, што и да одбере нема да згреши!
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Еден од моите омилени автори :l:
    Ги имам прочитано Принцот на маглата,Марина и Полноќна палата,воодушевена сум.Страниците сами се вртат,романи кои се читаат во еден здив...
    Следни за читање:Сенката на ветрот,Играта на ангелот и Заточеник на небото 8)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    За овој автор?
    Нема тука шо како...само му симнувам капа ето :bow:
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ги имам прочитано сите негови дела , во рекордно време. Ме остави со збогатена фантазија ,некако соживеана со трилогијата Гробиштата на заборавените книги и со желба за уште.
    Апсолутно мој тип на писател ,секоја реченица што ја има напишано како да би ја напишала и јас ,ете до толку се пронајдов во неговиот стил. Суптилна и неверојатно интелигентна смисла за хумор ,особено искажана преку ликот на Фермин ( кој ,кога би постоел во реалниов свет би ми бил најдобар пријател и ,впрочем ,своевиден идол).

    Секоја чест за Зафон ,очекувам само дека ќе продолжи да ни ги збогатува животите со неговите дела!
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. нате633

    нате633 Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум сакала да читам научно фантастични книги, пред некое почнав да читав љубовни романи на интернет. Книгата Марина ми ја подарија за роденден пред 2 недели. Веднаш почнав да ја читам, не можев да издржам да не ја разкажам на мајка ми, знаејки дека само така ке ја уништам во нејзините очи. Едноставно беше единствената книга од се бев фасцинирала толку многу...Описот на преубавите згради, мислите на Оскар, едноствни но сепак мудри поговорки. Марина едноставно неможе да се класифицира во ниедна од категориите на книги не е драма ниту пак целосна научна фантастика има мистерија и помалку љубов. И после 1 недела сеуште сцените ми ги обземаат мислите во главата. Немам зборови да го објаснам чуството во себе ...како да сум заљубена и чуствувам пеперутки во стомакот но кон книгата. Како да ми дозволи да погледнам во нов непознат свет (освен фактот дека се случува во 70 десетите) едноставно кажувам WOW
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Омилен автор ми е :)
    Ги имам прочитано сите книги од него што ги има во библиотеката. Омилена ми е „Сенка на ветрот“, секогаш ќе ми остане под кожа.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Samo sto ja poracav "Senka na vetrot" od Zafon, od Matica, po mislite koi gi imam citano od negovite knigi, cuvstvuvam deka ke imam uste eden omilen pisatel. :)
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.036
    Пол:
    Женски
    Еден од моите омилени автори, вистински мајстор. (y) Романите му се врвни, сите до еден, кога ќе се земе книгата во раце не се испушта, создава желба страниците да се вртат и вртат, да се конзумира на големо. :D
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.269
    Допаѓања:
    37.871
    Пол:
    Женски
    Ми фали уште Лавиринт на духови од Зафон. Дали ја има како цела книга или е во 2 дела само издадена? Ко да ја видов во книжара цела, голема ми се виде, а од Матица сакав да порачам ама само првиот дел го има.
     
  13. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Тука го има вториот дел
    https://kupikniga.mk/product/lavirint-na-duhovit-2/
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.269
    Допаѓања:
    37.871
    Пол:
    Женски
    На jok му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Денес починал Зафон, прочитавте ли? :(
    Ме срози веста, денов ми го уништи, не ми се верува.

    Ќе продолжи да живее низ страниците од најдобриот серијал на сите времиња, „Гробницата на заборавените книги.“ :l:;(
     
    На crimson, LovelyGirl3, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Мене уште не ми се верува. Маестрални дела ни остави.
    Нека почива во мир.
     
    На bella.s и tijanana им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.269
    Допаѓања:
    37.871
    Пол:
    Женски
    Ауу и јас сега прочитав. :( Нека почива во мир.
     
    На Annath и tijanana им се допаѓа ова.
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.918
    Допаѓања:
    49.975
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир;( баш ми е жал.
    Што убави книги имаше, сега нема повеќе од него нови книги;(
     
    На Annath и tijanana им се допаѓа ова.
  19. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир, баш сега прочитав имал колоректален канцер;(
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.420
    Пол:
    Женски
    Пола домашна библиотека ми е од него. Штета голема. Нека му е лесна земјата. Башка млад уште. ;(
     
    На Annath и shz им се допаѓа ова.